Среда, 11 Ноември 2020   
Македонија со векови била делена, но Македонците опстанале

Според академик Блаже Ристовски „прашањето за името потекнува од Букурешкиот договор, акт потпишан на 10 август 1913 година помеѓу завојуваните страни од Втората балканска војна и по кој делови од Македонија биле присвоени од другите балкански држави. Овој договор, како што вели Ристевски, „еден век по неговото потпишување сè уште е во голема мера заслужен за оспорувањето на македонскиот идентитет, јазик и македонската историја“.

Меѓутоа, Македонија не е првпат поделена со потпишувањето на Букурешкиот договор. Треба да се нагласи фактетот дека Македонија низ историјата била изложена на перманентни административно-територијални промени и различни именувања. Сето тоа е правено согласно потребите на Империите кои владееле со македонската тероторија се со цел да се уништи сеќавањето на некогашната славна македонска држава и етничката самосвест на Македонците.

Правилото раздели па владеј (Devide et impera), Рим за првпат врз Македонија го применува по 168 година п.н.е, кога земјата станала протекторат. Иако формално не била окупирана, Рим ги превзел сите мерки за да ја спречи Македонија воено и економски да се опорави. Наредната година Рим ја поделил Македонија на четири области (мериди), било забрането мажење и женење на Македонците од една во друга мерида, тргување меѓу нив, внесување сол, бил ограничен бројот на војници и бродови, кралскиот трезор бил пренесен во Рим, било забрането разработувањето на рудниците со злато и сребро, а угледните Македонци со синови постари од 15 години морале да ја напуштат земјата. Самиот римски конзул Емилиј Паул пред насобраните македонски преставници (по десет од секој град) во Амфиполис, на латински јазик им ги издиктирал условите под кои Македонците ќе бидат слободни, ќе ги имаат своите градови и земји како порано, ќе се раководат според своите закони и ќе избираат годишно магистрати.

По не цели две децении од паѓањето на Македонците под римска власт и поделбата на Македонија на четири области,  во 149 година избувнало востание на чело со Андриск. Откако востаниците биле разбиени, Римјаните ја укинале внатрешната самостојност, а Македонија ја претвориле во Римска провинција. Македонците никогаш повеќе не успеале да ја обноват својата држава додека владееле Римјаните. Иако границите на Македонија во рамките на Римската империја биле често менувани, сепак нејзината географско-етничка целина не била нарушена, а Македонците како народ се зачувале.

Откако Римската империја се поделила, како поданици на Источноримската Империја, Византија, во времето на императорот Константин Први Велики (306-337): „Елините, Македонците и Илирите без страв да ја исповедуваат (Христовата) вера“. Меѓутоа, кон крајот на четвртиот век, за време на императорот Теодосиј Први бил извршен масовен колеж на македонското население во Солун. Сепак и покрај се овој македонски град и натаму продолжил да биде главен град на Македонците. Всушност и покрај, силната асимилација и насилства врз Македонците тие и понатаму останале најбројни жители на Македонија.

Во таканаречениот темен перид на славјанското доаѓање на Балканот, или поточно кажано по враќањето на Македонците и на другите протобалкански народи на историската сцена како нејзини активни чинители, во периодот од 6 до 10 век има речиси целосно преземање на власта од византиската управа во таканаречените склавинии. Од мали независни или полузависни  кнежевства на Македонците израснува Самуиловата држава.

Можеби се` уште не се расчистени сите црни петна од овие историски периоди поради ревносно уништување на историските траги, но достапните историски, археолошки и лингвистичките проучувања очигледно говорат дека Македонците го преживееле оној „прочуен поплавен славјански бран од зад Карпатите кој ги претопил сите освен Грците“.

Честите територијални поделби во Македонија, при кои одделни македонски делови се одземаат и се додаваат во нови административни единици, можеме само да го сметаме како нови поделби  со кои државната власт се обидувала да влијае врз свеста за Македонците и на нивната етничка припадност. Односно континуирани вековни обиди да се уништи македонското име, јазик и култура. Ова е проследено, со редовното избегнување во изворите да се споменуваат Македонците покрај другите балкански народи.

Така поделбата на Македонија во Букурешт во 1913 година, која наликува на онаа на Римјаните од 167 година, не е прва поделба на Македонија. Секако дека последиците се огромни врз македонскиот народ. Ова што се случува денес е уште една етапа на милениумската борба на македонскиот народ за зачувување на своето име, идентитет, јазик и култура. Во иднина, оваа епопеја на македонскиот народ ќе биде запишана, не само во македонската туку и светска историја, како еден мал народ им се спротивставил на притисокот на Грците и бројните нејзини пријатели членки на ЕУ и НАТО.

Македонска нација

 

На прво место

News image

ПРОТЕСТ, утре во 18 часот, од СЦ „Борис Трајковски“ со автомобили до Влада

Христијан Мицкоски: Протест сега, за да не биде предоцна!  

Историја

News image

Извештај за бомбашките напади на Солун во американскиот весник „The St. Louis Republic“ од 9 август 1903 година

„Сцена на улица во Солун веднаш по поставувањето динамит на Отоманската банка. Овој криминал, како п...

Иселеници

News image

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ МОНОГРАФИЈАТА „СЕМЕЈСТВОТО ВИДИНОВСКИ“ ОД ТОРОНТО

Во издание на Книгоиздателството „Македонска искра“ од Ско...

Култура и туризам

News image

ОД ИЗРАЗОТ МЕСИЈА – ПОМАЗАНИК – ДО ИЗРАЗОТ МУЗИКА (25)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе ги претставиме имињата, з...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (48)

„ЕВГЕНИКА“ ВО СПАРТА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.