Култура и туризам
Среда, 01 Февруари 2012 02:29    PDF Печати Е-пошта
Втората светска војна и обновувањето на Охридската архиепископија

agatangel-240Познато е дека Македонија зеде активно учество во Втората светска војна, со цел да се ослободи од фашистичкиот окупатор и да се здобие со национална слобода, државност и црковно осамостојување. Првиот официјален акт во врска со регулирањето на македонското црковно прашање бил донесен на 15 септември 1943 година од страна на тукушто формираното Верско поверенство при Главниот штаб на Македонската војска.

Повеќе...
 
Среда, 01 Февруари 2012 02:23    PDF Печати Е-пошта
Галичник и неговите бачила

galicnik-bachilo-240

Дописка во весникот „Новини“ за овчарството во Галичник

14.07.1895 г.

Тоа е едно од главните и големи села во дебарскиот округ. Името му доаѓа од неколкуте овчари, побегнати од планината Галик и заселени на местото каде што денес се наоѓа селото. Има 800 до 900 куќи. Расположени се амфитеатрално една над друга и се здраво заѕидани со камен...

Не се памети од кога има училиште...

Главно занимање на населението е сточарството, а особено овчарството, кираџиството, градителството (дулгерството), млекарството и шиењето. Сите занаетчии освен шивачите патуваат.

Економската состојба во Галичник е добра.

Поглавни производи што се изнесуваат од селото се: сирење, урда, клашни, (од секаква дебелина и ширина) бели, црни, и сиви,  потоа: волна, маст, кајмак, кои се изнесуваат и надвор од округот.

Во Галичник има добри живописци и копаничари. особено надарен е познатиот живописец Кузман Макриов Фрчковски.

Галичките клашни по јакоста и квалитетот не може да се споредат ниту со шаеците, ниту со некои европски штофови. Тие е сосема подруги и се многу подобри. А кајмакот е еден специфичен вид сирење кое е доста познато по вкусот во Солун и во Цариград.

Условите на местото каде што живее човекот имаат големо влијание на работата. Галичник на север, исток и на јужната страна е обиколен со високи планини, кои обиколуваат со густи треви. Тие услови му наложиле на населението да се занимава со одгледување на овци. Зашто поголемиот дел од  галичкото население поседува кој повеќе кој помалку овци. Зошто нивното одгледување во планината, или подобро речено одгледувачите на  овците не ја чуваат стоката одделно. Таму, поради економски причини неколку сопственици ги здружуваат овците и прават бачило (мандра). Нема во Дебарско човек кој има бачило само од свои овци. Бачилските овци чиј број оди до 7000 овци обично им припаѓаат на 20-30 души. Тие што имаат повеќе од 1000 овци се викаат кехаи – ќаи. Бројот на бачилата во Дебарско оди до 30. На прво место стои Галичник, кој има бачила со 56 000 овци. Организацијата на бачилата им е иста насекаде во Дебарско. Јас сум ја проучил таа на галичките.  Затоа ќе се обидам неа да ја опишам.

Пред се сопствениците на бачилата ја немаат потребната планина за паша на овците.  Ретки се случаите ќеаја да има сопствена планина. Планините се или државни или приватна сопственост.

Еве какви се условите за правење бачило.

Приходи и расходи, делени според бројот на овците. За добар успех на бачило потребно е сопствениците да се грижат за изворите за потребните средства, а другите сопственици што имаат многу помалку овци во бачилото ги чуваат, ги молзат и ги стрижат овците кога е за тоа време. Овие се викаат овчари. На ќеаите им е дозволено да отсусуствуваат, а на овчарите никако, освен во случаи кога еден или двајца се заменети од некој. На планината овците се држат на отворено место, заградено со подвижен плот. За молзење или стрижење има специјални прегради наречени „строги“. Поради многу причини бачилата ги чуваат гавази, а нивниот број за секое бачило достига до 10-20 души. Гавази се земаат исклучиво од селата: Дарда, Реч, Кидна, Калис, Лур, Мур и Лузунија.

