|
||||
| Павел Делирадев |
|
Павел Димитров Делирадев (15.II 1879 – 9. II 1957) е бугарски општественик. научник, јавна личност и публицист, еден од основачите на Народната федеративна партија и деец на ВМРО (обединета). Тој бил секретар на четата на Јане Сандански и близок пријател со Павел Шатев. Соработувал и бил редактор на неколку весници и магазини, а бил автор на неколку научни книги за бугарските планини, како и на трудови со историско - етнографски карактер. По 9 септември 1944 година, бил во раководството на Македонскиот научен институт. Павел Димитров Делирадев е роден 15 февруари 1879 година во Панаѓуриште. Завршил четирикласното училиште во родното место. Во есента 1894 година станал учител во селото Кованлак, Ихтиманско. Во 1896 година се запишал во столарското техничко училиште во Русе. По враќањето во Панаѓуриште отворил своја столарска работилница. Тој бил основач на социјалистички организации во Панаѓуриште и Русе. За да го продолжи своето образование, Делирадев се преселил во Софија, каде што посетувал предавања на Софискиот универзитет по политичка економија, филозофија, уставно право и географија. Кратко живеел во Одеса. Работел како уредник во разни левичарски публикации, објавувајќи статии за Руската револуција од 1905 година. Во 1905 година, неколку месеци бил во романски затвор поради неговите врски со водачите на бунтот на рускиот воен брод „Потемкин“. Делирадев се приклучил на националноослободителните борби на Македонците во 1907 година. Бил секретар на одредот на Јане Сандански, близок пријател на Павел Шатев и идеолог на левото крило на ВМОРО. Во мај 1908 година, како делегат присуствувал на општиот конгрес на левицата во Банско. На овој конгрес, Делирадев го одржал главниот извештај, во кој ја промовирал идејата за Балканска федерација. По прогласувањето на Младотурската револуција, го напишал манифестот „До сите националности во Империјата“, објавен од федералистите по нивната легализација. Учествувал во создавањето на Народната федеративна партија, го составил нејзиниот статут и програма. Тој го уредувал печатениот орган на партијата, весникот „Народна волја“ (1909–1910). Во 1910 година, заедно со Михаил Герџиков, ја објавил брошурата „Војна или револуција“, во која се изјаснил против војната. Бил мобилизиран и учествувал во војните, но во меѓувреме развил антивоена агитација и ја пропагирал идејата за Балканска федерација. Следел застој во неговите активности, кој траел неколку години. Потоа продолжил во научно-истражувачката област. Тој дал научни придонеси во географијата, геологијата, историјата, медицината, биологијата итн. Тој е автор на над 50 книги научна, популарна научна и уметничко-патувачка литература, 15 социо-политички брошури и над 2500 статии. Уредувал неколку весници и списанија и бил нивен соработник. По 9 септември 1944 година, бил во раководството на Македонскиот научен институт. Во 1945 година, Делирадев како помошник уредник во месечното списание „Македонска мисла“, орган на Македонскиот научен институт во Софија, истакнал дека: „Повелбата на новото време е: секој, којшто живее во Македонија, може и треба да се чуствува пред се и над се како Македонец...“ Павел Димитров Делирадев починал на 9 февруари 1957 година во Софија.
Подготвил: Т.К. |
















