|
|
| Вистината е како шило – понекогаш касни, но секогаш излегува на површина |
|
По јавното тврдење на Томо Аврамски, близок пријател на Зоран Заев, дека Заев заедно со Венко Филипче градат 42-катница во Дубаи, следуваше очекуван демант. Но тој демант беше половичен, нејасен и симптоматичен. Наместо целосно, јасно и недвосмислено негирање, јавноста доби признание меѓу редови: дека Венко Филипче не гради 42-катница, но не и дека Зоран Заев не гради. Со тоа, индиректно се потврди она што граѓаните одамна го насетуваа, дека Заев инвестира во Дубаи, а Филипче поседува имот во истиот град, или пак, како што тврди Аврамски, дека инвестираат заедно?. Само неколку дена подоцна, на социјалните мрежи се појави фотографија од аеродром во Италија, на која Венко Филипче е со своето семејство, на пат токму кон Дубаи. И повторно, наместо јасен и недвосмислен демант, од СДС добивме обвинувања дека некој го „следел“ Филипче. Повторно без негирање на суштината. Повторно без одговор на најважното прашање. Ако е точно тврдењето на Аврамски, а фотографијата од аеродромот во Италија дополнително го потврдува тоа, тогаш може јасно да се констатира следново: Филипче отпатувал за Дубаи кај Заев. Доколку е точно дека Заев и Филче, високи функционери на СДС поседуваат имот и луксуз во Дубаи, тие имаат морална и политичка обврска пред народот да одговорат: дали тие пари се чисти и чесно заработени, или потекнуваат од криминални тендери, системска корупција, злоупотреба на институциите, трговија со влијание, па дури и од предавства, како што беше промената на името?. Народот има право да ја знае вистината? Додека обичниот човек се бореше со сиромаштија, неправда и неизвесност, пред очите на народот гледаме како поединци безгрижно уживаат во Дубаи, Албанија и други луксузни дестинации со пари стекнати преку корупција и криминал, а со морална дрскост зборуваат за чесност и европски вредности. 2026 година мора да биде година кога законот ќе важи за сите – без разлика на партиска книшка, функција или поранешна моќ. Не одмазда, туку правна и морална нужност. Оние што со години ја крадеа државата, што продаваа име, идентитет и култура, мора да одговараат, а секој неправедно и криминално стекнат имот мора да биде конфискуван. Времето на неказнивост мора да заврши. Од актуелната влада не се очекуваат чуда, туку истрајност, храброст и одговорност. Секој отворен случај и секоја постапка по закон се чекор кон стабилна и праведна Македонија. Новата влада, предводена од Христијан Мицкоски, кај огромен дел од народот влева надеж дека започнува период на исправување на грешките од минатото – не период на магија, туку период на сериозна и одговорна работа. И со право народот верува и очекува тие што се огрешиле да одговараат. Народот денес не бара празни зборови. Бара дела. Бара правда – за украдените пари, за уништените институции и за продаденото достоинство. Секогаш вистината е како шило: можеш некое време да ја криеш, да ја туркаш под тепих, да ја обвиткуваш со лаги и деманти, но порано или подоцна таа ќе излезе на површина и ќе боцне токму таму каде што најмногу боли. Со вера во себе, со љубов кон татковината и со одговорност кон иднината, да ја пречекаме 2026 година. Нека ни е среќна Новата 2026 година!
|















