|
|
| СПИСАНИЕТО „ПОВОД 76“ ПОСВЕТЕНО НА ГЕРМАНСКО-МАКЕДОНСКИОТ АВТОР САВО КОСТАДИНОВСКИ |
|
Македонското литературно друштво (МЛД) „Григор Прличев“ од Сиднеј го објави априлскиот бр. 76 од списанието „Повод“, кое е посветено на познатиот и признат македонски и германски поет, раскажувач, патописец, публицист, писател за деца и возрасни - Саво Костадиновски, кој е автор на 140 дела Новиот број на сисанието „Повод“ на насловната страница ја содржи фотографијата на поетот Саво Костадиновски од Германија. Според неговите биографски податоци, тој е роден на 30 мај 1950 година, во Горно Ботуше, Македонски Брод. Од 1971 година живее и работи во Германија, а од 1973 во Келн. Има завршено (дописно) средно машинско техничко училиште при Работничкиот универзитет „Нов Белград“ во Белград и три степени висок степен за технички инженер, во Келн. Во 1973 година, тој pаботел и се школувал во градот Келн, Германија, каде го минува поголемиот дел од својот животен и работен век. Публицистичките постигнувања на писателот и поетот Саво Костадиновски од поодамна се познати на иселеничката и на јавноста во Република Македонија, како и на германската читателска публика. Тој како Македонец во Германија е познат и признат не само во Келн каде што скоро 5 децении живее и твори, туку и пошироко во Германија. Саво Костадиновски е еден од најистакнатите македонски автори во иселеништвото. Неговото обемно поетско и прозно творештво брои околу 140 досега објавени книги поезија и проза за деца и возрасни. Како човек со два дома, еден во,Македонија и еден во Германија, тој е автор има 44 книги поезија и проза кои се објавени двојазично, на германски и на македонски јазик. Притоа, неговите дела наидоја на добар прием кај германските читатели. Во овој број на „Повод“ е даден списокот на негови објавени дела и тоа: За деца и млади; Поетските книги за возрасни и Проза за деца и возрасни. Потоа се поместени следните негови песни: „Срцето на Татковината“ и песната „Кога пишувам песна за Македонија“, „Татковина“, „Ехото од Татковината“, „Македонија“, „Името Македонија“, „Тоа е Македонија„ и „Низ огнот на историјата“ продолжение на овој број е даден интересен текст под наслов “Разговор со песмртниот поет Јован Котески“, во кој е забележана неговата инспирирација од книгата „Живожарица“, со тема од времето проведено во затвор, воедно и некоректноста на Европската Унија кон Македонија. Потоа се поместени неговите песни: „Светлината на вечниот сон“, „Јас сум историја“. „Идентитет“, „Македонија – од славна империја до распаќе“ и песната „На Бадник во Порече“. Пишува: СЛАВЕ КАТИН |

























