ГИНОВА, Мирка (с. Росилово, Воденско, Егеjскиот дел на Македониjа, 1916 – Ениџе-Вардар, 26. VII 1946) – деец и борец за демократија и слобода. Заедно со илјадници македонски и грчки патриоти, се бореше против фашистичките окупатори на Грција, а подоцна и против силите на реакцијата и монархофашизмот. Мирка Гинова беше жена која не го прифати животот како милост во замена за идеалите на македонската борба, за македонската слобода. Како борец на македонското национално ослободително движење, таа стана симбол за храброста на македонската жена. Завршила учителска школа и учителствувала во повеќе места. Илегално дејствувала по воденските и мегленските села, а во 1943 г. се вклучила во редовите на НОБ. Била секретарка на АФЖ за Воденскиот округ. Во 1946 г. била заробена во една акција на грчката војска, осудена од воениот суд во Ениџе - Вардар и стрелана. Нејзините подвизи и нејзиното име со гордост се споменува меѓу народот. Народот за неа испеал повеќе песни, а во нејзина чест низ Македонија има десетици институции кои го носат нејзиното име.
|
|
Дамјан Јованов Груев – Даме (с. Смилево, Битолско, 19. I 1871 – врв Петлец, кај с. Русиново Малешевско, 23. XII 1906) – Револуционер и национален деец. Револуционер со душа и со срце, верен на идејата од која се водеше, за која се бореше и за која загина - ослободување на македонскиот народ. Целиот свој живот беше со народот, првенствено како негов учител, а потоа и како еден од основачите на Внатрешата македонска револуционерна организација. Даме беше столбот на кој се потпираше народноослободителното движење, посебно Внатрешната македонска револуционерна организација. Тој беше инспиратор и организатор на народноослободителната борба во тој период, посебно на Илинденското востание во 1903 година.
|
|
Ѓорѓи (Гоце) Делчев (Кукуш, 4 фебруар 1872 – с. Баница, Серско 4 мај 1903) - идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно национално ослободително движење во крајот на XIX и почетокот на XX век. Бил рожба на својата епоха, кој го изразувал стремежот на македонскиот народ за ослободување од отоманското ропство. Израснат врз идеите и искуствата на европските и балканските револуционерни демократи, тој сиот свој животен пат и го посветил на македонската национална револуција. Како просветител и ревулуционер, идеен и воен лидер, воспитувач на првите чети и војводи, зaдграничен преставник, уставотворец и државник, тој бил еден од најголемите револуционери на Македонската револуционерна организација. Гоце бил апостол на македонскиот народ во борбата за самостојност и за национална држава.
|
|
Никола Јанакиев Карев (Крушево,1877 – с. Рајчани, 1905) – претседател на Крушевската Република, бил учител, социјалист и национален деец, ревулуционер и војвода. Завршува четврти клас во Битолската гимназија. На 16 години заминува на печалба во Бугарија. Како столарски работник работи во работилницата на Васил Главинов од кого ги прифаќа социјалистичките идеи. Заедно со Васил Главинов, ја основаат Македонско-одринската социјал-демократска група (1896). Во родниот град се враќа во 1899 година и заедно со Веле Марков ја формираат социјалистичка група во Крушево. Во ТМОРО се вклучува по Првата социјалистичка конференција (1901).
|
|
Роден е во 1868 година во Крушево,во нерамноправна, но херојска борба, на 13 август 1903 година, бранејќи го Крушево и легендарната Крушевска Република, загинал заедно со борците од својот одред.
Во македонската историја се споменуваат низа светли ликови на револуционери и видни граѓани кои учествуваа во подготовките и дигањето на Иленденското востание, во раководењето со востаниците, како и во одбраната на Крушевската Република. Помеѓу сите тие светли ликови на бестрашни бранители во одбраната на Крушевската Република, се издвојува личност која со своето јунаштво ќе се издигне над сите, а кој народот во своите песни ќе го овековечи за век и веков.
|
|
| Среда, 28 Јули 2010 03:05 |
 |
 |
 |
|
| Стале Попов
|
(25 мај 1902 - 10 март 1965) Стале Попов е македонски раскажувач и романсиер. Роден е во селото Мелница, Мариово. Произлегува од селска средина. Неговите стари, по традиција, биле земјоделци, но меѓу нив имало и школувани. Уште како дете бил сведок на тешкиот живот на своите соселани, кои живееле ропски живот под турските аги и бегови како обесправена раја. Неговите биле малку поимотни и културно поиздигнати, зашто од нив имало и свештеници. Основно образование завршил во с. Витолиште (Мариовско). Започнал да учи гимназија во Прилеп, а завршил богословија во Битола и Теолошки факултет во Белград. Сепак, тој никогаш не се запопил, а пред Втората светска војна работел како земјоделец, дрвар, овчар, трговец, бакал, службеник во тогашната Народна скупштина, општински чиновник, шумар, тутунски работник.
|
|
(Роден е во Кратово, 15 јуни 1882 г. - починал во Битола, 30 јануари 1951 г.)
Основното училиште го завршува во родниот град, а потоа се запишува во прогимназијата во Скопје. Натаму, во 1896 година своето образование го продолжува во Солунската бугарска машка гимназија, каде во 1900 година успешно матурира.
|
|
| Среда, 14 Јули 2010 03:56 |
 |
 |
 |
|
| Марко Костов Цепенков
|
Роден во с. Ореовец- Прилепско на 7 ноември 1829 умира во Софија, 29 декември 1920 Марко Костов Цепенков е најголем собирач на македонски народни умотворби, кои имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, за лингвистиката, за националната историја, за правото и за моралот на Македонците.
|
|
Круме Кепески (Прилеп, 8 април 1909 - 3 ноември 1988), македонски педагог, лингвист, преведувач, собирач на македонски народни умотворби, граматичар, автор на првата Македонска граматика, објавена во 1946 година, коавтор (со Шаип Јусуф) на првата Ромска граматика, објавена во 1980 година, на збирката анегдоти, хуморески и легенди „Островот бил парче земја фрлен во вода“, објавена во 1993 година и на други дела.
|
|
Ѓорѓија Пулевски или Ѓорѓи Пулевски (1817, Галичник – 13 февруари 1893, Софија) бил македонски писател на кратки дела, лексикограф, историчар и воен водач.
|
|
|
|