|
„Во почетокот беше Зборот, И Зборот беше во Бога, И Бог беше Збор“
(„Евангелие од Јован“, 1,1; Откр. 19; Јован,17,5)
Развојот на цивилизацијата, воопшто на човекот и неговите општествени формации, неизбежно е поврзан со умствениот едукативен процес. Како израз и одраз на умствените развојни линии се јавува потребата од одгатнувањето на тајната на зборот, која во одреден момент се здобива со осмислена писмена ознака. Со веќе пронајдениот и одразен негов код се овозможува полесна комуникација со сите оние кои ќе го запознаат или распознаат тој знак. Не случајно именката збор содржи повеќезначна симболика во светот и во Македонија, откако се создаде словенската писменост: буква1, иницијал, книга, писмо, израз, симбол, разум, почеток на создавање. И, ако го сфатиме со значењето: буква, или книга, или зачеток на нешто ново, ние застануваме пред една тајна.
Таатајна ја загатнувал, одгатнувал, раскажувал човекот, за да дојде до заклучок дека е таа бесконечна, не раздвижува, нe води до сознанија, решенија, за да постави нови прашања. И така, тој збор, со целата своја многузначна симболика влегува во филозофскосо знајната сфера за Универзумот, магичниот центар на интересот на човекот, во почетокот на првата глава од новозаветното Четвороевангелие, во „Евангелието од Јован“, како патоказ за развојот на човековата мисла Венко Андоновски: "...светата природа на буквите, нивната несфатлива моќ да бидат нешто друго и поинакво одошто се (знаци за еден определен глас), со други зборови- да бидат свети фигури на еден сакрален свет..." („Стожер“, Скопје, ноември-декември 2001, 3).11 ла. Словенската писменост ги забрзува духовно-културните интереси и сознанија на новоописменетите словенски народи и овозможува сите тие да влезат во современите културни текови на Европа. Овојпат, со писмениот збор ќе го изразат својот индивидуален стремеж за растеж и натпревар со сите напредни пре- вирања во нив и надвор од нив.
За да се сфати суштинското значење на Св. Климент Охридски неопходно е да се образложи пресудното влијание на неговите учители Светите Кирил и Методиј. Како нивен најдобар ученик, Климент имал можност лично да се осведочи во нивните креации и дела и да ги применува за време на целиот свој живот. За потребите на Моравските Словени, Браќата Просветители, пред заминувањето во најзначајната нивна мисија - Моравската, ја создадоа првата азбука - глаголицата, го кодифицираа литературниот старословенски јазик со основа на јужномакедонските говори од околината на Солун. На овој оформен јазик ги преведоа неопходните црковни книги, Изборното Евангелие, Апостолот, Псалтирот, Номоканонот, од грчки на старословенски јазик. Пред смртта, Свети Методиј заедно со своите помошници го извршил првиот словенски превод на Библијата.
За изградувањето на животниот пат и делото на Климент Охридски послужија повеќе извори, кои според јазикот на кој се составени се делат на: словенски, грчки и латински. Во случајов, зачуваните грчки извори даваат најцелосна слика за Климента. Пред сe, „Опширното житие на свети Климент Охридски“, составено од охридскиот архиепископ Теофилакт, по потекло Грк, познат писател и автор во Византија во 11. век, претставува вистинска уметничка хагиографија, градена според високите критериуми на византиската хагиографска литература.
Се мисли дека овој богат извор го имал пред себе и словенското опширно житие за Климента. Во еден словенски12 извор од „Краткото житие на Свети Наум“, се наоѓа податокот дека постоеле словенски опширни житија на Климент и Наум Охридски, но до нив не можел да дојде анонимниот автор. Најверојатно, Теофилакт ги имал пред себе словенските житија. Исто така, во 13 век охридскиот архиепископ Хоматијан го составил на грчки јазик „Краткото житие на Свети Климент“. За родоначалникот на старата македонска книжевност немаме доволно податоци во врска со неговото потекло, местото на раѓање и младешките години. Се смета дека е роден околу 840 година, а се знае дека починал на 27 јули 916 година, во сопствениот манастир во Охрид. Повеќе слависти сметаат дека и местото на раѓање е неговиот сакан град Охрид. Оваа претпоставка се базира врз определеноста на Климента да живее и работи најчесто во Охрид, каде што дошол од бугарскиот центар во 886 година. Од неговото книжевно творештво, а и од вестите што ни ги оставил Теофилакт, се заклучува дека Климент стекнал солидно образование во некоја византиска школа.
Уште како млади ученици на Кирил и Методиј, заедно со сопатникот Наум Охридски учествувале во Моравската мисија. Учениот и талентиран хагиограф Теофилакт не пропушта да ги истакне ликовите на учениците по смртта на Методиј. Германските епископи веднаш се погрижиле да ги сотрат трагите од Кирилометодиевската дејност. Горазд не го заменил Методиј, а сите ученици биле жестоко измачувани и протерани од Моравија: „Војниците, луѓе жестоки, Германци, и по природа жестоки, а сега жестокоста им се зголемила и заради наредбата, според која ги изведоа Светците од градот, каде што ги слекоа и голи почнаа да ги влечат. И со една постапка им нанесoa две лошотии: oбесчeстување и страдање од студената магла која секогаш се надвивала над дунавските земји...“ Измачувани и протерани, не-13 кои од нив умреле, други биле продавани по европ ските пазаришта како робови, трети се упатиле долж јадранското крајбрежие, а посебна група, меѓу кои се наоѓале Климент и Наум Охридски, ја минале реката Дунав со сплав и пристигнале во Белград. Оттаму заминале во бугарската престолнина на кнезот Борис, каде што биле убаво пречекани и сместени во најбогатите благороднички куќи, бидејќи кнезот одамна посакувал образовани луѓе кои ја усвоиле словенската писменост.
