Среда, 15 Септември 2010   
Контраверзна теорија за доаѓањето на Словените на Балканот

Петтиот и шесттиот век од нашата ера, официјалната светска историја го третира како време кога навлегуваат освојувачите или како време на “Голема преселба на народите”. Поставувајќи ја тезата за Големата преселба на народите како историска догма која не смее да се менува, историчарите на Западната цивилизација иако свесни за контраверзните податоци со кои располагаат арогантно ги отфрлаат најновите археолошки и лингвистички откритија иако даваат ново светло на овој период.

Во Историјата на човештвото - Големите цивилизации на средниот век, издадена во седумдесетите години, француските историчари под раководство Gaston Wiet, опишувајќи го периодот на “Големата преселба на народите”, ќе наведат дека густа магла го обвиткува потеклото на словенските народи. Според нив сето тоа се должи на скудната документација со која се располага, како што се неколкуте записи кои ги даваат византиските и франкиските историографи и чии известувања се слаби, не се секогаш меѓусобно складни и недоволно ги осветлуваат настаните кои се поврзани со Словените.

Според нив, несомнено е дека Словените најмалку илјада години пред 3 век п.н.е. биле населени во своите првобитни живеалишта кои 'најверојатно' се простирале помеѓу Карпатите, Балтичкото море, Одра и Дњепар. Потоа во поглавјето кое е поврзани со преселбата на Словените ќе наведат дека во 1 и 2 век од н.е. се пробиле према Дунав, во третиот век стигнале во Панонската низина а веќе во 5 век влегле на Балканскиот полуостров. Словените ги преставуваат како неорганизиран народ кој му служел на Аварите како маневарска маса при нивните напади на Солун и Цариград. Напоменувајќи дека Аварите се повлекле од Балканот, после последниот неуспешниот поход на Цариград во 626 година, историчарите ќе нагласат дека Словените останале и во средината на 7 век го “преплавиле целиот Балкан”. Тука тие се населиле засекогаш, а помеѓу нив и грчките староседелци се воспоставил некаков модус вивенди.

Анализираќи ја вака поставената официјалната светска историја за таканаречената “Голема преселба на народите”, во однос на доаѓањето на Словените на Балканот, ќе видиме дека најчесто тие оперираат со претпоставки, па во нивното толкување на историјата веднаш паѓа во очи клучни реченици како “густа магла го обвива потеклото на словенските народи”, “недостаток на документација која тоа може да го потврди”, а тие што постојат “меѓусебно не се потврдуваат”. Исто така ќе наидема на клучни зборови како 'најверојатно', 'се претпоставува' и слично, а врз кои подоцна се извлекуваат некакви заклучоци. Но сепак најконтраверзна е констатацијата дека Словените го преплавиле целиот Балкан која драстично се разликува од една претходна дадена во друго поглавје во истата книга, во која се вели дека во Европа немаше големи освојувачки групи.

Истите автори ќе забележат: “Треба да се избегне лажењето на западните писатели кои спремно поверуваа дека Европа ја преплавија незмерно мноштво на луѓе. Кога Вандалите го организираа својот премин од Шпанија во Северна Африка, тие се пробројаа. Вклучувајќи жени, деца старци, и робови беа вкупно на број едвај 80.000 луѓе. Од овде може да се извлече заклучок за аналогни количини за други народи. Тешко е да се оцени релативната вредност на тие бројки во однос према нападнатите народи, Дали во Шпанија наспроти 100.000 до 200.000 Визиготи биле 6 до 8 милиони староседелци. Ваква претпоставка се чини дека е смела. Меѓутоа сигурно е дека освојувачите во Европа беа неголемо малцинство.”

Ваквиот заклучок дека не постои Голема преселба на народите во Европа, овие автори ја демантираат во делот каде пишуваат дека Словените го преплавиле Балканот. Конфузијата на нивните заклучоци станува потполна во нивното објаснување кога велат дека единствено Кина и Византија како силни и организирани држава успеале да го амортизира навлегувањето на освојувачите, за потоа да заклучат дека само единствено источниот дел на Византија бил поштеден од навлегувањето на освојувачите, иако тие напредувале од исток кон запад.

