|
|
| АВСТРАЛИСКО МАКЕДОНСКИОТ ТЕАТАР ОД СИДНЕЈ СО НОВА ПРОДУКЦИЈА |
|
Театарот имаше плоден репертоар, покрај индивидуални настапи на самите членови на разновидни средби и фестивали, Театарот успешно ја стави на сцена драмата Преполнета чаша (Невидлив затвор) од Душан Ристевски во режија на Лила Мицевска. Улогите ги толкуваа Васко Србиновски, Гордана Милошевска, Самоил Митревски, Марија Александрова, Стефан Нешкоски, Рубинчо Нешкоски, Лила Мицевса и Душан Ристевски. Публиката за најдобра актерка ја избра Гордана Милошевска која ја доби наградата Александар Македонски за толкување на главната улога на Анета. Се одржаа пет престави во Сиднеј и Волонгонг каде неколку илјади Македонци имаа можност да ја видат најновата продукција на овој реномиран Театар кој делува во Сиднеј и Нов Јужен Велс приближно 20 години. Се забележа дека од драмата Преполнета чаша се издаде ДВД како и книга во издание на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј. Исто така членовите имаа можност да дискутираат за најновиот драмски проект што се планира да биде поставен на сцена во мај 2026 година. Се планира да се стави на сцена комедијата Клеопатра од Кравари од драматургот Душан Ристевски. Честито на актерите и членовите на Театарот за уште една успешна година во промовирање на македонската театарска уметност во Австралија. Душан Ристевски |
Австралиско македонскиот театар од Сиднеј на 14 декември го одржа својот традиционален крајногодишен пикник покрај обалата на Карс Парк во Сиднеј. Покрај пикникот збогатен со македонска скара се одржа и годишен состанок при што се сумираа резултатите од активностите на Театарот во 2025 година.
























