Среда, 08 Декември 2021   
Средба на Карпош со Патријархот Арсение III

karposЕдно попладне во летото 1689 година Карпош го посети лично отец Грегорие-игумен на манастирот “Свети Андреја” во својство на пратеник на патријархот Арсение III.

Во својата порака патријархот Арсение III изразил желба да се состане со Карпош за да му се заблагодари лично што светот го ослободил од злото и теророт на озлогласениот Јеген-паша кој, меѓу другите, една година пред тоа ја ограбил и патријаршијата и Карпошовото седиште.

За овој состанок мошне опширно, во својот извештај до австрискиот дворец, говори еден од австриските разузнавачи, за што лично го известил патријархот Арсение III.

Во тој извештај се вели дека Карпош оставил мошне силен впечаток кај патријархот, кој го споредува со некаков крал: „Овој висок и силен ајдучки водич, кој со својата мажественост и сила доминира над цели области, се однесува како некаков крал“! Во својот извештај до австрискиот дворец, споменатиот разузнавач ги цитира зборовите на патријархот Арсение III.

За време на таа средба патријархот Арсение III го благослови Карпош и му изрази благодарност од името на патријаршијата и целата црква што го ослободи народот од зулумот и грабежот на Јеген-паша како и тоа што го одмазди сквернавењето на манастирот и светата вера од тој разбојник.

Покрај другото, во споменатиот доверлив извештај до австрискиот двор, се вели понатаму, дека патријархот ја отворил душата и срцето на Карпош и притоа му ги изнел далекусежните планови, како и чекорите што треба да се преземат за ослободување од Турците. Освен тоа, патријархот го извести Карпош за постоењето на големиот свет сојуз на христијанските земји т.е. за сојузот на Австрија, Русија, Полска и Венеција; дека тој сојуз претставува цврста одлука на тие земји војната против Турците да се води до конечна победа, дека е решено да го заземат и Цариград и да ги ослободат сите христијански земји и народи на Балканот. За веродостојноста на сето тоа, патријархот нагласи, дека за тоа е известен во доверливо писмо од еден близок роднина на австрискиот цар, преку кого ги оддржува врските со австрискиот двор.

На Карпошовото прашање: зошто Австријците престанале со офанзивата по  заземањето на Белград, патријархот објасни дека Австријците застанале со офанзивата по заземањето на Белград, патријархот објасни дека Австријците застанале со офанзивата по ослобудувањето на Белград од следниве причини:

1. За да ги средат своите сили и да се подготват за понатамошно напредување;

2. За да ги зацврстат договорите со своите сојузници и да го сообразат нивното дејствување; каки и

3. Да се договорат истовремено да тргнат во голема офанзива и тоа:

a) Австријците од Белград кон Ниш, Софија и Скопје;

б) Русите од Кавказ кон Бесарабија и Источна Румелија.

По тоа излагање патријархот апелираше до Карпош да ги повика сите свои чети и други христијани да ги помагаат сојузниците во таа света војна, а посебно Австријанците, во чија војска најмногу се наоѓаа “наши браќа по крв и вера”!

Во споменатиот таен извештај на австрискиот разузнавач на австрискиот двор се вели понатаму:

Карпош внимателно го слушаше излагањето на патријархот, а потоа праша:

- Што бара вашето преосвештенство и што предлага да сторам јас и моите чети?

На тоа прашање патријархот одговори:

- Дојден е моментот за решителна борба. Треба да упатиш апел до сите одреди да почнат борба без одлагање. На Турците не треба да им се даде ни момент одмор. Ако твоите луѓе почнат борба и го повикаат целиот народ на востание, тоа ќе овозможи христијанските сојузници да ни дојдат напомош. Австрискиот цар ќе ја прифати нашата борба како своја. Со вооружената борба ние ќе ја привлечеме турската војска што ќе овозможи австриската, како порој, незадржливо да јурне кон Ниш, Скопје и да стигне до Солун.

Во извештајот на  австрискиот разузнавач понатаму се вели дека Карпош одговорил оти тој и неговите чети веќе водат вооружена борба и ќе продолжат да ја водат за ослободување на земјата и сите христијани, дека тој ќе настојува борбите да се засилат и да се помине на заземање на поголеми места и градови. Но тој, Карпош, не е сигурен дека сите негови војводи ќе се согласат со една таква напоштедна борба, која би предизвикала отворен судир со регуларната турска војска!

А потоа додаде:

“Ние досега водевме вооружена борба или со спахиските чети или со зулумќарите-одметниците на султанот. А ова што го предлагате вие, тоа е нешто сосема друго. Тоа е општо востание. Тоа е да се тргне по патот од кој нема враќање, т.е. да се стави се` на коцка! Многу мои чети и нивни војводи, кои досега верно и храбро ги извршуваа моите наредби и одеа со нас во борба, нема да сакаат да прифатат еден таков апел и да појдат во една беспоштедна борба, повеќе што минатата есен бевме изненадени. Кога Австријците тргнаа во освојување на Белград беше повикан народот да се крене на востание. Се зборуваше дека австриската војска, по освојувањето на Белград, ќе го продолжи својот победоносен поход на Балканот се` до Егејското Море. А, всушност, што се случи?! Австријците, по заземањето на Белград, престанаа со борбите, што им овозможи на Турците да се реорганизираат. Дури се зборува дека воделе и некакви преговори за мир со Турците.

Поради тоа, ваше преосвештенство, засега не можам да ви дадам конечен одговор и да донесам одеднаш една толку далекусежна одлука. Единствено што можам да ви ветам е дека ќе настојувам да ги подготвам сите мои чети и целиот народ за оружена борба. Ќе бараме најдобар можен начин да го организираме народот и што подобро да го вооружиме. Но знак за општо востание, повик за конечна борба ќе дадам дури оној момент, кога ќе бидам убеден дека сојузничките, а во прв ред австриската војска, навистина ќе тргнат во света ослободителна војна кон Ниш и Скопје”.

Споменатиот извештај на австрискиот разузнавач завршува со најпофални оценки за Карпош, со напомена дека Карпош е единствениот човек во Македонија кој може со свој повик да го крене целиот народ на востание и да го поведе во борба против против Турците на страната на сојузниците!

 

Историја

News image

Водици или Богојавление

Именден празнуваат: Богдан, (значи даден од Бога) Богдана, Бојан, Богомил (значи мил на Бога) , Јо...

Иселеници

News image

„НАГРАДАТА ЗА ЖИВОТНО ДОСТИГНУВАЊЕ ЗА 2022 ГОДИНА“ НА ОМД ОД ВАШИНГТОН ЗА СЛАВЕ КАТИН

На предлог на претседателот на организацијата „Обединета...

Култура и туризам

News image

ПОЕТСКИ МОЗАИК од поетесата Гордана Димовска како мост за спојување на далечините просторни и бележење на времињата

Поетесата Гордана Димовска својата видлива линија на заинтересирано премостување на далечните прос...

Фељтон

News image

ДЕЛ ОД ПОБЕДИТЕ НА АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) ВО ИНДИЈА (18)

Стрелците, кои јавале на коњи, први нападнале и речиси веднаш ги онеспособиле бојн...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.