|
|
| Свети Николе свето место |
|
Никола Ристевски Свети Николе ва послужило како инспирација на архитектот Николај Карташев, по мајка Овчеполец а по татко Русин, во седумдесетите години на минатиот век да го креира првиот урбанистички план на градот, според кој урбанистички план старото црквено маало требало да си остане исто. Тој ги проектирал Домот на Културата и споменикот од столбови на поранешниот мермерен плоштад, како спомен на старите цркви. За жал таквиот урбанистички план на градот предложен од архитектот Николај Карташев не одговарало на тогашните власти. Под денешната црква Свети Никола се наоѓа старата црква.
Летово почна реновирањето на истата, а со одлука на владиката Иларион беше преосветена со престол на светецот Прохор Пчињски кој е роден во Овче Поле. На 01.11.2011, денот кога се празнува овој светец, беше одново отворена за јавноста. При копањето за спречување на појава на влага во старата црква, на северната страна се појавиле ѕидови со сводови од уште постар објект, како и неколку гроба. Пронајдените артефакти се предадени во локалниот музеј. Од таму не известија дека сеуште работат на проверка на истите и неможат да ни дадат поопширна информација. Свештениците и дел од црковниот одбор пренесоа дека имало нараквица (белегзија) во гроб од дете, копче во гроб од возрасен, кое што потврдило дека станува збор за православен христијанин, монета од IV век, како и ѕидови и сводови кои што наликувале на ранохристијанска базилика. Местото каде што се појавиле овие остатоци сега е затрупано, се чека на подобри времиња за некој конечно да интервенира. Црковни места во Свети Николе и крстови од камен поврзани според четирите страни на светот, отсликуваат КРСТ. Свети Илија на запад, Свети Стефан на исток, Свети Никола на север и Свети Спас на југ се локации каде што и пред денешните крстови и цркви, веројатно имало храмови. Линијата од исток кон запад поминува во близина на денешната полициска станица, каде што постоела црква, срушена за да биде заменета со џамија. Повторно како случајно и линијата исток запад поминува таму.
Во т.н. "американско маало" кај стариот ат пазар при копање за водовод, биле најдени остатоци од храм. Повторно на истата линија. Што крие мајката земја, времето ќе покаже. А до тогаш, трпение. Спасение. |
Свети Николе според историските факти, навистина е свето место. Турските пописи од XVI век забележале дека на територијата на денешниот град постоеле две населби - Овче Поле (кај Рецко маало) и Исви Никола (Свети Никола) или Крк Клисали - населба покрај цркви, црквино (околу денешната црква). Низ народот кружи предание дека во Свети Николе имало 40 или 42 цркви, скоро сите уништени од османлиите.


























