|
|
| Порталот „Македонска Нација“ Ви ја честита Новата 2026 година |
|
Драги браќа и сестри, почитувани сограѓани, Порталот „Македонска Нација“ Ви ја честита Новата 2026 година на сите Македонци, каде и да сте, во Македонија, во Егејска и Пиринска Македонија, во Мала Преспа и Гора, како и во дијаспората, расеани по светот, но засекогаш врзани со своите корени и татковината. 2025 година уште еднаш ни покажа дека македонскиот народ е народ на трпение, борба и создавање. Народ кој не се откажува, кој знае да страда, но и да сонува. Народ што опстојува и кога е најтешко. Токму затоа, во 2026 година да се обединиме околу она што нè прави свои – љубовта кон Македонија, почитта кон нашата историја, јазик, култура и идентитет. Нека Новата година биде време на разум, храброст и одговорност. Време кога ќе ги негуваме традициите што нè одржале низ вековите и ќе ја градиме иднината на нашата татковина со чисто срце и исправен став. На сите Вас Ви посакуваме пред сè здравје, радост, мир и напредок. Ви посакуваме семејна среќа, личен успех, достоинствен живот и благосостојба. А на Македонија ѝ посакуваме да оди по патот на слободата, правдата и просперитетот, како држава на еднакви граѓани и силен национален идентитет. Да ја пречекаме 2026 година со исправена глава и отворено срце. Да ја градиме иднината заедно, да го чуваме и браниме македонскиот јазик, култура и идентитет, и да не заборавиме кои сме и од каде доаѓаме. Нека Новата година донесе мир, љубов и бериќет во секој дом, топлина во секое срце и нека донесе нов живот – повеќе деца, повеќе радост и повеќе надеж за утрешниот ден. Среќна и благословена Нова 2026 година! |














