Четврток, 25 Март 2010    PDF Печати Е-пошта
Македонски Лексикон од 16 век
Текстовите претставени за анализа во оваа статија се публикувани од страна на Institut Detudes Slave, De L'universite De Paris во 1958 година, оваа студија се базира на зборови и фрази од Македонија во 16 век.

Тоа е еден од најраните ракописи напишани во чисто македонски народен јазик, а нејзината содржина е составена од селото Богатско, кое се наоѓа во регионот на Костурско во југо-западниот дел на Македонија. Авторот останува анонимен и најверојатно единствениот заклучок кој може да се направи е тоа дека тој го зборува македонскиот јазик како мајчин или го здобил како дополнителен јазик поради што живеел во непосредна близина на луѓето со кои зборувал.

Текстовите се напишани со помош на грчката азбука, кое не беше нешто невообичаено на Балканот за време на отоманскиот период, како и во слични примери со албанскиот и влашкиот јазик.

Текстовите откриваат локални карактеристики кои преживеале и се уште се присутни во голем број на денешните зборувани македонски дијалекти. Овој факт покажува извонредна доследност на македонскиот јазик, и покрај отсуството на државна поддршка или школување до 20-тиот век. Подолу е примерок на зборовите од текстот, заедно со јазичните карактеристики својствени за јазикот на Македонците.

На животните / храна / анатомија - Мраве (Мрави); Цурвец (Црвот), Сокол (сокол ), Врапци (Врапци), Голоби (Гулаби), Кокошки (Кокошки), Петел (Петел), Офци (овци), кози (кози), јагне (јагне), Мечика (мечка), Елен (Елен), Лисица (Лисица), Кон (коњ), Круша (Круша), Месо (месо), Сирени (сирење), Jajca (јајцата), Вино (Вино ), сол (сол), Жито (жито), Коска (коска), Газ (газ), Куро (курот), Маде (маде).

Единствени и позајмени Зборови

Зборот Галухци (глувците) се користи, што исто така може да се каже како Глухци или Глуфци, а Македонците се единствените луѓе кои го користат овој збор. Зборот Велигден се користи, изговара со 'Г' само во македонскиот. Турските заеми се многу ретки, еден пример е Јоргано (Ќебе).

Диалектна и Jat тема - Костурскиот регион содржи дијалекти во кои се задржуваат неколку архаични карактеристики, како на пример зборот Ранка, а не попопуларната македонската варијанта на Рака. Интересен тренд е резултатот на употребата на повеќе транзиции на Јат функцијата која е присутна во различни македонски и словенски дијалекти. На пример, во текстот се наоѓа зборот Дедо, а не Дјадо, но Хлјап (леб), а не Леп или Леб.

Членови

- Типичниот македонски член во оваа статија е претставен во зборовите како Крушата и Душата. Исто така е забележан во зборот Патот, иако како што е случај со Јоргано (ќебето) покажува, дека 'т' на крајот може да се испушти, како и во неколку од денешните македонски дијалекти. Содржејќи богат речник со повеќе од 300 зборови и фрази, текстовите ја демонстрираат силата на македонскиот јазик преку неговото зачувување.

Подоле е споредбата на реченици помеѓу Костурскиот дијалект во 16-от век и на македонскиот дијалект на Битола денес.

16 век, Костурски дијалект:

Господине, брате, да си здрав, да си прост, остави ни да спиме, ела да јаме, и да пиеме, дол да појдиме, да работиме. Имате хлјап-о да купиме, имате вино да купиме, от која страна да појдиме во Богаско.

21 век, Битолски дијалект:

Господине, брате, да си здрав, да си прост, остаи не да спиаме, ела да јаиме, и да пиаме, долу да појдиме, да работиме. Имате леп да купиме, имате вино да купиме, од која страна да појдиме во Богатско. Како што може да се забележи, поголемиот дел од лексиката и граматиката се идентични.

Краток речник на македонскиот јазик - Костурски дијалект од 16 век:

Голема благодарност до Михаил Барак од Организацијата „Македонска Вистина“ кој ни го испрати лексиконот во електронска форма.

Македонски лексикон од 16 век (Download)

 

На прво место

News image

Грција забрани влез на Тодор Петров во Грција

ТОДОР ПЕТРОВ И СВЕТСКИОТ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС НЕ СЕ ЗАКАНА ЗА НАЦИОНАЛНАТА БЕЗБЕДНОСТ НА ГРЦИЈА

Историја

News image

За борбата на битолскиот револуционер Ѓорги Поп Христов, патриот посветен на Македонија

Во плејадата на македонски револуционери кои целосно и доследно се бореа под светата паролоата “слоб...

Иселеници

News image

Македонската песна е моја љубов

Јас  почнав да се занимавам со музика, поточно со мак...

Култура и туризам

News image

Првото желание го добив со истеруањето грчќио владика

Од црковнио вопрос, од збирањето народни умотворенија, ватив дуќано да го поарнисуам и на калфи да г...

Фељтон

News image

Хипатија

Потрагата по македонското знаење од древната и славна епоха на Македонците не води в...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.