|
|
| Бугарскиот рекорд на хаосот: десет години без влада, со апетит за туѓ устав |
|
Александар Македонски Џеповски Десет години политичка немоќ. Десет години избори, технички влади, привремени решенија и постојан институционален ќорсокак. Ако постои категорија во Гинисовата книга на рекорди за држава што најдолго не знае да си состави влада, Бугарија одамна требаше да ја добие златната медаља. И токму таква држава – неспособна да воспостави стабилна власт, без јасна стратегија и без елементарен политички консензус – си зема за право да држи лекции, да условува и да бара промени во Уставот на Република Македонија. Апсурд до апсурд, трагикомедија до трагикомедија. Земја што не може да си го среди сопствениот двор, со деценија го заглави парламентот, а амбициозно тропа на туѓи врати и бара да ѝ се отвори Уставот. Тоа не е политика, тоа е политичка мизерија. Доволно е некој бездомник да фрли камче кон нивна амбасада – или некој да биде посочен како „идеален виновник“ – и веднаш следи симфонија од жалопојки за омраза, прогон и наводна жртвеност. Трубење на сите фреквенции, дипломатски писма, европски аларми. Вистината е многу поедноставна и многу поболна: Бугарија не може да состави влада затоа што не знае каде припаѓа. Раскината меѓу Брисел и Вашингтон, од една страна, и сенките на Москва и Пекинг, од друга, таа чека да види кој ќе биде победникот во големата геополитичка пресметка. Додека не стане јасно кој ќе доминира – ЕУ и НАТО или Евроазија со Русија и Кина – во Софија владее парализа. Но, кога конечно ќе им се расчисти сликата, тогаш чудото ќе се случи за една секунда. Владата ќе се состави експресно, со насмевки, со цвеќиња и со свечен пречек на „победникот“. А веднаш потоа, старото хоби ќе продолжи: притисоци кон Македонија и нови барања Бугарите, овојпат можеби и по втор или трет пат, да се „вградат“ во македонскиот Устав. И тука трагедијата станува фарса. Држава што не може да се договори сама со себе, се обидува да крои уставни решенија на друга. Држава што е заложник на сопствениот страв и неодлучност, глуми европски тутор. Македонија, за разлика од тоа, одамна ја научи лекцијата: стабилност не се гради со уцени, а идентитет не се менува по туѓа желба. Колку и да трае бугарскиот политички хаос, едно е сигурно – нивната неспособност да состават влада не може и не смее да биде македонски уставен проблем. СМЕШНИ БИЛЕ И ТАКВИ ЌЕ ОСТАНАТ ОВИЕ ШТО СЕ НАРЕКУВААТ БУГАРИ. ТОА ИМ Е КАЗНА ОДРЕДЕНА ОД БОГА И КАКО ТАКВИ ДА ОСТАНАТ ДО КРАЈОТ НА НИВНИТЕ МИЗЕРНИ ЖИВОТИ. АМИН !!! |














