|
||||
| СДС и во новата година со старите приказни – 2026 е година на враќање на вашите долгови |
|
Почитувана СДС, среќни новогодишни и Божиќни празници. Иако постоеше надеж дека со новата година ќе донесете и нов политички наратив, очигледно останавте верни на старите матрици и истите неосновани обвинувања. Повторно зборувате за наводни мигранти кои не постојат, за задолжувања кои не се случуваат и за „дупки“ во Буџетот што се производ исклучиво на вашата фантазија. Очигледно, сѐ уште не ви е јасно дека државата денес не се води како во времето кога вие управувавте со неа. Ако вие во 2018 година бевте подготвени да прифатите мигрантски сценарија, ние тоа нема да го направиме. Ако вие го задолжувавте народот и идните генерации, ние нема да продолжиме по тој пат. Ако вие оставивте празен Буџет и финансиски хаос, оваа Влада нема да го повтори истиот модел. 2026 година ќе биде година во која ќе се враќаат вашите долгови и заеми – обврски што ги оставивте зад себе, а кои денес мора одговорно да се сервисираат. Но, 2026 година ќе биде и година на економски напредок. Година на зголемен економски раст, повисоки плати и пензии, подобар животен стандард за граѓаните, нови работни места, инвестиции и отворање на нови фабрики. Затоа, СДС нема причина за грижа. Државата денес ја води Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ која мисли и работи во интерес на граѓаните – а не во интерес на сопствените политички митови. |





















