|
|
| ПРОМОЦИЈА НА ДЕЛА НА ДУШАН РИСТЕВСКИ - МАКЕДОН ВО ТОРОНТО (32) |
|
Таа е една од значајните публикации на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ и „Австралиско – македонскиот театар“ од Сиднеј, чиј рецензент е новинарката Фиданка Танаскова од Скопје, додека преводот на англиски јазик е на Ристо Стефов, од Канада. На промоцијата на монодрамското дело „Ченто“, Славе Катин потенцираше дека во изминатиот период од триесетина години, Македонците во Австралија направија успешни обиди на полето на театарот. Така, театарски групи од македонски доселеници и бројни Македонци родени на петтиот континент, од повеќе градови ширум Австралија презентираат интересни театарски претстави кои оставија видливи траги на полето на театарската уметност. Една од тие македонски театарски групи која успеа да ја отпечати публикацијата „Ченто“ и да ја претстави пред публиката е „Австралиско-македонскиот театар“ од Сиднеј. Овој театарски состав е формиран во 2007 година со цел да ја промовира македонската драмска и театарска уметност и да ги обединува луѓето со македонско потекло кои се активни и креативни во драмските, сценските, театарските продукции и творештвото. Издавач на монодрамата „Ченто“ е „Македонското литературно друштво „Григор Прличев“од Сиднеј. Тоа е една од најзначајните македонски асоцијации во Сиднеј и пошироко во Австралија како прво литературно друштво од таков вид во дијаспората. Друштвото беше формирано на 31 март 1978 година од група ентузијасти и вљубеници во македонскиот мајчин јазик, литературата и културата, чиј прв претседател беше токму Душан Ристевски.
Тој, меѓу другото рече дека публикацијата „Последниот Македонец“ е издание на Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, ракописсо кој се потврдува нараснатиот научен интерес за пристап кон театарската уметност и кон историјата на македонскиот народ и Македонија, кој има посебно место кај иселениците од етничка Македонија, раселени по светот, особено на петтиот континент - Австралија. Ова дело се осврнува на судбината, вистината и на историскиот развоен континуитет на македонскиот народ од етничка Македонија. Драмскиот текст „Последниот Македонец” се јавува во овие немирни и судбоносни времиња за Република Македонија.. И како резултат на овие тешки историски моменти за Република Македонија, за Македонците во етничка Македонија, како и за македонското иселеништво ширум светот се случуваат различни дејствија. Секако, за историско одбележување додека сето ова се случува во Република Македонија, треба да се одбележи дека во Сиднеј, Австралија се прикажува истоименото драмско остварување „Последниот Македонец” од драматургот, писателот, новинарот, публицистот и доблесниот патриот Душан Ристевски-Макед со врвните многубројни артисти од Австралиско-македонскиот театар од Сиднеј. Инаку, Душан Ристевски - Македон е познато име, поет, драматург и афирматор на Македонците во Австралија. Автор е на шест стихозбирки, шеснаесет драми и монодрами (сите изведени од „Македонскиот театар“ од Сиднеј), а неговата поезија е застапена во повеќе антологии во Австралија, Македонија и Америка. Исто така, тој е основоположник на Македонското литературно друштво „Григор Прличев” (1978), на списанието „Повод” (1978), на Австралиско-македонското добротворно друштво (1982) и на Австралиско-македонскиот театар (2007) од Сиднеј. Затоа, се смета дека Душан Ристевски - Македон е еден од најактивните и најценетите македонски општествени дејци во Австралија. Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН |
Публикацијата „Ченто“ од Душан Ристевски-Македон е оппечатена на македонски и англиски јазик, а е
Драмското дело „Последниот Македонец“, дело на познатиот драмски писател Душан Ристевски-Македон беше промовирана од Зоран Карапанчев, познат и признат активист во македонската заедница во Торонто.
