Контроверзните заклучоци на западните историчари за Големата преселба на народите, во овој случај на Словените, кои се темелат врз недоволно поткрепени докази, како пишани така и археолошки, неминовно наметнуваат прашања: Колкав број на Словени дошле од зад Карпатите за да можат да го поплави Балканот? Колкав е бројот на староседелците на Балканот и каде исчезнале? Како успела дива и неписмена маса да ги помине неколкуте големите реки, посебно Дунав? Како успеале да поминат покрај првата одбранбена линија на византиската погранична војска распоредена покрај Дунав и втората одбранбена линија која ја држи помошната византиска војска, а која го брани пристапот до Цариград и Солун!? Зошто нема материјални докази за Словените помеѓу 6 и 9 век?

Споредбено со бројот на Вандалите при нивното преминување од Европа во Африка, бројот на Словените кои преминале Дунав не би можел да биде поголем од 100 до 200.000 луѓе. Меѓутоа тие сигурно не наишле на празен простор. Можеби преоптимистички звучи, но ако претпоставиме дека на просторот на Балканот во тоа време живееле околу 4 до 5 милиони луѓе, како е можно, стотина или двеста илјади словенски преселници, “диви и неписмени” да го преплават Балканот и притоа да ја претопат и збришат една стара цивилизација која со векови опстојувала на Балканот? Како е можно помалубројните “диви неписмени” Словени да извршат асимилација на “цивилизирано” население за тоа да се откаже од своите богови, од својот јазик а да ја прифати словенската култура, традиции и јазик? Како е можно неорганизирана неписмена слабовооружена словенска маса, без познати водачи, слободно да го поминат Дунав и да навлезат непречено дури до најјужниот дел на Пелопонез.

Според званичната историографија првите напади на Словените на Балканскиот полуостров, започнале кон крајот на 5-от век и траеле до времето на Јустанијан (527-565). За првпат Словените се забележани во 517/518 година, за време на катастрофалниот земјотрес кој разрушил повеќе утврдени градови меѓу кои и Скупи. Се смета дека Словените за првпат презимиле на територијата на Македонија во урнатините на Скупи!?. Дел од нив минале низ Македонија Прима и Македонија Секунда, Тесалија, Епир и стигнале дури до Термопилите. Во 548 година, според Прокопиј Кесариски, Словените го преминале Дунав и навлегла дури до Драч, следени од 15.000 византиски војници кои не се осмелиле да влезе во битка со нив!? Навлегуваат во 550-551 година до Ниш. Нападите на Словените со намера да го освојат Солун продолжиле дури во 581-та година, кога 100.000 луѓе го поминале Дунав и три години подоцна кога одред од 5000 словенски војници да го опколи Солун. Во 586-та година, пак, околу 100.000 Словени го препливале, или поминале Дунав, доаѓајќи во Солунската област.

Во чудата на Св Димитрија, за нападот на Аварите и Словените на Солун во 586 година, стои запишано: “Мили мои, тоа беше најголемата војска што сме ја виделе во наши времиња. Според едни таа изнесуваше повеќе од сто илјади тешко вооружени мажи, според други помал број а според трети многу повеќе.... Како да гледаме нова војска. Ксерксова или војска од Етиопјани или Либијци, коишто порано војувале со Јудеите... И така огромното множество добило наредба да го измине патот со таква брзина што ние не дознавме за нивното пристигнување се до пред еден ден: затоа што за нивното доаѓање стана познато во неделата на 22 септември. И додека граѓаните се сомневаа дали тие ќе можат да пристигнат во овие краишта дури по четири или пет дена, а поради тоа што беа понемарни за заштитата на градот, тие пристигнаа безгласно пред градските зидишта уште во понеделникот утрината.” Во продолжение на оваа сторија од чудата на Св Димитрија можеме да прочитаме дека Солун го бранеле Македонци, Тесалијци и Ахајци и дека на нивниот повик да им се придружат, мнозина од Словенските напаѓачи преминале во градот и биле сместени во градските бањи кои не биле во употреба. Брзото појавување на словенската војска пред зидините на Солун, за само еден ден наместо за 4-5 дена, и придружувањето на голем број на Словени кон бранителите на Солун само дава претпоставка дека се работи за локалните племиња кои можат брзо да пристигнат до Солун и кои добро се познаваат со жителите на Солун.

Ако ги проследиме другите фактори ќе видиме дека во 5 и 6 век нема Голема преселба на народите на балканот. Самата преселбата на Словенскиот народ од зад Карпатите не е едноставна работа, посебно ако во колоната има деца, жени, старци и робови, кои со себе носат храна, стока и потребна покуќнина натоварена на воловски запреги. Посебно не е едноставна ваква преселба да се случи преку голема река како што е Дунав, а без дозвола од Византискиот цар или помош на Византиските власти кои ја контролираат границата и поседуваат пловни средства. Смешна е теоријата за поминување на Дунав со цевки за дишење направени од трска. Интересно е што не постои никаков запис од воените византиски власти или од тогашните историографи, кои сигурно би забележале поголеми воени активности на границата или дозволи за населување на Словените во Византиската земја, како што постојат за други народи.

