| 
Коментари и предлози, во однос на статијата:
“Македонски лингвисти во служба на Заткарапатниот словенизам?“
публикувана во “Македонска нација” од 25 Јануари 2012, Република Македонија, добиени од поддржувачи на Македонизмот.

Пишува: Јанко ТОМОВ, Бризбен, Австралија
Повод за предходната статија беше уводното предавање на д-р Илија Чашуле, (Македонски лингвист кој предава на универзитетот Меквари, Сиднеј, Австралија), чии делови од тоа организирано предавање од страна на Институтот за Македонски јазик ”Крсте Мисирков” во Република Македонија, беа публикувани во куса статија, во УВ(ТИ).
Насловот на статијата е “Македонскиот јазик е плод на контакт со други јазици”. Во дел од содржината на текстот стои дека, наводно, Македонскиот јазик позајмил-користел илјадници Грчки и Турски зборови.
Нашата историографија ни кажува дека македонскиот јазик бил еден од најстарите-древни јазици на Балканскиот Полуостров и пошироко во Европа.Дека грците, најголем дел од тој древен Македонски јазик го присвојувале од древните македонски племиња, што ги окупирале во античко време, додавајќи наставки на крај од секој Македонски збор, како што се: ас, ес, ос исл.
Во предавањето се изнесени некои цитати кои ги навредуваат чувствата на македонците, а посебно на интелектуалните Македонски автори на најнови Македонски историски дела.Тие дела, пак се база за сите Македонски национални ствојства.
Поголемиот дел на македонците во Република Македонија, ја поддржуваат демократската активност на актуелната влада на републиката во која се дава предност за заштита и афирмација на античните Македонски историски богатства и историја. Додека другиот, извесен број на Македонци, сеуште ги поддржуваат бившите комунисти и социјалисти кои го прифаќаат и се промотори и на контраверзниот Задкарпатен словенизам.
Исто така,факт е дека поголемиот дел од македонската дијаспора, ја цени и ја поддржува патриотската активност на актуелната влада на Република Македонија. Другиот дел од иселеништвото, спротивно - врши и спроведува дезинформации и национално-политички тешкотии, кои во последно време се проследени со нелојалност и неактивност во одбраната на македонскиот идентитет, а посебно за Македонскиот јазик и суверенитетот на Република Македонија.
Да нагласам дека нашиот јазик и национален идентитетсе под влијанија за исчезнување кои ги врши Меѓународната Заедница, во деновите кога очекуваме приеми во Европската унија и НАТО. Како Грција, така и Обединетите Нации и Европската унија, покрај останатите шовинистички и навредливи неосновани тенденциозни сознанија за македонците, сеуште, како адутго користат излагањето на покојниот, поранешен претседател, Киро глигоров, на Генералното собрание на ОН во 1993 година, дека наводно ние македонците сме биле словени, дојдени од зад Карпатите! За овој дел на Македонци од дијаспората, се мисли повеќе на раководства на Македонски православни општини, првенствено со управите на нивните цркви и поедини здруженија, а не за нивното членство, кое постојано се намалува и преминува во други организирани Македонски и странски субјекти.
Во однос на горното, следат коментари од познати и признати Македонски личности, како автори на историски дела, национални и политички статии, членови и челници-лидери на Македонски организирани субјекти-организации, институции од Република Македонија и сл.
Република Македонија:
“Јанко брате, такви се работите во РМ, има силно словенско лоби кое не разбира некои работи, но со Господ напред ќе се променат...
Господ со Македонците”
Австралија:
“Здраво Јанко, секогаш си онаму каде што треба, честитки за твојот револт по повод интервјуто на лингвистот Чашуле. Навистина нетокму работа. Еднаш треба сите лингвисти, барем нашите, да застанат на исто стојалиште: старомакедонски или словенски. Вака, некои левоориентирани со своите научни приказни ни ги надразнуваат ...”
