Среда, 21 Јануари 2026   
М-Р ОЛИВЕРА ЈОВАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД МЕЛБУРН

11111

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО АВСТРАЛИЈА

Позната поетеса во иселеништвото  Оливера Јовановска е родена во Битола нa 21 јули 1970 година, а.пред завршувањето на средното образование во 1988 година се иселува во Австралија. Во новата средина  работела во администрација и се здобила со диплома за бизнис менаџмент. Таа е сопруга на познатиот интерпретатор и музичар Љупчо Јовановски – Бубе и е мајка на четири деца. Оливера е текстописец на голем број фолк-хитови, а некои од нејзините објавени песни се интерпретирани од познати македонски интерпретатори.

Оливера појавува љубов кон пишаниот збор уште од најмлади години и на единаесетгодишна возраст има објавено песни во „Битолски весноик“ и во други детски списанија. Повеќе пати била наградувана на конкурсот „Прличева награда“ на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј.

Инаку, за печалбарскиот живот  Оливера Јовановска го има изјавено следното;

„Досега сите мој книги се посветени на некого, или на моите синови или на внучињата, додека збирката поезија “Одмрзнати чувства”, е посветена на Битола, мојот роден крај, а романот “Лавиринт на Вистината” е посветен на сопругот Љупчо и на најмалиот син Христиан. “Неостварена Љубов” е посветена на сите мои синови: Благојче, Александар, Брендан, Христиан како и на сопругот Љупчо. Додека втората стихозбирка “Магични љубовни зборови” е посветена на внучињата Изабела, Маја и Вилиам.

На 15 години кога бев средношколка заминав за Австралија. Мислејќи одам на двомесечен одмор останав 35 години. Од почетокот иако животот не беше лесен во туѓа земја мене ми беше интересен можеби затоа што бев млада. И како што ние народно велиме “Кога си млад мислиш сѐ што лета сѐ се јаде”. Едноставно и тешкото ми беше лесно.

Набрзо по моето пристување се вработив и непланирано шест месеци потоа се омажив. Од почетокот се работеше тешко по фабриките, па тоа ми даде поттик за понатамошно школување. Иако бев сопруга и мајка на два, потоа три сина почнав со понатамошно школување. Благодетот од тоа беше добивање на секретарска позиција во медицинска ординација, каде бев и унапредена во менаџерр на ординацијата. Но со отворање на сопствен бизнис таа позиција беше доброволно прекината.

Да се биде сопственичка директорка на свој бизнис, нема поголема сатисфакција. Не само од профитабилен аспект туку и од хуманистички аспект. Да се биде член или сопственик на американскиот синџир ресторани на здрава храна е огромен успех затоа што критериумот за влез во таа компанија е многу строг.

Бизнисот растеше и во период од 12 години колку што бев во тој бизнис имав наизменично три ресторани каде што бројот на вработени низ сите тие години изнесуваше околу 1. 200. Кога отпочнав со бизнис кариера имав три сина и тоа од првиот брак, бев две години во Subway бизнисот кога се роди Христиан во 2010 година. Така што балансирав повторно- кариера со неспани ноќи од плач на бебенце. Но морам да бидам искрена дење сопругот го чуваше Христиан, ноќе додека Љупчо свиреше работеше јас го чував Христиан а дење додека јас работев тој го чуваше.

Тежок е животот печалбарски кога нема рака кој да ти подаде. Сѐ така до декември 2019 поточно пред ковид пандемијата кога го продадов и последниот ресторант. Тогаш се ослободив од голем товар затоа што рестораните работеа 7 дена неделно по 16 часа во ден, а имаше периоди кога еден од рестораните работеше и по 24 часа. Таа работа навистина е комбинација на голема организација и обврски што ги носев јас.

Уште од рана младост си имав замислено да работам само до педесеттата година. Па така под притисок или охрабрување на синот Брендан од кога дозна дека талентот за пишување го наследил од мене и пружената голема поддршка од сопругот Бубе, почнаа да се редат делата. Во тоа ми помогна и пандемијата со тоа што ние во Мелбурн го имавме најстрогиот карантин во светот рекорд на 260 дена да не смееш да излегуваш подалеку од 5 километри од твојот дом и тоа само еднаш дневно и само по една возрасна личност да има во автомобил“, го изјавила Оливера Јовановска.

