Среда, 21 Август 2024 02:00 |
 |
 |
 |
|
Ангел Винички
|

Ангел Винички (1860 – 26. X 1902) е македонски револуционер, член на Македонската револуционерна организација. Заедо со Спиро Ампов и Ѓорѓи Јованчев го формирале Тајниот револуционерен комитет во Виница, кој бил меѓу првите комитети во Македонија.. Тој бил верен курир на Гоце Делчев, ја обезбедувал работилницата за изработка на бомби, која се наоѓала во село Саблер, и бил успешен организатор и пренесувач на оружје, писма ,телеграми и други материјали преку граница.
|
|
Среда, 14 Август 2024 02:00 |
 |
 |
 |
|
Цветан Димов
|

Цветан Димов (5. III 1910 - 9. VII 1942) е македонски партизан, учесник во НОБ. Зел учество на илинденските демонстрации и на формирањето на Првиот скопски НОПО, а потоа како секретар на МК на КПЈ во Скопје работел и на формирањето на Вториот скопски НОПО (17. IV 1942). По апсењето во почеток на јули, бил убиен во Обласната полициска управа. Прогласен е за народен херој на 26. јули 1945 година..
|
|
Среда, 07 Август 2024 02:00 |
 |
 |
 |
|
Живко Фирфов
|

Живко Фирфов (20. XI 1906 - 21. VII 1984) е македонски етномузиколог и композитор. По ослободувањето вршел низа одговорни должности во Скопје: шеф на Отсекот за уметност во Одделението за култура и уметност при АСНОМ; шеф на Отсекот за народна музика во Радио Скопје; еден од основачите и прв уметнич ки директор на ансамблот „Танец“; шеф на Одделението за народна музика во Институтот за фолклор, а подоцна и негов директор. Бил дописен член на Меѓународното фолклорно друштво ИФЦМ во Лондон.
|
|
Среда, 31 Јули 2024 02:00 |
 |
 |
 |
|
Георги Мончев
|

Георги Мончев (1883 – 25. VIII 1913) е македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација. За време на Илинденското востание учествувал во многу борби со османлиските чети како четник на Георги Сугарев или Дамјан Груев. Бил учесник во Првата и Втората балканска војна.
|
|
Среда, 24 Јули 2024 02:00 |
 |
 |
 |
|
Димитар Пандилов
|

Димитар Пандилов (1. III 1899 – 26. VII 1963) е македонски сликар, еден од најзначајните основоположници на македонската модерна уметност и најеминентен претставник на импресионизмот. Потекнувал од позната зографска фамилија. Ја приредил првата самостојна изложба на македонски модерен сликар во Скопје (1926). Работел масла, акварели и цртежи, а жанровски се определил за пејзажи, мртви природи, портрети, актови. Тој е еден од основачите на ДЛУМ. Загинал во Скопскиот земјотрес на 26 јули 1963 година.
|
|
Среда, 17 Јули 2024 08:20 |
 |
 |
 |
|
Тихомир Милошевски
|

Тихомир Милошевски (Тиќо) (23. VII 1915– 1. IV 1984) е македонски паризан, учесник во НОБ, прв командант на македонските воени единици за време на НОВ, подоцна генерал-мајор на ЈНА. Бил учесник во Февруарскиот поход, командант на Третата македонска НОУ бригада, командант на Третата оперативна зона на НОВ и ПОМ, командант на 41-та (македонска) дивизија на НОВЈ и командант на Петнаесеттиот (македонски) ударен корпус на НОВЈ (од окт. 1944). Со корпусот учествувал во завршните операции за ослободување на Југославија. Бил делегат на Првото заседание на АСНОМ. Прогласен е за народен херој на Југославија.
|
|
Среда, 10 Јули 2024 02:00 |
 |
 |
 |
|
Славка Динкова
|

Славка Динкова (1848 – 19. IV 1869) е културно просфетен деец, прва позната учителка, новинарка и феминистка во Македонија. Славка го водела првото женско училиште „на нашиот прероден мајчин јазик“ (1866–1868) и објавувала феминистички статии во весникот „Македония“ (1868).Таа со својата дејност оставила силен белег во времето во кое живеела и помогнала за надминување на препреките во однос на женското образование.
|
|
Среда, 03 Јули 2024 02:00 |
 |
 |
 |
|
Трајко Желевски
|

Трајко Желевски (1875 – јуни 1923) е македонски револуционер, член на Македонската револуционерна организација. По Илинденското востание, од 1904 година до 1908 година, бил помошник на реонскиот војвода Христо Цветков во Костурско. Учествувал во двете балкански и Првата светска војна. По потпишувањето на Мајскиот манифест во 1923 година и последователното братоубиство, тој бил убием заедно со Тома Желински.
|
|
Среда, 26 Јуни 2024 02:00 |
 |
 |
 |
|
Тодор Камчев
|

Тодор Камчев (1880 – 10. V 1961) е учител, македонски револуционер и тиквешки војвода на Македонската револуционерна организација. Камчев бил меѓу водачите на Тиквешкото востание и е еден од ретките македонски војводи и револуционери, кој целиот свој живот му го посветил на македонското дело.
|
|
Среда, 19 Јуни 2024 02:36 |
 |
 |
 |
|
Ордан Чопела
|

Ордан Чопела (1912 – Битола, 9. IV 1942) е македонски комунист, учесник во НОБ. Познат е под певдонимот Кулак. Учествувал во штрајковите на тутунарските работници. Во 1940 г, бил примен и за член на КП во Македонија. По фашистичката окупација на Македонија станал член на МК и на Воената комисија. Учествувал во партизанскиот напад на Прилеп на 11 октомври 1941 г. Во декември бил испратен на партиска работа во Битола. Неколку месеци потоа загинал во борба со бугарската полиција. Во 1949 г. бил прогласен за народен херој.
|
|
|
|
|
JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL |