|
|
| Уште едно прашање господа рече Паница и ги уби Сарафов и Гарванов |
|
Александар Македонски Џеповски Историјата како огледало на денешните предавства! Деновиве на интернет може да се види видео клип каде има исечок од околу 30 секунди. Јане Сандански му се обраќа на Паница дека знае кој го тера да го убие него и му вели тој да оди и да ги убие нив. После тоа е средбата со Сарафов и Гарванов каде тие го убедуваат Паница да ја изврши работата и дека Бугарија има многу пари и ќе му помогне. На испраќање Паница насмеан им се обраќа и им вели: Уште едно прашање господа, и ги убива Сарафов и Гарванов. Историјата подоцна ни го дава трагичниот епилог: средбата на Паница со Борис Сарафов и Иван Гарванов. Го убедуваат, го охрабруваат, му ветуваат поддршка, пари, престиж и бугарска благонаклоност. По што трагедијата добива свој неизбежен исход. Тешко е да се гледа Македонец како пука во Македонец. Но уште потешко е да се гледа Македонец како пука, не во човек туку во Македонија. Некогаш тоа се правело со куршум; денес се прави со потпис, со трампа, со молк, со лични амбиции маскирани како државни интереси. Историјата на нашата земја е преполна со грешки направени не од странци, туку од домашни раце кои поверувале дека парите, функцијата или туѓата благодат вредат повеќе од татковината. Тоа е вечната македонска трагедија, изродите секогаш се раѓаат дома, а не зад граница. Дали денешните политички актери Заев, Филипче, и целата нивна генерација која го носеше товарот на клучни одлуки ја знаат оваа епизода од историјата? Можеби да, можеби не. Но мора да ја разберат. Зашто историјата не се повторува случајно, се повторува таму каде што не ја научиле. Парите, кариерата, привилегиите, тие се минливи. Денес ги имаш, утре ги немаш. Денес стојат во твојот џеб, утре испаруваат. Кулата во Дубаи е проколната со Македонски солзи и болки и не се носи во дргиот свет. Тежината на народните солзи никогаш не може да стане капитал. А лекцијата е една, стара и болна: Никој не ја уништува Македонија повеќе од оние што ја продаваат за сопствена удобност. И никој не може да ја спаси Македонија, освен оние што се спремни да учат од ваквите трагични примери и да изберат да бидат луѓе на чест, а не на цена. Историјата не прашува многу, само чека за да пресуди. И секогаш прашува исто: „Уште едно прашање господа, на која страна ќе застанете?“. ПАНИЦА ГО НАПРАВИ ОНА ШТО ТРЕБАШЕ И МОРАШЕ ДА ГО НАПРАВИ, АМА ДЕНЕС ГО НЕМА ПАНИЦА И ТАКВИ КАКО НЕГО. БУГАРСКИТЕ ПАРИ СЕ УШТЕ СЕ ВРТАТ И ДАВААТ НА ИЗРОДИ ПА САМО БОГ НЕКА ОДЛУЧИ КОЈ ЌЕ БИДЕ ПАНИЦА, ИЛИ САМИТЕ СЕБЕ ЌЕ СИ БИДАТ ПАНИЦА ДА СИ ПРЕСУДАТ. МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ВЕРУВА ВО ПРАВДА И БОГА. АМИН !!! |













