|
|
| Чудна одлука на Филипче, сите виновни, само тој не! |
|
Вечерва имаме закажано состанок на Извршниот одбор на кој ќе побарам сите членови на раководството и на Извршниот одбор да се повлечат и на еден од следните состаноци на Централниот одбор, којшто ќе се одржи во следните две недели, ќе се избере новото раководство на партијата и новиот состав на Извршниот одбор, изјави Филипче вечерва за телевизија Телма. Кога политичка партија ќе доживее три последователни изборни порази, логиката налага најодговорниот човек, претседателот да го преземе товарот на одговорноста. Но во СДС, изгледа логиката одамна е луксуз. Наместо јасен и лидерски чекор, наместо признавање на грешките што ја доведоа партијата до историски минимум, претседателпт Венко Филипче вечерва предложи колективна оставка на раководството, како утешна награда за сопствената вина. Чудна, но не и изненадувачка одлука. Филипче најавува дека целото раководство треба да се повлече, а тоа што тој е човекот кој ги водеше трите катастрофални изборни циклуси, некако се провлекува низ редови на одлуката без да биде именувано. Виновни се сите, само не тој. Како да не беше прв меѓу еднаквите. Како да не беше претседател со целосна моќ во партијата. Како да не беше лицето на кампањите што народот ги одби. Ова е веќе видена стратегија во СДС, да се создаде впечаток дека „системот е виновен“, а индивидуалната одговорност да се разводни. Но јавноста не е повеќе наивна. Граѓаните прекрасно знаат кој стоеше на чело, кој креираше политики, кој беше најгласниот говорник и кој го претставуваше СДС на избори. Најавата за целосна реконструкција на раководството, и тоа во рок од само две недели, повеќе личи на обид за контрола на штетата отколку на вистинска реформа. Потребна е брзина за да се зачува личниот авторитет на претседателот, но не и темелна анализа на катастрофалните резултати. Три порази, три аларми, нула самокритика Факт е: СДС изгуби избори на сите нивоа во три последователни циклуси. Одговорноста мора да почне од врвот, а врвот е Филипче. И додека врвот се брани, партијата тоне.
|















