Среда, 03 Декември 2025   
Гордоста е наследство што не смее да избледи!

1-MN copy

Во време кога светот нè бомбардира со туѓи наративи, кога идентитетите се релативизираат, а потеклата се претвораат во дипломатска ситна монета, мора повторно да се запрашаме: Што ни е оставено како завет?

Бројни се примерите каде македонскиот народ во својата борба за слобода и создавање на самостојна и национална држава ја поврзува својата историја со древните Македонци, со Аристотел, Филип и Александар, но и со Самоил, Кирил и Методиј, Охридската книжевна школа и Охридската архиепископија,... 

Денешната ситуација во Македонија, најдобро ја отсликува Манифестот на привремената влада на Македонија од 1881 година во кој се вели:

„Нашата мила татковина Македонија била некогаш една од најславните земји. Македонскиот народ, исто така удирајќи ги првите темели на воената вештина, со своите победнички фаланги  и Аристотеловата просвета го цивилирала човештвото и Азија.. Но таа некогаш толку славна наша татковина денес е на прагот на својата пропаст поради нашите грешки и заборавање на нашето потекло.

Туѓи и сомнителни народи сакаат да ја заземат нашата земја и да ја уништат нашата народност, која, светејќи со таков сјај, не може и нема никогаш да пропадне. Таа станала како некоја вдовица, толку грозно ја напуштиле нејзините синови. Не го развева повеќе знамето што го носеа во триумф победничките македонски војски. Таа денес е само географски поим. Како да се настојува нејзините победнички белези да бидат прикриени со покривот на заборавот. Гробот и’ го ископале нејзините интриганти кои, крстосувајќи ја нашата земја и туриле разурнувачки отрови. Овие интриганти се гробари на големата и славна татковина...

Со минувањето од еден јарем во друг, регенерацијата на Македонија нема да стане можна и нашата народност ќе пропадне. Овој момент е клучен за Македонија; ова е прашање на живот или смрт.

Вистински Македонци, верни деца на татковина!

Зарем ќе трпите нашата мила земја да пропадне? Погледајте ја како е покриена во ропство и со рани што и ги направиле околните народи. Погледнете ги тешките синџири во кои Султанот ја окова! Во таква беспомошна состојба, сета во солзи, нашата мила Македонија, нашата драга татковина ве вика: вие, мои верни чеда, вие наследници на Аристотел и Александар Велики, вие во чии вени тече Македонска крв, не ме оставајте да умрам, помогнете ми!

Голем срам ќе биде за вас, вистински Македонци, ако останете неми сведоци на мојот погреб. Не, не, еве ги моите грозни раскрвавени рани, еве ги моите тешки пранги: скршете ги, расковете ги, зацелете ги моите рани, направете се’ што е во ваша моќ за да се напишат зборовите „Сложна и обединета Македонија“ на знамето што ќе го кренам. Откога ќе успеете победоносно, избркајте ги убијците од оваа земја кои го веат знамето на раздорот и сеат погубни идеи, делејќи ве, мои чеда, на безбројни народи, па така обединето под знамето на Македонија, како единствен народ, дигнете го високо тоа славно знаме и подгответе се еднодушно да напишете на него: Да живее македонскиот народ, да живее Македонија!“

Овој манифест покажува дека историјата како да ни се повторува. И денес имаме Македонци кои заборавиле на своето потекло.

Денес бескичмената врхушка на СДС без срам ја распродаваше земјата. Тоа се лица кои ја напуштиле својата мајка Македонија, но таквото однесување ги обедининува Македонците и ќе дојде денот кога тие ќе тргнат да ги избркаат од оваа земја, луѓето кои го веат знамето на раздорот и сеат погубни идеи.

Денес, повеќе отколку кога било, треба да го носиме Манифестот на привремената влада на Македонија од 1881 година, како знаме од чиста должност кон историјата што ја наследивме и иднината што треба да ја создаваме.

Се менувале граници. Се рушеле држави. Империи блескале и исчезнувале,
но едно нешто останало запишано низ вековите: Македонија, како збор, како поим, како огнена линија што ги поврзува генерациите.

Секој Македонец треба да знае дека носи нешто што ретко кој народ во Европа го има: потекло што светот не можел да го избрише, ниту да си го припише.

Токму затоа денес, кога притисоците се големи, кога европските апетити и регионалните политики се обидуваат да го замачкаат нашето име, народот е последната одбрана. Не со штит и меч, туку со самодоверба и достоинство кон сопствениот идентитет.

Не можеме да си дозволиме да бидеме поколение што се двоуми, ниту да бидеме генерација што поверувала дека потеклото е нешто што може да се преговара или да се нуди како компромис.

Ние сите и стари и млади ја носиме најголемата обврска, да продолжиме каде што нашите предци застанале.

Македонија опстоила затоа што секоја генерација имала некој што ќе каже: „Јас сум Македонец“!

 

На прво место

News image

Познатиот бренд на Заеви, „Мамас’’ во 2022 година, добила грант вреден 1,4 милиони евра

Манасиевски: Еве како СДС краделе - Заев му отпишал жито за 800.000 евра, а Николовски му вратил...

Историја

News image

Македонските цареви од династијата Аргеади

Според античките записи, со името Аргеади се означува првата царска династија во Македонија (Аргеас ...

Култура и туризам

News image

Првоучителот Свети Климент Охридски

Развојот на цивилизацијата, воопшто на човекот и неговите општествени формации, неизбежно е поврзан ...

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.