|
|
| ДО КАДЕ ЌЕ ОДЕЛЕ ОСВОЈУВАЊАТА НА АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ МАКЕДОНСКИ ? |
|
Александар ДОНСКИ ДО КАДЕ ЌЕ ОДЕЛЕ ОСВОЈУВАЊАТА НА АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ МАКЕДОНСКИ ДОКОЛКУ НЕ ПОЧИНАЛ ТОЛКУ МЛАД, ТУКУ ДОЖИВЕАЛ СТАРОСТ? Сигурен сум дека мнозина си го имаат поставено ова хипотетичко прашање и нормално дека одговорот на истото е во областа на шпекулациите. Сепак, врз основа на некои историски факти, може со да се претпостави некој повеќе или помалку веродостоен редослед на настаните. Да претпоставиме дека Александар би доживеал возраст од 75 години. Во консултации со историски извори во врска со состојбата со земјите кои не биле освоени од негова страна, еве што веројатно би можело да се случи. Доколку Македонската војска и нејзините сојузници не побарале да се вратат назад туку наместо тоа продолжеле со освојувањето на Индискиот потконтинент, тие веројатно би го освоиле Пенџаб и би стигнале до реката Ганг, а индиција за ова е фактот што на тој простор владееле политички разединети држави. Тешко може да се претпостваи што би се случило потоа. Александар немал информации за Кина, а далечината од Македонија, од логистички аспект гледано, би била преголема за натамошни освојувања.
Од друга страна доколку се вратил жив во Македонија, сигурно дека освојувањата би продолжиле и низ Европа, Арабија и северна Африка. За освојување на арабискиот полуостров немало речиси никаков проблем, во северна Африка тогаш доминантна држава билоа Картагина, додека во средна и западна Европа тоа бил Рим (тогаш се уште недоволно развиена држава). Повеќе од сигурно е дека и едната и другата држава (Рим и Картагина) би биле поразени и освоени. Дали и колку би одел во освојувањата понатаму Александар тешко е да се претпостави, но факт е дека ќе можел да ја освои цела Европа. Така Македонската империја би се протегала од западна Европа, се до централна Индија плус северна Африка и Арабискиот полуостров. Сигурно дека во толку големата империја постојано ќе имало немири и востанија, кои веројатно би биле успешно задушувани имајќи ја предвид мудрата политика што ја водел Александар уште додека бил жив кога локалната власт ја оставал на локалните народи со целосна почит кон нивните културни и верски потреби. Понатаму, доколку Александар дочекал возраст од 75 години тој секако дека ќе оставел свој способен наследник, наместо вака кога неговата империја ја наследиле генералите кои веднаш ја поделиле и почнале со меѓусебни војни. На тој начин значително би било продолжено егзистирањето на Македонската империја со што и светската историја би имала поинаков тек (не би постоеле Рим и Византија и сл.). Но, сето ова се само шпекулации... |















