|
|
| Горд момент за нашата Македонско Христијанска Заедница во Канада |
|
Џими Марковиќ, мојот пријател и сонародник Македонец, веќе 28 години работи како транзитен оператор во градот Брамптон. Со својата посветеност и истрајност, тој има значаен придонес во признавањето и промовирањето на нашето православно наследство, традиција и култура во локалната заедница.
Пред неколку години, по негова иницијатива, градоначалникот на Брамптон и членовите на Градскиот совет одобрија секој јануари, на дестинациските табли на градските автобуси, да се прикажуваат пораките „Среќен Православен Божиќ“ и „Среќен Православен Велигден“.
Оваа година, Џими Марковиќ повторно упати иницијатива до градоначалникот и Советот, со која успешно беше донесена одлука јануари официјално да се прогласи за Месец на Православното Наследство во градот Брамптон.
По тој повод, делегации од Македонската православна црква „Св. Илија“ од Мисисага, заедно со Џими Марковиќ, беа поканети на официјалната церемонија на која одлуката беше свечено прогласена. Искрена благодарност до Џими Марковиќ за неговата континуирана поддршка на македонската заедница и за неговиот несебичен придонес во зачувувањето и промовирањето на нашето православно наследство, традиција и култура.
Боби-Боне Темелков Пртседател:Светски Македонски Конгрес Канада 21 Јануар 2026 Мисисага Канада |





