Иако официјалните истоиричари, западни, источни или домашни, признаваат дека сведоштва на византиски автори за некакви словенски племиња на Балканот нема или се многу оскудни, тие како љубители и застапници на тезата за Големата преселба на Словените на Балканот тврдат дека постојат некакви сведоштва за некои племиња дојдени од зад Карпатите во областа околу Солун. Тука ни се сервираат имињата на македонските племиња Драгувити, Сагудати, Велегезити, Вајунити, Берзити и др. Меѓутоа се поголем број на познати историчари укажуваат дека зад овие имиња се кријат старите автохтони племиња Пајоните, Пелазгите и Бригите кои со векови тука живееле, а чии племенски имиња се модифицирале со раличните изговори или преводи од страна на латините, готите или грците. За нив, името и локацијата на новите доселени племиња, се поклопува со старите племиња, а со тоа се докажува континуитетот на ист народ со векови.

Што навистина се случува во периодот од 6 до 9 век, за врема на доаѓањето на т.н. македонски Словени, можеби ќе го расветли одговорот на прашањето поврзано со вечната борба за приматот на Константинопол и Рим започната уште во 4 век на територијата на Македонија и која се одвива се до конечната поделба на христијанството на Источно и Западно во 1054 година. Случајно или не, првото доаѓање на македонските Словени во 518 година се совпаѓа со годината кога Солунскиот викаријат, формиран од страна на Рим во 412 г, се приближува кон Константинопол!? Не случајно, македонскиот селанец, византискиот император Јустинијан кој сака да го обедини римското царство, во 535 ќе ја формира Архиепископија Јустинијана Прима, на која подоцна ќе се надоврзе Охридкста архиепископија. Сето ова посочува дека на Балканот во овој период се одвиваат други процеси за кои е потребна посебна елаборација, но секако не станува збор за преселба на народи и доаѓање на некакви македонските словенски племиња.

Измислената теорија за доселувањето на Словените на Балканот од западно-европската историграфија пред повеќе од стотина години, која ја прифаќаат руските и балканските историчари имаа одредена цел со која се затскриваа вистинските настани на Балканот, а истовремено поставуваат основа со која ги поткрепуваат нивните вековни експанзионистички аспирации кон Балканскиот полуостров и излез на Егејско море. Секој обид за ревизија на теоријата за доселувањето на Словените на Балканот, ќе отвори низа прашања за промена на целокупната современа историја. Ваквите промени кои опфаќаат државни и црковни интереси, никако не им одат во прилог не само на нашите соседи, туку и пошироко. Не се случајни проблемите со кои се соочува Македонија и Македонската православна црква.

И покрај сите обиди да се негира правото на македонскиот народ на континуитет се повеќе на површина излегуваат доказите кои потврдуваат дека македонскиот народ има длабоки корени во македонската земја кои се многу постари од корените на нашите соседи па дури и од Грците .Затоа жалосни се сите оние обиди на гласноговорниците на старите теории кои се обидуваат повторно својот народ да го поделат на антиквизирани Македонци и Славомакедонци.

Тихомир Каранфилов

 

На прво место

News image

БУГАРСКИТЕ ВЕСНИЦИ ОД 1905 ГОДИНА ЈА НАПАЃАЛЕ МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ДЕЈНОСТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Во нашата јавност е малку познато дека, за разлика од денес, бугарските весници од околу илинденск...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (72)

Македонскиот народ се соочува со огромни притисоци и со оваа марионетска власт предводена од лидер...

Иселеници

News image

БОГАТО МИНАТО И СЕГАШНОСТ НА ДРЕВНАТА МАКЕДОНСКА ЗЕМЈА (3)

Во 2020 година се навршија 55 години од осветувањето на ...

Култура и туризам

News image

МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ЈУГОСЛАВИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. КИРИЛ“ ВО РИМ ВО 1979 ГОДИНА - ДЕЛ I (23)

ЕДИНАЕСЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО ВЕЧНИОТ РИМ 

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (39)

  ХЕСПЕРИДИНИТЕ ГРАДИНИ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.