Петок, 14 Јуни 2013    PDF Печати Е-пошта
Знамето на САД се вееше над Конгресот во чест на покојниот митрополит Кирил

kongresОбединетата македонска дијаспора (ОМД) со задоволство ја информира јавноста за вчерашниот историски настан за македонско-американската заедница и Македонската православна црква. Денес, конгресменката Кендис Милер (член на републиканската партија од Мичиген) и претседавач на пријателската конгресна група за Македонија и македонските Американци се погрижи за истакнувањето на американското знаме над американскиот конгрес во чест на полошко-кумановскиот митрополит Кирил.

ОМД истакнува дека ова е прв пат американското знаме над конгресот да се вее во чест на Македонец. Ова знаме денес ќе биде предадено на македонската православна црква "Рождество на Пресвета Богородица" во Стерлинг Хајтс во Мичиген од страна на советниците на конгресменката Милер.

Понатаму вчера конгресменката Милер внесе текст во конгресните записи во кој му оддаде признание на митрополитот Кирил, а исто така испрати и писмо до македонско-американската заедница во Мичиген.

Писмото можете да го прочитат ако кликнете тука.

Во записот и во писмото, конгресменката Милер изјави:

"Јас имав привилегија да се сретнам со владиката Кирил во Вашата црква и бев сведок на неговата јака верба во македонската православна вера и во неговиот неуморен ангажман за подобрување на македонскиот народ. Владиката Кирил беше голем активист за македонската православна црква и за луѓето со македонско потекло ширум светот. Тој одигра клучна улога во основањето и развојот на нашата македонска заедница во јужен Мичиген."

"Со враќањето во Македонија во 1967 година по завршувањето на теолошката акедемија во Москва, владиката Кирил одигра клучна улога во обновувањето на Охридската архипископија на македонската православна црква, двеста години по нејзиното укинување од страна на отоманскиот султан. Владиката Кирил беше единствениот преживеан потписник на афтокефалната декларација и голем активист за основањето на независна Република Македонија."

Таа го завршува писмото со:

"Неговото присуство во македонската православна црква е незаменливо, а неговите многубројни придонеси за македонскиот народ, Македонците во дијаспората, вклучувајќи ги и оние во Стерлинг Хајтс во Мичиген, се камен-темелник на македонската заедница и се од трајна вредност. Засекогаш ќе ја паметам мојата средба со владиката Кирил, и сум благодарна за неговата служба на македонската православна вера и македонскиот народ."

ОМД длабоко се заблагодарува на конгресмената Милер за укажаната почит кон владиката Кирил на ваков историски начин и за нејзината постојана поддршка за нашата заедница во САД и нашата татковина Македонија.

Целосното писмо следи -

Почитувани отец Синиша, отец Антони, и сите членови на македонската правсолавна црква "Раѓање на Пресвета Богородица":

Примете го моето најдлабоко сочуство за смртта на полошко-кумановскиотмитрополитг. Кирил од Македонската православна црква. Неговата смрт е голема загуба за Македонија, но и за сите верници на Македонската православна црква, а најмоногу за оние од регионот на Полог/Тетово во Македонија.

Јас имав привилегија да се сретнам со владиката Кирил во Вашата црква и бев сведок на неговата јака верба во Македонската православна црква и во неговиот неуморен ангажман за подобрување на македонскиот народ. Владиката Кирил беше голем активист за македонската православна црква и за луѓето со македонско потекло ширум светот, и одигра клучна улога во основањето и развојот на нашата македонска заедница во јужен Мичиген.

Со враќањето во Македонија во 1967 година по завршувањето на теолошката акедемија во Москва, владиката Кирил одигра клучна улога во обновувањето на Охридската архипископија на Македонската православна црква, двеста години по нејзиното укинување од страна на отоманскиот султан. Владиката Кирил беше единствениот преживеан потписник на афтокефалната декларација и голем активист за основањето на независна Република Македонија.

Владиката Кирил ги основа американско-канадаската епрахија како и австралиската епархија во кои служеше како главен администратор во 1987 и во 1982 година. Во текот на неговиот живот, неговото лидерство служеше како катализатор за меѓународно проширување на македонската православна вера. Длабочината на неговото наследство е потврдено со фактот дека во повеќе од петнаесет странски градови тој е деклариран како почесен граѓанин.

Повторно, Ве молам примете го моето најдлабоко сочуство за смртта на владиката Кирил. Неговото присуство во Македонската православна црква е незаменливо, а неговите многубројни придонеси за македонскиот народ, Македонците во дијаспората, вклучувајќи ги и оние во Стерлинг Хајтс во Мичиген, се камен-темелник на македонската заедница и се од трајна вредност. Засекогаш ќе ја паметам мојата средба со владиката Кирил, и сум благодарна за неговата служба за Македонската православна вера и македонскиот народ.

Со почит,

Кендис Милер

 

На прво место

News image

Излегува ли вистината на виделина за улогата на Заев и Филипче во скандалот со Клиниката „ЖАН МИТРЕВ“?

Понекогаш една реченица е доволна за да се отвори цел систем. Во случајот со клиниката „Жан Митрев...

Историја

News image

ФОРМИРАЊЕ НА ПРВИОТ НАЦИОНАЛЕН МИТ

Во 1832 година грчката кралска круна не беше нешто што се посакуваше, нејзината неопходност беше н...

Иселеници

News image

Горд момент за нашата Македонско Христијанска Заедница во Канада

Џими Марковиќ, мојот пријател и сонародник Македоне...

Култура и туризам

Фељтон

News image

М-Р ОЛИВЕРА ЈОВАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД МЕЛБУРН

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО АВСТРАЛИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.