|
||||
| Борис Чушкаров |
|
Борис Чушкаров (28. I 1916 - 19. IX 1982) е македонски првоборец, комунистички деец, политички раководител во НОАВМ и полициски генерал-мајор. Познат како Боро Чушкар, по ослободувањето на Скопје на 13 ноември 1944 година, ја спречил бугарската војска потоа да парадира низ градот, преставувајќи се како ослободители. Боро Чушкар е роден на 28 јануари 1916 година во Куманово. Завршил учителска школа. Како студент на Филозофскиот факултет во Скопје, во демонстрациите за одбрана на Чехословачка во септември 1938 година бил уапсен, а во јануари 1940 година бил интерниран во Билеќа. Истата година станал член на КПЈ. За време на Втората светска војна се вклучил во народно-ослободителната борба. Бил политички комесар на Третата македонска НОУБ, на Четириесет и втората македонска дивизија и на Петнаесеттиот македонски корпус на НОВЈ. Бил учесник на Првото заседание на АСНОМ и прв раководител на ОЗНА за Македонија. По Ослободувањето бил на разни функции во УДБ-а, народен пратеник, секретар на Републичкиот совет на Народното собрание на НРМ, член на Централниот одбор на СЗБ од НОВЈ и др. Автор е на повеќе публицистички и историографски дела и остави обемни мемоари. Во своите спомени тој говори како по ослободувањето на Скопје, била спречена бугарската војска да парадира низ градот, преставувајќи се како ослободители. Имено, откако кај железничката станица му пришле на најстариот по чин офицер, командант на дивизија, генерал-мајор, кој го предводел бугарскиот полк спремен да парадира, Чушкар му наредил: „Знаеш ли дека ова не е царска Бугарија? Знаеш ли ти, генерале, дека се наоѓаш во Југославија? Знаеш ли ти дека војуваме против вас четири години? Да ви ја е’ам мајката фашистичка! Знаеш ли ти, ѓубре едно бугарско, ако направите уште еден единствен чекор кон градот, дека ќе наредам да се пука кон вас од сите оружја и орудија што ги има во градот!? Се влечете како лешинари по нас и јавувате по радио како ја „ослободувате Македонија”!? Каде вие испаливте куршум за ослободување на Велес и Скопје, да ви е’ам мајката! Што ви дава за право така гадно и подло да се лажете себеси и светската јавност!? Сместа во овој момент ќе им наредите на војската да се сврти на лево круг и сите да се вратите во касарните од каде и дојдовте. Дали разбравте, генерале? Со нас шали ќе нема!“ Носител е на Партизанска споменица 1941. Боро Чушкар починал на 19 септември 1982 година во Скопје.
Подготвил: Т.К. |
