Не сите овци во бачилото се молзат. Обично половината од овците ги сочинуваат јагнињата и јаловиците, а другата половина молзниците. Молзниците се молзат по два пати на ден: во 12 часот пред ручек и во 8 после ручек (по турски). Добиеното млеко не е секогаш исто густо. Во месеците: март, април, мај и јуни млекото се добива во најголемо количество но со слаба масленост, а во останатите месеци до 15 септември, количеството на млекото се намалува, а масленоста се зголемува. Таа промена овчарите ја објаснуваат со тревата која во првите месеци е посочна, а во другите посува. Садовите во кои се молзат овците се од дрво и имаат форма на пресечен конус, со рачка на едната страна. Сето млеко добиено во еден ден се собира во една голема каца каде што го произведуваат во благота. Нашите бачила произведуваат четири вида благота: јако сирење, масло, кајмак и урда. Количеството на добиените благоти зависи од масноста на млекото. Во пролетните месеци и јуни тоа е малку и изразено во проценти еве како:  јако сирење 16 насто, кајмак 24 насто, масло 12 насто и урда 12 насто, а во летните месеци до септември е поголемо: јако сирење 20, кајмак, 30, маст- 15 и урда -35 насто. Горните бројки се добиваат од едно бачило што има 7000 овци од кои 3000 молзници, последните во првите четири месеци даваат 500 оки млеко на ден од кое се добива 80 ока јако сирење, 12 ока кајмак, 60 ока масло, и 100 урда, а во другите месеци истите овци дават 300 ока млеко, кое откако ќе се изработи дава: 100 ока јако сирење, 15 ока кајмак, 75 ока масло и 105 ока урда.

Обработката на млекото и прозводството на погоре споменатите производи се прави на следниот начин. Во млекото собрано во еден ден најпрвин се тура маја (сириште), потоа млекото се остава додека се пресече. Потоа се тура околу 20 ока врела вода. Од врелата вода млекото повторно зема некои својства при што неколку пати се меша со специјална мешалка. Потоа млекото го остават за се згусти. Потоа згуснатото млеко во еден сад го бијат одгоре на долу додека на дното на кацата се собере една полу тврда бела и шупливеста маса, која се вика јако сирење. Другото млеко го делат во друга каца, а исто и јакото сирење. На останатото млеко тураат до шест дена по 10 ока пресно млеко. Потоа се остава до четири дена. На десеттиот ден на површината на млакото се забележува една густа бела маса, која се вика кајмак. Под кајмакот има еден вид млеко наречено зиратка. Потоа еден дел од кајмакот делат за продавање, а другата ја тураат во куќата, каде се бие за да се добие масло. По одделувањето на маслото во кацата пак останува зиратката која со првата зиратка се собираат во други каци во кои стават силно нажежени камења. Од жештината на камењата зиратката зоврива и се пресечува во вид на згустен дел (урда) која останува на дното на кацата. Урдата ја продаваат уште пресна.

Иско целото млеко се тура на толку садови таа работа се врши само од двајца работници наречени бачови.

Бачилските овци се стрижат два пати во годината: еднаш во април и втор пат во август. Се добива волна сто на сто при првиот стриг и 40 на сто во вториот. Волната при првиот стриг се вика стара, а при вториот јарина.

Јарината и сите видови производи освен маслото и старата волна се распродаваат на големо во Солун, старата волна се праќа во Европа, а ја откупува Алатини, се продава неперена, а јарината перена. Од јарината во дебарско се произведуваат разни видови волнени производи: клашни, фанели, чорапи, килимчиња и др. кои исклучително се употребуваат во локалната народна носија.

Цените на производите за ока се: јако сирење – 3 гр. зл. масло- 10 гр. кајмак 14 гр. урда – 2 гр.

Јакото сирење се распродава или пресно, во вид на големи валчести парчиња, или солено во добро затворени кожи, а урдата во вреќи.

Бачилата се растураат кон крајот на  месец септември, а овците зимата ја минуваат заедно со соптвениците по Енишерско, и Солунско. На пролет се враќаат за Велигден.

Ф. Г. Чочков

Новини (Цариград) 14 јули 1895 г.
(Подготви Марко Китевски)

 
Среда, 01 Февруари 2012 02:21    PDF Печати Е-пошта
Кузман Шапкарев за народната медицина

Kuzman_Shapkarev-240Податоците за имињата, симптомите и лекувањето на сите болести, за кои станува збор подолу не сум ги добил од слушање, „по сказни“, туку од свои непосредни набљудувања. Повеќето од тие болести сум имал несреќа да ги прележам или лично, или членовите од семејството или на блиските роднини и пријатели.

Повеќе...
 
