|
|
| Ниту еден современ народ во Европа не е заробеник на тоа како некој бил запишан пред 150 години под туѓа власт |
|
Доволно од изјави, доволно од понижување, доволно од тезата дека Македонците се нешто што не се. Кога бугарски политичари тврдат дека „Македонците се Бугари“, тие не водат научна расправа, тие спроведуваат државна политика на негирање. И затоа, да го поставиме најконкретното и најнепријатното прашање: Дали негирањето на Македонците и македонската држава ѝ е потребно на Бугарија за да си напише „поубава“ историја, затоа што нема со што да се пофали пред светот? Ајде да зборуваме отворено. Ако Македонците се Бугари, како што тврдат во Софија: -зошто тогаш постои македонска држава, призната од целиот свет? -зошто постои македонски јазик, признат во Обединетите нации и користен во меѓународни договори? -зошто се потребни уцени, услови и вета, ако вистината е бугарска страна? Вистината не се брани со притисок, лагата, ДА. Бугарската теза се темели на селективно и насилно читање на историјата. Се земаат административни и црковни формулации од 19 век, се игнорира сложениот контекст на Османлиската империја и се извлекуваат заклучоци за денешни луѓе. Но историјата не функционира така. Ниту еден современ народ во Европа не е заробеник на тоа како некој бил запишан пред 150 години под туѓа власт. Конкретни примери што Софија упорно ги премолчува: Коминтерната: официјално го признава постоењето на македонскиот народ и македонскиот јазик. Прашањето е едноставно: ако Македонците не постоеле, што точно беше признаено? Вардарска Македонија (1941–1944): Бугарија влезе како сојузник на нацистичка Германија, воспостави окупациска власт, забрани македонски јазик и го гони македонското чувство за припадност. Ако населението било „бугарско“, зошто била потребна сила? По 1944 година: Македонија кодифицира македонски јазик и ја институционализира својата посебност, додека Пиринска Македонија најпрво добива признавање, па нагло повторно се негира. Народите не исчезнуваат со декрет, само политиките се менуваат. Македонците не се ничиј „проект“! Македонскиот народ не е производ на туѓа држава и не е „регионална варијанта“ на друг народ. Тој е жива реалност, со јазик, култура, историска меморија и држава. Тоа не е мислење, Тоа е факт. Малцинските права не се алиби за негирање Секој граѓанин во Македонија што се чувствува Бугарин има право на тоа. Но индивидуалната самоидентификација не дава дозвола за негирање на мнозинството, а малцинските права не се изговор за државна асимилација. Европа 21 или 19 век? Бугарија е членка на Европската Унија. Тоа носи одговорност. Политиката што ја води Бугарија кон Македонија повеќе наликува на политика од 19 отколку на 21 век. Ако бугарите навистина сакаат да се види вистината, нека се спроведе независен, меѓународен попис во Македонија и Бугарија во ист ден. Само едно прашање: „Дали се чувствувате како Македонец или како Бугарин?“ Ништо повеќе. Само луѓе и нивната волја. А кога ќе им дадеме збор на луѓето, ќе престане оружјето наречено „историја“, а вистината ќе зазвучи гласно и јасно. Ако Македонците се Бугари, резултатите ќе го покажат тоа. А што доколку се покаже дека значителен дел од граѓаните во Бугарија се чувствуваат како Македонци?, тоа ќе биде исклучително непријатна вистина за официјална Софија. Да не испадне како што изјавил Бугарскиот министер Иван Шишманов во разговор со францускиот публицист Гастон Рутие во 1903г. во еден разговор кога Шишманов му вели на Рутие: „По десет години, ако Македонија стане автономна, таму нема да постојат ниту Бугари, ниту Срби, ниту Грци – ќе постојат само Македонци“,... |














