Ѓорѓија Пулевски или Ѓорѓи Пулевски (1817, Галичник – 13 февруари 1893, Софија) бил македонски писател на кратки дела, лексикограф, историчар и воен водач.
|
|
Македонски филолог, кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, историчар, етнограф, аналитичар на национално-политичките проблеми, публицист, идеолог за единство на македонскиот народ со интелегенцијата, а воедно и за единство со комитетот, од што произлегла самостојноста на Македонија, собирач и проучувач на македонското народно творештво.
|
|
Етиката што авторите ја создаваат преку своите дела е многу битна во развојот на децата и затоа тие треба да внимаваат за што пишуваат. Но, не можеме да развиваме етика кај децата, ако не издаваме книги - Славка Манева.
....Кој ли само не ја прочитал сказната за девојчето и дванаесетте месеци. Ако сте ја заборавиле ќе ве потсетиме. Девојчето имало лоша маќеа и еднаш таа го испратила ноќе во гората да донесе вода од некој студен кладенец. Девојчето пошло со стомнето расплакано и исплашено. Се обѕирало на сите страни, зашто му се причинувало дека зад некое дрво го демне некое животно или некоја горска вештица. Солзи му течеле по образите, а во грлото имало едно грутче што не можело никако да го проголта...
|
|
* “Пет минути од деноноќието и посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата Македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за нea. Ја сакам Македонија повеќе од се друго на светот“ * “А ако наспроти нашите очекувања, македонското прашање не биде решено, ние ќе најдеме сила и верба само во нашата еднодушност, за да ја продолжиме повторно борбата за извојување човечки правдини, какви што може да ни ги гарантира само една самостојна Македонија“.
Неговиот лик и дело неспомнувани, незнаени, неправедно заборавени и запоставени од Македонската историска наука. Има ли зошто?
Кој е Владислав Ковачев?
|
|
Еден од најистакнатите Македонски театарски, филмски и телевизиски актери- Дарко Дамески (Прилеп, 12 мај 1932 - Скопје, 12 декември 1983). Во 1952 година ја заврши Државната средна театарска школа во Скопје. Беше член на Драмскиот ансамбл на Македонскиот народен театар во Скопје. Во 1964 година, Дамески стана член на Драмскиот театар на чија сцена оствари четириесетина ликови во кои дојде од израз приврзаноста кон театарската уметност.
Во историјата на македонскиот филм неговото име е забележано уште во самите почетоци во „Волчја ноќ “, а потоа следуваат уште триесетина главни улоги, речиси во сите македонски филмови. Ликот на Дарко Дамески беше присутен и на малиот екран, почнувајќи од првите ТВ драми на ТВ Скопје, до речиси сите телевизиски серии и други позначајни емисии и проекти.
Последните години од животот ги посвети на монодрамата преку која остваруваше најширок контакт со публиката.
|
|
 Гане Тодоровски е еден од великаните на Македонската литература во 20-тиот и 21-от век. Постигнатите научни резултати во областа на Македонистиката, го вбројуваат помеѓу најистакнатите дејци во славистичките кругови, како во Европа така и во светот.
Импозантното литературно творештво на Тодоровски, критичарите го делат во две главни насоки - во поезијата и во областа на историјата на книжевност, критиката и есеистиката.
Гане Тодоровски спаѓа во редот на највпечатливите ангажирани и остроумни личности во македонската литература, потенцираше Раде Силјан на промоцијата на Избраните дела во дест тома од Гане Тодоровски и во оваа прилика за генијалноста на творецот ќе додаде: Неговите стихови извираат од неисцрпниот вруток на македонската почва и со сиот свој сјај (естетски и идеен) проблеснуваат пророчки, секавично. Тежиштетот на неговата поезија е насочено кон повеќе тематски пунктови кои во изразната целост се проткајуваат и се надополнуваат, нудејќи возбудливи слики и силни пораки
|
|
Само две стихозбирки на вечно младата прва Македонска поетеса Даница Ручигај, го одбележуваат почетокот на Македонската поезија, Ручигај е првата Македонска поетеса, која започна едно ново време за Македонската поетска книжевност..
|
|
Пеце Атанасовски е роден во село Долнени, Прилепско, 25. X 1925. Неговите први музички ангажмани започнуваат со националната радио станица. Бил професионално ангажиран во Радио Скопје (1946) и во Државниот ансамбл за народни песни и игри „Танец" во Скопје (1950). Од 1959 г. до пензионирањето бил раководител на Оркестарот од народни инструменти во Радио Скопје и кореограф на повеќе од дваесет КУД во РМ. Од 1966 г. полни 29 години ја раководел Фолклорната школа за странци во Отешево. Со своите гостувања со разни културно- уметнички друштва низ светот ги афирмирал високите достоинства на Македонскиот мелос.
|
|
„Ова високо признание не го добивам јас, туку го добиваат граѓаните на Македонија, затоа што сум секогаш во нивните домови. Ова не е само признание за мене, туку признание на сите националности кои живеат во Македонија“... (Есма Реџепова- Теодосиевска, по повод доделувањето на Ореден за заслуги за Македонија) Оваа, 2010 година Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, ја одликува естрадната уметничка Есма Реџепова Теодосиевска со „Орден за заслуги за Македонија“.
|
|
| Среда, 28 Април 2010 03:00 |
 |
 |
 |
|
| Методија Андонов - Ченто
|
(Роден е на 18 август 1902 во Прилеп, умира – 24 јули 1957) Уште од најрана возраст, работел по прилепските тутунски и афионски полиња[се бара извор]. Во младоста бил одличен и истакнат гимнастичар. Завршил средно трговско училиште во Прилеп и во 1926 година отвора бакалско-угостителски дуќан и си обезбедува пристојна егзистенција. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучува граѓански брак со Василка Спирова Поп-Атанасова….
|
|
|
|