Среда, 01 Февруари 2012 02:16    PDF Печати Е-пошта
Народни верувања за неречниците во Охридско

narecnici-ohridНародот во градот и во околината верува, дека на третата вечер по раѓањето се јавуваат наречници и ја определуваат судбината на новороденото. Според верувањето на народот наречниците се три жени не еднакво возрасни и се облечени во бела селска носија. Најпрво наречува најмалата, а она што ќе го рече најстарата тоа и ќе биде. Една моја сестра ме уверуваше дека ги видела наречниците и длабоко веруваше во тоа. За да видат читателите како таа ги опишуваше наречниците го предавам нејзиниот расказ.

Повеќе...
 
Среда, 01 Февруари 2012 02:13    PDF Печати Е-пошта
Серенади - oд минатото на Кавадарци

oktet-kavadarciИ замислете си: ноќ, тивка, топла – тиквешка. Месечината како бакарна тепсија се валка по ѕвездениот небесвод. Од кај турските гробишта и од кај паркот допираат песните на штурците, а од вирчињата крај реката – крекањето на жабите. А до прозорецот се приближуваат неколку машки силуети, газејќи на прсти! Под самото пенџере, здушени во една глава, со гитара во рацете клекнати неколку момчиња и: „На крај селото куќичка мала и во куќата мома заспала.

Повеќе...
 
Среда, 01 Февруари 2012 02:07    PDF Печати Е-пошта
Свиларството во Гевгелискиот регион

svilarstvo-240Трговците почнуваат да нудат и да раздаваат кутии со бубино семе уште во месец септември. Сега луѓето прават избор, но не избор на семето, туку прават избор меѓу трговците што продаваат семе од свилена буба според минатата година: овој има добри кутии, на овој не чинат. Ако семето на некој трговец мината година добро родило, кога од 25 грама родило најмалку 35 оки кожурок, тогаш сите бараат кутии од него. Рекламата сама си се носи. При земањето на кутиите најповеќе се потпираат на пријателството. Секој трговец што се занимава со оваа работа сака на своите муштерии да им даде добро семе. Но земено во просек странското семе не дава приход како што дават домашните семиња.

Трговците почнуваат да нудат и да раздаваат кутии со бубино семе уште во месец септември. Сега луѓето прават избор, но не избор на семето, туку прават избор меѓу трговците што продаваат семе од свилена буба според минатата година: овој има добри кутии, на овој не чинат. Ако семето на некој трговец мината година добро родило, кога од 25 грама родило најмалку 35 оки кожурок, тогаш сите бараат кутии од него. Рекламата сама си се носи. При земањето на кутиите најповеќе се потпираат на пријателството. Секој трговец што се занимава со оваа работа сака на своите муштерии да им даде добро семе. Но земено во просек странското семе не дава приход како што дават домашните семиња.

Доброто семе од странство се плаќа за грам по еден, еден и пол до два  гроша, но тоа е многу ретко.

а) Пилејне. – Првата и најглавна грижа на секој селанец е добиеното семе до времето на пилејнето (изведување) добро да го чува од влага. Во текот на зимата го чуваат во сува и студена соба и гледаат тука постојано да е иста температурата. Семето го чуваат во долапи, или кутиите ги ставаат во кеса и ја обесуваат на некој клин, но никако да не го допира ѕидот. Никаква друга нега нема се до 20-25 март отприлика кога настануваат главните подготовки за пилејнето.

Најпрвин започнуваат со просториите. Подот на просториите го мачкаат со тенок слој земја, ѕидовите ги варосуваат, а лесите и другата дрвенарија што служи за одар ја изнесуваат надвор, на сонце. Вратите прозорите и другите дрвени предмети во собите ги мијат со врел оцет или со вода од гасена вар со растворен син камен.

Кога просториите така ќе се очистат и се ќе се начади со сумпор и кога црничките ќе имаат пупки тогаш се почнува со пилејне.  Тоа се прави полека и постепено. Не се брзаат. Прво семето се носи од студената соба во потопла, или во истата соба топлината малку се покачува. На таа обична температура семето го чуваат два дена. Третиот и четвртиот ден собата малку повеќе ја загреваат и тоа се постепено, така што шестиот и седмиот ден топлината е малку и неподнослива, т.е. човекот што работи во таа просторија се чувствува неудобно. На топломерот треба да биде 23-24 степени. Оваа температура ја одржуваат додека целото семе не се испили.

Кога во една кутија од 25 грама најдат 20-30 мрави тогаш го разредуваат семето по чиста платнена крпа, ставаат на неа неколку ржани стебла (суви, лански), а врз нив стават свежо, сосема младо лисје од црница или лисје од метлица од градината. Мравките (црвите) кои се испилиле веднаш се фаќаат за листовите и пијат сок.

