|
|
| Дали има крај за криминалот од владеењето на СДС и ДУИ? |
|
Место политиката на СДС и ДУИ да биде економијата, како што секојдневно се фалеа дека водат проевропска политика и во секое ќошенце дете, во секое ќоше се трупаа илјадници евра, додека младите генерации остануваа запоставени, без перспектива и со полни автобуси ја напуштаа државата во еден правец. Дали криминалот има крај или, пак, неговите корени се толку длабоко вградени во институциите што секој нов ден носи нов скандал? Речиси и да нема ден без откритие за злоупотреби, корупција и криминал што потекнуваат од годините на владеење на СДС и ДУИ. Каде и да се врши контрола – во судството, администрацијата, Министерствата, јавните претпријатија или безбедносните структури – се појавуваат исти откритија: милионски суми, сомнителни трансакции од луѓе кои со години биле „недопирливи“. Загрижува фактот дека криминалот не бил маргинален, туку системски, заштитен и институционализиран. Најновиот случај е шокантен и симболичен за целосната ерозија на правната држава. Во рамки на обемна истрага на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, при претрес во домот на родителите на судија од Апелацискиот суд Скопје, во Неготино, биле пронајдени дури 350.000 евра, соѕидани во ѕид – пари сокриени како во криминален филм, а не во дом поврзан со еден од највисоките столбови на правосудниот систем. Станува збор за судијата Ѓоко Ристов, а случајот е директно поврзан со минатомесечното апсење на адвокатот и поранешен државен правобранител Фехми Стафа. Според истрагата, Стафа примил 50.000 евра за да посредува и да влијае врз судија во Апелацискиот суд Скопје со цел укинување на мерка притвор за свој клиент. А клиентот не е било кој – станува збор за Љупчо Пецов, познат како Ѓаволот, осомничен во случајот „Синџир“, име што јавноста одамна го поврзува со сериозен криминал. Кога вакви луѓе бараат „услуги“, а судии и поранешни државни функционери се подготвени да ги испорачаат, повеќе нема дилема – правдата била на продажба. Овој случај не е изолиран инцидент, туку логична последица на години политички притисоци, партиски кадри и свесно уништување на институционалниот интегритет. СДС и ДУИ со години се колнеа во „реформи“, „европски вредности“ и „владеење на правото“, додека зад сцената се градела мрежа на корупција во која судството било клучна алка. Прашањето денес не е дали имало криминал, туку колкав бил неговиот опфат и уште колку вакви „ѕидови“ кријат пари од сомнително потекло. |














