Среда, 30 Октомври 2024 02:00 |
 |
 |
 |
|
Стефан Баџов
|
Среда, 23 Октомври 2024 02:00 |
 |
 |
 |
|
Лазар Алексиев
|

Лазар Алексиев Мирчев (1884 - 1963) е македонски копаничар, еден од последните претставници на дебарската уметничка школа. Лазар работел заедно со неговиот брат Нестор Алексиев мебелна резба, тавани, иконостаси и други. По Илинденското востание, двајцата браќа три години работеле на нов иконостас за да го заменат опожарениот на црквата „Свети Јован Крстител“ во Крушево.
|
|
Среда, 16 Октомври 2024 02:00 |
 |
 |
 |
|
Кирил Симоновски – Џина
|

Кирил Симоновски – Џина (19. X 1915 – 12. VI 1984) е македонски и југословенски фудбалер и тренер. Бил член на ФК „Југ“, ФК „Победа“ и ФК „Граѓански“ во Скопје. Во времето на окупацијата (1941–1944) играл за СК „Македонија“ од Скопје, кој се натпреварувал во Елитната дивизија на Бугарија. По Ослободувањето играл за армиски клуб ФК „Партизан“ и репрезентацијата на ЈНА и десетпати за репрезентацијата на Југославија. За ФК „Вардар“ од Скопје одиграл 75 натпревари и дал 25 голови.
|
|
Среда, 09 Октомври 2024 02:00 |
 |
 |
 |
|
Климент Ангелов Спространов
|

Климент Спространов ( 1857- 18, III 1931) е македонски револуционер, член на Врховниот македонско-одрински комитет, масон и донатор. Тој бил еден од основачите на фондот „Свети Климент“ во Софија во 1904 година. Спространов во фондот донирал 100.000 лева, чии приходи биле наменети за училиштата во Охрид, како и за награди за трудови на тема Македонија и македонската наука.
|
|
Вторник, 01 Октомври 2024 08:47 |
 |
 |
 |
|
Никола Герасимов
|

Никола Герасимов (17. VII 1868 – 2. XII 1927) е македонски револуционер, петрички војвода и учител. Учителствувал во Пазарџик, Гевгелија, Штип, Трговиште. Бил учесник во Горноџумајското и во Разлошкото востание. Од 1903 година бил секретар во четата на Александар Протогеров. Учествувал во Балканските и во Првата светска војна, во составот на Бугарската армија.
|
|
Среда, 25 Септември 2024 02:00 |
 |
 |
 |
|
Благоја Стевковски – Гојчо
|

Благоја Стевковски (15. VIII 1905 - 3. XII 1965) е македонски комунистички деец, учесник во НОБ, млад поет. Бил соработник на весникот „Наша реч“ (Скопје, 1939), каде што објавил и стихотворби на македонски јазик. За време на Втората светска војна, како член на Воениот штаб на КПЈ за Куманово (1941), бил еден од организаторите на Козјачкиот и Карадачкиот НОПО. По Ослободувањето бил претседател на Советот на Врховниот суд на Македонија, предавач по стратегија на Вишата воена академија, републички народен пратеник и извршувал високи должности во Скопската армиска област.
|
|
Среда, 18 Септември 2024 02:00 |
 |
 |
 |
|
Драган Ташковски
|

Драган Ташковски (10. IX 1917 - 16. IX 1980) е македонски историчар и публицист. Бил учесник во НОАВМ, а по Ослободувањето вршел разни општествено-политички функци. Одбранил хабилитационен труд под наслов „Кон етногенезата на македонскиот народ“ (Скопје, 12. IV 1975) и бил избран во звањето виш научен соработник.
|
|
Среда, 11 Септември 2024 02:00 |
 |
 |
 |
|
Георги Бакалов
|

Георги Бакалов (27. XI 1873 – 14. VII 1939) е бугарски деец и публицист, припадник на бугарското социјалдемократско и комунистичко движење. Го поддржувал и го помагал македонското ослободително дело, со девизата: „Македонија на Македонците“.
|
|
Среда, 04 Септември 2024 02:00 |
 |
 |
 |
|
Видое Смилевски - Бато
|

Видое Смилевски - Бато (14. VIII 1915 - 8. IX 1979) е македонски комунистички деец, првоборец, народен херој и политичар. По Априлската војна бил секретар на ќелија, на реонски комитет, член на МК и на Окружниот комитет на КПЈ во Белград. Во 1944 година бил упатен на партиска работа во Македонија. Бил учесник на Првото заседание на АСНОМ. Во три наврати беше претседател на Президиумот на Република Македонија, односно на Претседателството на Република Македонија.
|
|
Среда, 28 Август 2024 02:00 |
 |
 |
 |
|
Спиро Петров - Славејот
|

Спиро Петров (20. X 187 – 4. IX 1903) е македонски револуционер, војвода на Македонската револуционерна организација. Бил четник во четата на војводата Јане Сандански и учествувал во запленувањето на Мис Стоун. Во Илинденското востание бил мелнички војвода и предводел чета. Загинал во борба со османлиската војска. Познат е како Спиридон Петров, Спиро Славејот, Спиро Пејачот или Љуботски.
|
|
|
|