Животниот пат на Климент Охридски изворите го започнуваат со одисејата по Методиевата смрт. Меѓутоа, познато е дека Климент од младите години го следел Методиј, а со тоа што патот на Браќата бил речиси заеднички, и Кирила. Климент учествувал во Моравската мисија и таму се развил во доследен и образован мисионер кој ги следел сестрано Учителите. Сигурно е дека во Рим стекнал свештенички чин и го добил името Климент. Истата 886 година, кога стигнал кај кнезот Борис, заминал во западна Македонија и во градот Охрид ја основал прочуената Охридска школа. Мнозина слависти сметаат дека Климент Охридски е роден во Охрид, заради големата љубов што ја имал кон овој град. Документите тоа не го откриваат, како и годината на неговото раѓање и потекло. Но, она што тој го направил со својата дејност останува како трајна придобивка на македонската историја и култура.
Во 886 година Климент Охридски во Охрид ги удрил темелите на Охридската книжевна школа, во која тој станал и првиот нејзин учител. Тој сигурно сфатил и знаел колку е неграмотно населението во Македонија и започнал интензивна работа на описменувањето на млади и стари во формираната школа. Во неа учениците ја изучувале глаголската азбука. Дури во славистиката се смета дека Климент Охридски намерно заминал во Западна Македонија, која тогаш влегувала во составот на средновековната бугарска држава, за да може таму да ја спроведе мирно целата наследена кирилометодиевска традиција. И додека во Охрид се ширела глаголицата, во Источна Бугарија, во Преславската книжевна школа, загосподарила кирилската азбука. Факт е дека во Охридската книжевна школа, уште цели два века по смртта на Климента, била употребувана глаголската азбука. Како очевиден пример на ракопис што настанал токму во Охридската школа е Асемановото глаголско евангелие, напишано со типична тркалезна охридска глаголица. Овој споменик е зачуван во Ватиканската библиотака. Во него се наоѓа и синаксар, кој открива дека меѓу канонизираните светци се наоѓаат имињата на Св. Кирил, Св. Методиј. Св. Климент. Со оглед на тоа што ракописот настанал во крајот на 10 век, станува јасно дека е оваа трага најстара за спомнувањето на нашите светци. Паралелно со глаголицата се ширела и полесната кирилска азбука, но како глаголски центар во средниот век се затврдил Охрид и Охридската. Зборник со кратки житија на светителите, распоредени според датумот и месецот во годината.
Теофилакт соопштува дека од оваа школа излегле 3.500 ученици. Умниот Климент распоредувал по 300 од нив во сите делови од Македонија, и на тој начин успевал да ја шири и негува писменоста пошироко. Тие исти ученици се занимавале и со организирање на македонските цркви, според напатствијата од учителот Климент. Не случајно Охрид и Охридско се прочуле со бројните црковни градби, како и цела Македонија, и сите места до кои допирале учениците на Климента.
Во Охридската школа Климент се занимавал интензивно и со книжевна дејност. Откривајќи дека народот не е доволно верзиран во вистинската христијанска вера, во црквите им држел христијански поуки. Тој умеел да им се обраќа на насобраните луѓе едноставно и братски: „Пријдете чеда“, „Приближе те се до мене“, „Браќа мои и сестри“. Покрај усното обраќање до народот, Климент ги составувал изречените беседи и писмено. Иако не целосно зачувани, многу од тие беседи, или слова, се познати во славистиката. Главно се делат на поучителни и пофални. Поучителните слова им биле наменети на широките неуки народни маси, биле составени како лесно прифатливо четиво или говор, за да биде разбрано од секого. Тие се одликуваат со посебна дидактичност. Со овие слова Климент сакал на лесен и достапен начин да им ја приближи на луѓето христијанската суштина, како и нејзините носители. Затоа во нив следат појаснувања за значењето на Велигден, Божик, за благовеста на Богородица, за Светата Троица, за светите апостоли, за апостолот Марко.
Во пофалните слова, Климентовиот стил се возвишува, зашто пишува искрени беседи, пофалби, за знаменити луѓе, како што се неговите учители Кирил и Методиј, за Исус Христос, за Богородица, за Свети Јован Крстител, за четвородневниот Лазар, за бестелесните Михаил и Гаврил. Во нив неговиот стил е возвишен, авторот е вистински лирски поет, а употребува сликовити стилски изрази, особено епитети, компарации, хиперболи, метафори, итн. Познатиот христијански лик на воскреснатиот Лазар е возвеличен во успешно компонирана градација, исполнета со сликовита фигуративност:
„...Лазар, чудесна билка од Божјата градина. Лазар, медоносна капка од Божјата премудрост. Лазар, извор на духовна благодет. Лазар, неовенлив цвет од рајската градина. Лазар, орел што го пара вишното небо на пре мудроста...“
Во 893 година Климент Охридски го напуштил учителското место во Охрид и бил назначен за прв словенски епископ во Велика, а неговото место во Охрид го зазел неговиот сопатник и брат Наум Ох ридски. На оваа должност останал сe до неговата смрт. Починал во 916 година, во истоимениот манас тир што самиот си го изградил уште додека бил жив.
По Моравската мисија, истата дејност ја пренесол во Македонија, која станува расадник на кирило методиевската писменост и традиција. Се истакнал како прв учител, како орагнизатор на Македонската православна црква, како добротвор со стремеж во сe да го поучи народот, како родоначалник на среднове ковната македонска книжевност. Свети Климент.
|