б) Одар.-  Кога ќе се дојде до тоа тогаш прават и одари. Нивното правење е многу просто. Еден стап од 120-130 см. забодуваат во земјата на растојание од едно метро од ѕидот. Кон неговиот горен крај водорамно закопуваат друг стап, со иста дебелина и должина во ѕидот и краиштата на двата стапа ги врзуваат, или ако во земјата е забоден стап со  рачва водорамната ја спуштаат. Сега овие два стапа (една вертикална друга водорамна и во ѕидот забодена сочинуваат еден четириаголник. Потоа на растојание од 120 см. исто така зацврстуваат уште два стапа и на водорамните стават леси од трска, во последно време обложени со хартија, а порано намачкани со измет од говеда. И сега црвите што се насобрале на листовите ги пренесуваат на одрите поточно на лесите.

Црвите што се испилиле првиот ден не ги мешаат со оние што се испилиле другиот или третиот ден. За бубите од една кутија да бидат врсници ги изедначуваат.

Оние што првиот ден се појавиле одат два дена напред во однос на оние што се испилиле другиот ден. Поради тоа тие што се испилиле првиот ден помалку ги хранат, а оние од другиот ден почесто, и така до првото лежајне тие се изедначуваат, избарабарат, и тогаш помалку работа има околу нив.

Од книгата „Српски народни обичаји у Ѓевѓелиској кази“ од Стефан Тановиќ, Београд 1927 г.
(Подготви Марко Китевски)

 
Вторник, 31 Јануари 2012 00:50    PDF Печати Е-пошта
Свети Атанасиј Велики

mpcГолем борец за вистинското православие


(Именден празнуваат: Атанас, (доаѓа од грчкото Атанасиос и значи бесмртен), Танас, Тане, Танаска, Насе, Насте...)

Повеќе...
 
Среда, 25 Јануари 2012 01:50    PDF Печати Е-пошта
Богомилството

naum-i-bogomilite-240Богомилството е верско учење во средновековна Македонија и пошироко. Се појави како реакција на социјалното раслојување што настана како резултат на воведувањето на феудализмот и на поддршката на власта од страна на официјалната христијанска црква. Богомилството било дуалистичко учење според кое реалниот свет го создал не Богот, туку ѓаволот. Богомилите го отфрлале крстот како свој верски симбол, не граделе цркви и своите обреди ги вршеле на отворен простор, ја осудувале црковната хиерархија и сметале дека Исус не бил Син божји, туку обичен човек. Името го добиле по попот Богомил, по кого, пак, е наречено селото Богомила.

Повеќе...
 
Среда, 25 Јануари 2012 01:46    PDF Печати Е-пошта
Виа Егнација

Via_Egnatia-en-240Виа Егнација или Виа Игнација е римска магистрала направена околу 146 п.н.е. Името го носи по Гнеј Егнациј, проконзул на Македонија кој ја изградил. Се простирала преку Илирија, Македонија и Тракија, преку денешна Албанија, Македонија, Грција и Турција. Направена е со цел да се поврзат јадранските колонии со Византиум. Таа била и еден од 28-те римски патишта кои се простирале низ Римската Империја.

Повеќе...
 
Среда, 25 Јануари 2012 01:44    PDF Печати Е-пошта
Македонските епархии во поделените македонски територии

glasnost-agatangel-240Во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците е формирана единствена православна црква. Во составот на Српската православна црква, биле приклучени и епархиите од Вардарскиот дел на Македонија, кои претходно биле откупени од Цариградската патријаршија, иако таа над мнозинството на македонското население немала црковна власт.

Повеќе...
 


Лист 1 од 36

На прво место

News image

НАТО да ја прифатат Македонија како членка на Алијансата

Македонија од аспект на придонесот што го дава во НАТО е веќе де факто членка на Алијансата. Дојде в...

Историја

News image

Историски корени на одбраната

Во ретроспективниот поглед низ периодот на поновата македонска историја, од аспект на воено-одбранбе...

Иселеници

News image

Организацијата „Обединети Македонци“ во Канада ја организираше 40. „Гоцева вечер“

Македонската заедница во Канада вчера се собра во црквата ...

Култура и туризам

News image

Втората светска војна и обновувањето на Охридската архиепископија

Познато е дека Македонија зеде активно учество во Втората светска војна, со цел да се ослободи од ф...

Фељтон

News image

Историја на Македонската Православна Црква (16)

И нивното комплетно учење не е лесно да се согледа. Покрај она што го наведуваме ка...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.