“Здраво Јанко, види, сите сме ние некако дволични кога се работи за наш пријател, за да не ни замери од некакви привилегии што некогаш или скоро ни ги направил, спремни сме, не против неговите идеи, колку и да биле оцрнувачки за нашето национално достоинство, да му укажеме за да се поправи во неговото излагање, туку ние сме готови, не само да го премолчиме неговиот кикс - дури и ќе го поткрепиме или ќе тргнеме со него и неговите, кои ги има на претек. Ми велиш да ги прашам некои колеги од друштвата и асоцијациите. Не, знам како ќе одреагираат. Не само нив, туку и стотици други кои низ моето повеќе децениско спознавање ги имам на увид, штом ќе ме погледнат, јас нивните намери ги читам предвреме. За тоа и нетреба да си нанесувам болки во мојата и вака излитена душа.
Ова треба да го одговорат попознати лингвисти, така да има дојам случајов, кој не е за запоставување. А кој се тие лингвисти? Па сите тие лица биле или сеуште се кодоши и живеат на голема нога на грбот од народот, кој им верува за некакви нивни повремени предавања, истражувања, публикувања... За ваквите забелешки, тие ќе си намират и пари и признанија и од наши вртокапци и од соседските негатори. Пријатен викенд колега Јанко.Смири си ги нервите ќе ти требаат и пред смртта.”
Меѓувремено ги прашав некои мои познаници за да ми посочат некои лингвисти, за да помогнат во разјаснувањето на овој проблем:
“Ми треба по некој коментар од македонските лингвисти кои ги има по институциите и факултетите во републиката, а и во дијаспората, за минатата статија: Македонски лингвисти во служба на Заткарпатниот словенизам (статијата е објавена во www.mn.mk). На таа тема имам некои коментари од некои места од Австралија и Македонија, но ми требаат од Америка и Европа.
Поздрав Јанко”
Одговор добив од Република Македонија:
“Здраво Јанко,
Јас неможам да ги натерам овдешните лингвисти да пишуваат коментари за моја, твоја или било чија статија, а и непознавам многу од нив.
Ни јас несум лингвист, па и јас неможам да коментирам нешто што немие толку познато.
Да е нешто во врска со одделни делови од историјата, можам, но за лингвистика несум стручен”.
Канада:
“Здраво Јанко,
Јас знам само еден лингвист тука во Торонто, а тој е Одисеј Белчевски. Негова е-маил адреса е…”
Моја благодарност, за разбирањето за овој акутен проблем до патриот од Германија, кој ме бодри во моите напори, праќајќи ми десеттина содржини на драгоцени Македонски историски дела:
“Здраво ...,
Неизмерна благодарност за сите книги што ми ги испративте од големата Македонка, АНГЕЛИНА МАРКУС.
Ќе ги користам во образованието и информирањето, пред се за национално неосознаените Македонци во иселеништвото и тие кои се со Заткарпатно словенски заблуди.
Поздрав од Бризбен
Јанко”
Одговор од Германија:
“Здраво живо Јанко
Прво прочитај ја книгата „Митологијата на Македонците после Филип Втори“ ако ја немаш, ти ја праќам. Сега книгите ги имаш во ПДФ, можеш на сите Македонци да им ги пратиш. Многу ми се допаѓаш твоите коментари, мислам оти си еден од врвните... Добродојде во нашето Македонско семејство.
Европа двеста години ги прави најстрашните игри со нашата татковина и со нашиот невин народ. На Македонскиот полуостров формира повеќе вештачки држави, тоа се нејзини деца кои секогаш по наредба на нивната мајка вршат најстрашна тортура врз Македонскиот народ. Затоа што овие беа вештачки држави и немаа своја историја, ја ограбија таа што беше тука, а тоа е Македонската.
Многу ми се допадна твоето размислување околу Каменот на Розета.
Словените се уфрлени за да прават збрки, поради што целата историја на Европа е исфалсификувана за да на своите деца им направи некаква иднина. И се додека ние постоиме, тие не ќе можат тоа да го направат, па затоа сега со сите сили се напрегаат да ни го сменат името,а воедно праќаат мисионери да ни го перат мозакот...”
П р о д о л ж у в а |