|
|
| На 20-ти март се навршија 35 години од Првата влада на независна Мскедонија |
|
М-р Мартион Треневцки, член на Експертската влада од ВМРО-ДПМНЕ и екс министр за информации На 20-ти март се навршија 35 години од Првата влада на независна Мскедонија 20. март 1991 - 20 март 2026 Годишнините и јубилеите се повод кога вообичаено се слават десетгодишнини, или на секои пет години, на личности или настани, зависно од нивносо значење. Еден таков датум, што според мене заслужуваше да биде одбележан по секоја цена, беше 20-ти март кога се навршија 35 години од Првата влада на независна Мскедонија, или попозната како Експертска влада!. Но. наместо обележување на таа влада, молк, и од медиумите и од актуелната влада!? Како и зошто, но секако неоправдано! Македонија како држава нема многудецениска, или многувековна традиција на државност во текот на која се менувале разни влади, што е случај со импоерии како царска Русија, османска Турција, Франција или Британија каде една влада ја наследувала претходната и каде се манифестирал континуитерт во владеењето! Нема, за жал, Дотолку повеќе затоа требаше и мораше на пригоден начин да се подбележи 35 годишнината од формирањето на Првата влада на незавоисна Македонија. Јасен ми е мотивот, или претпоставката зошто тоа не се направи (во првата влада имаше министри кои за актуелната власт се неподобни, или поблаго речено несакани), но тоа не е причина да се игнорира и самиот такт на формирањето на таа влада што ја предводеше академик проф. д-р Никола Кљусев. Токму таа влада ги постави темелите на независна Македонија: своја армија, надворешна/дипломатска служба, монетарното осамостојување и други атрибути на независна Македонија. Зошто тоа се игнорира? Од кои причини? Па иако таа влада некои ја нарекуваат експертска, таа влада во голема мерка беше и политичка влада! Имено, во неа имаше најмалку пет министри кои беа членови или симпатизери на сегашната владеачка партија ВМРО-ДПМНЕ, а премиерот акад д-р Никола Кљусев по падот на владата, односно излрасувањето на недоверба, подоцна стана претседател на Советот на интелектуалци на ВМРО-ДПМНЕ што во голема мерка помогна за успехот на партијата (ВМРО-ДПМНЕ) на политичката сцена во Македонија. Не знам зошто ниту еден медиум во земјата не објави збор-два за Експертската влада. Годишнината од нејзиното формирање секако беше многу добар повод. Но тоа е веројатно цената што ја плаќаме за одсуството на нашето државничко искуство. |