Првото дело на Оливера Јовановска е стихозбирката „Неостварена љубов“. Таа е публикација на Македонското литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, чиј издавач е Душан Ристевски, а рецензент е Александар Донски. Стихозбирката зодржи 46 песни, кои претежно се со носталгична, и патриотска содршина. Доминантен мотив во стихозбирката е љубовта, онаа невозвратената, која впрочем е артикулирана и во самиот наслов на збирката.

Врората стихозбирка го носи името „Магични љубовни зборови“.И на ова дело издавач е Македонското литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, чиј издавач е Душан Ристевски, а рецензент е Александар Донски. Ова поетско остварување на Оливера Јовановска содржи 56 песни поделени во три циклуси. Првиот циклус содржи осум песни наменети за вокална интерпретација, односно за фолк композиции. Вториот циклус содржи 28 песни и е посветен на љубовта што жената ја негува кон припадниците на посилниот пол.Третиот циклус, пак, содржи дваесет песни и истиот е посветен на машките љубовни мотиви. Овде доминира воспевањето на женската убавина, како и тагата на невозвратената љубов.

Третата стихозбирка на Оливера Јовановска го носи името  „Омрзнати чувства“ и содржи педесет песни. И ова поетско дело е издание на Македонското литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, чиј рецензент е Проф. д-р Васил Тоциновски. Во 0ва поетко дело се продолжуваат и доградуваат идеите и идеалите, пораките и поуките на авторовите предходни дела. Притоа стиховите се истовремено текстови и за читање и за пеење. Во делото авторката воспева  повеќе теми и мотиви кои го создаваат мозаикот на човековата егзистенција.

Четвртото дело на Оливера Јовановска е романот под наслов „Лавиринт на вистината“.  И на ова дело издавач е Македонското литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, а рецензент е Александар Донски. Ова прозно дело беше објавено на македонски јазик во јули 2021 година и поради големата заинтересираност и кавалитетот на романот, авторката одлучи романот да го објави и на англиски јазик за пошироката читателска публика.

Оваа прозно дело е подготвено во време на Ковид пандемијата, кога многу луге во светот ги  загубија животите да ја откријат вистината. Оставија многи неостварени соништа, многу недоречени мисли, без разлика дали се негативни или позитивни.. Во романот главна личност е Ели која изгуби драги особи во борбата на пандемијата. Тие особи беше убаво да прошетаат по Битолската ларшија, на Водно во Скопје и други места. Всушност, романот е испреплетен налик на лавиринт што читателот го тера да го прочита.

Целото дејствие на романот се врти околу ликот на главниот јунак, Ели, која авторката ја следи уште од најраното детство, па сѐ до возраста кога постанала мајка на три сина, и до моментот кога ја запознава висинската љубов од нејзиниот живот. Ели е дете на разведени родители. Кога бракот се распаднува, двајцата партнери патат го наоѓаат секој на свој начин, но децата повеќе не добиваат подеднаква љубов од двајцата родители и поради тоа чувствуваат празнина, не само во својата душевна надградба туку и од празнината која ја носат секојдневно со себе: на училиште, кога играат со другарчината и кога спортуваат ја доживуваат првата љубов…

Романот „Лавиринт на вистината“ претставува интерсно четиво во кое се дефилираат различни карактери кои по различни животни периоди се составен дел од околината на централниот лик. Исто така, во романот „Лавиринт на вистината“.  авторката Оливера Јовановска  ги обработила и претставила карактерните особини и психолошкиот профил на најважните експоненти.Освен занимливиот и возбудлив карактер нуди и сериозни описи на ликовите, во кои секој читател ќе си го најде своето место. 

6a-slavek copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Излегува ли вистината на виделина за улогата на Заев и Филипче во скандалот со Клиниката „ЖАН МИТРЕВ“?

Понекогаш една реченица е доволна за да се отвори цел систем. Во случајот со клиниката „Жан Митрев...

Историја

News image

ФОРМИРАЊЕ НА ПРВИОТ НАЦИОНАЛЕН МИТ

Во 1832 година грчката кралска круна не беше нешто што се посакуваше, нејзината неопходност беше н...

Иселеници

News image

Горд момент за нашата Македонско Христијанска Заедница во Канада

Џими Марковиќ, мојот пријател и сонародник Македоне...

Култура и туризам

Фељтон

News image

М-Р ОЛИВЕРА ЈОВАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД МЕЛБУРН

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО АВСТРАЛИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.