
Јордан Грабуловски (12. III 1925 - 26. V 1986) e македонски скулптор, член на МАНУ. Учествувал во НОВ, а по војната завршил Академија за ликовни уметности во Белград. Изработил многубројни споменици, користејќи разновидни стилски определби од реализмот и социјалистичкиот реализам (Ваташа, 1962; Белчишта, 1958; Прилеп, 1958; Кичево, 1963; Скопје, 1965) до асоцијативен геометризам (Отешево, 1973; Гевгелија, 1969; Крушево, 1974).
|
|

Димитар Миовски (1. IX 1913 - 25. V 1982) е македонски офталмолог, општественик, професор на Медицинскиот факултет. Бил учесник во НОБ и член на Првото заседание на АСНОМ. По војната вршел бројни општествени функции. Од 1949 година се занимавал со проблемот на кератопластиката и се стекнувал со богато искуство во повеќе познати офталмолошки центри во Европа. Неговите методи во областа на кератопластиката го прават своевремено еден од врвните светски офталмолози.
|
|

Димитар Коштанов (18. III 1879 – 21. V 1915) е македонски револуционер, војвода, гемиџија. Тој бил член на ТМОРО, а подоцна станал член на групата Гемиџии. Учествувал во ископување на подземниот тунел на Отоманската банка во Цариград. По Младотурската револувија во 1908 годона, тој бил еден од основачите на Народната федерална партија (1909 - 1910) во Горна Џумаја.
|
|

Никола Вражалски (12. Ⅴ 1914 – 1997) е македонски правник, учесник во НОВ, јавен обвинител на НРМ и пратеник. Тој е организатор на НОО во Кочани во 1944 година и бил член на АСНОМ. Исто така, тој е народен пратеник во Уставотворното собрание на НРМ од Кочанска околија, член на Уставотворниот одбор за поготовка на Уставот на НРМ од 1946 г. и јавен обвинител на НРМ (1946-1948). Потоа бил испратен на Голи Оток како информбировец.
|
|
Среда, 30 Април 2025 02:00 |
 |
 |
 |
|
Атанас Атанасов – Божанин
|

Атанас Атанасов – Божанин (1921 – 10. V 1975) е македонски партизан, учесник во антифашистичкото движење во Пиринска, Егејска и Вардарска Македонија. Бил партизан во ЕЛАС, потоа во Петричкиот партизански одред „Антон Попов“, а накрај заменик командант на бригада во НОВ. Учествувал на Првото, Второто и Третото заседание на АСНОМ. Во својот поздравен говор на Второто заседание на АСНОМ ги пренел желбите на македонскиот народ од Пиринскиот дел на Македонија за обединување во една македонска национална држава.
|
|
Среда, 23 Април 2025 02:00 |
 |
 |
 |
|
Никола Трајков
|

Никола Трајков ( 26. Ⅴ 1888 – 12. Ⅵ 1963) е македонски револуционер, историчар, дипломат. Учествувал во македонското национално-ослободително движење. Го проучувал делото на македонските преродбеници – Браќата Миладиновци, Григор Прличев, Браќата Робевци, К. Мишајков. Голем интерес пројавил кон делото на Крсте Мисирков. Им помагал на младите македонски научници во ориентацијата по бугарските архивски институции.
|
|
Среда, 16 Април 2025 02:00 |
 |
 |
 |
|
Цветко Трајков
|

Цветко Трајков (? – 1. V 1903) е македонски револуционер, анархист, член на Гемиџиите и учесник во Солунските атентати. На 1 мај 1903 година, во последната акција на Гемиџиите, Трајков се обидел да го убие солунскиот валија Хасан Фехми паша, но откако не успеал, се самоубил.
|
|
Среда, 09 Април 2025 02:00 |
 |
 |
 |
|
Ѓеорѓи Николов
|

Ѓеорѓи Николов (1868 - 1. III 1938) е македонски лекар, револуционер, деец на Македонската револуционерна организација (МРО). Медицина завршил во Цариград, а работел како лекар во Охрид, Скопје, Воден и Битпла. Активно учествувал во работата на МРО. Во 1907 г. бил осуден на 101 година затвор, а по Младотурската револуција во 1908 година бил помилуван.
|
|
Среда, 02 Април 2025 02:00 |
 |
 |
 |
|
Илија Трчков
|

Илија Трчков (1884 – 16. IV 1903) е македонски револуционер, анархист, член на Гемиџиите, учесник во Солунските атентати во 1903 година. Група млади интелектуалци од кои поголемиот дел биле од Велес, кои се нарекле „Гемиџиите“, на крајот на април 1903 година, направиле серија динамитни акции на јавни објекти во Солун и при тоа внимавале да нема ниту една жртва меѓу народот.
|
|
Среда, 26 Март 2025 02:00 |
 |
 |
 |
|
Волче Наумчевски
|

Волче Наумчевски (18. I 1916 - 20. III 1980) е македонски писател, автор на првата стихозбирка исцело напечатена на македонски јазик во предвоена Југославија. Објавил голем број стихозбирки за деца и возрасни.
|
|
|
|