|
||||
Свети Прохор Пчињски |
Пустиножителот кој му ја претскажал иднината на царот Диоген![]() Тука имал средба и со Роман Диоген, идниот цар на Византија, на кого му ја претскажал иднината. Имено, житието раскажува дека еднаш кога Диоген бил на лов во овој крај бркал една срна. Срната дошла пред пештерата и легнала пред нозете на светецот. Потоа по неа дошол и Диоген кој се исплашил од глетката и се засрамил од старецот, поради што почнал да бега од местото. Но и се изненадил кога старецот го повикал по име: „Диогене, немој да бегаш, но врати се, и јас сум човек“. А кога се вратил кај старецот барајќи прошка и благослов овој му рекол: „Диогене, речено е да одиш во Цариград и да бидеш цар, но кога ќе дојдеш на престолот спомени ме мене, старецот, поради пророштвото што ти го изреков“. Диоген навистина станал цар на Византија во периодот 1067-1071 година, и тогаш го заборавил светиот Прохор. Овој пак монашкиот живот го продолжил во планината Козјак во една пештера во близината на реката Пчињ,а каде што и умрел на 14-тиот ден од месецот октомври, а неговото тело долго не се распаднало. Царот Роман Диоген навистина заборавил на светиот старец но еднаш тој му се јавил во сонот и му рекол: „Ја заборави твојата облека и мене старецот“. Тогаш тој тргнал да го бара на местото каде што ја имал чудната средба со него и со срната. А кога не го нашол, за спомен изградил убава црква што и денес ги восхитува случајните и намерните посетители на селото Старо Нагоричане. А кога сакал да се врати во Цариград пак во сонот му се јавил светецот и му рекол дека ако го бара ќе го најде во планината. Царот со придружбата тргнале низ планината и на едно место виделе како бел орел излегува од една пештера. Во таа пештера го нашле телото на светецот уште нераспаднато. Царот и придружбата се поклониле пред светите мошти, и ги понесле кон реката со намера да ги положат во манастирот посветен на неговиот спомен. На едно место ковчегот со светите мошти застанал и не можеле да го помрднат, а светецот во сонот му рекол на царот: „Нема да ме однесеш оттука“. Тука е изграден манастирот што го носи името на Свети Прохор Пчињски, а неговите свети мошти и денес лежат во црквата од десната страна на олтарот. Царот Диоген по овие настани среќен се вратил во Цариград. Свети Прохор Пчињски починал на 14 септември (с.с.), но поради тоа што на овој ден се празнува големиот празник Воздвижение на чесниот крест (Крстовден) празнувањето на преподобниот Прохор е пренесено на 15 јануари (с.с.). Најстариот портрет на Свети Прохор Пчињски заедно со портретот на Свети Јоаким Осоговски се среќаваат во црквата „Свети Ѓорѓи“ во Старо Нагоричане (по обновувањето) завршени во 1318 година, како единствени претставници на локалниот култ. Манастир „Свети Прохор Пчински“Манастирот на реката Пчиња е подигнат во 11 век. Манастирот бил и зографски центар, а и препишувачка школа, односно ракописен центар. Живописот на црквата е од 1489 година. Во 1944 година во манастирот е одржано Првото заседание на АСНОМ.![]() |