Среда, 20 Април 2011   
Гемиџијата Марко Бошнаков

Marko_boshnakovГемиџијата Марко Бошнаков е роден во 1878 година во Охрид. Станува член на кругот на "Гемиџиите", додека учи во Солунската бугарска машка гимназија, и учествува во солунските атентати во 1903 година. Тој изнајмува дуќан спротив Отоманската банка, од каде е прокопан тунелот до основите на банката, која подоцна била разурната.Уапсен е и е предаден на специјален воен суд, заедно со Павел Шатев, Ѓорѓи Богданов и Милан Арсов. Првично се осудени на смрт, а потоа казната им е заменета со доживотен затвор.Марко Бошнаков умира на 14 февруари 1908 година во Мурзук, кој се наоѓа во либиската провинција Фезан.

Македонската јавност благодарение на познатиот историчар Никола Целаковски може подетално да се запознае со животот и делото на гемиџијата .Имено авторот во својата книга „Гемиџијата Марко Бошнаков„ преку фондот „Борис Бошнаков„ ни презентира 38 извештаи на А.Шопов тогашен бугарски трговски агент во кој детално се зборува за случувањата за време на солунските атентати ,потоа 8 писма и една фотографија.

Во еден од извештаите под број 312 од 22 април 1903 година меѓу другото се вели:

„...Еден млад човек по име Јордан,заседнал во едно италијанско семејство каде што често час се прикажувал за Србин час за Бугарин.тој игра важна улога во динамитските подготовки....Овие анархистички активности и динамитски акции се против интересите на македонската кауза.„

Веста за смрта на Марко Бошнаков е забелажана и во некрологот кој го издава „Охридското друштво за помош„,во кое се вели:

„На 14 фебруари т.г. во турските затвори во Триполи - Африка -,далеку од Татковината,роднините и пријателите ,склопил очи уште еден херој за македонската слобода,уште една скапа жртва од онаа редица борци,едни од кои ги оставија своите коски по македонските гори со пушка во раце,а други во влажните турски зандани по разни краишта на империјата„

Оваа фотографија е доста интересна затоа што освен што се јавува за прв пат таа има една информација која е различна од официјалната дата на смрта на Марко Бошнаков,имено авторот на сликата како дата заведува 14 фебруари 1907 година што остава простор за понатамошна анализа на историчарите.

Во 1994 година во негова чест во Охрид беше откриена спомен плочата во неговата родна куќа,но останува една дамка во грижата кон посмртниот остаток кој Павел Шатев го донесол како аманет на Бошнаков.

„Ако телото ми се тркала, немојте да дозволите тоа да се случи и со главата“.

Остатоците, т.е. главата на Марко Бошнаков била сместена во украсно дрвено ковчеже и била погребена на гробиштата во црквата ‘Св. Богородица Перивлепта‘. Но помеѓу двете светски војни, поради отстранување на влага во црквата, извршено е отстранување на земја од северната, од источната и од западната страна, при што било извршено и отстранување на гробовите што се наоѓале на овој простор. Посмртните остатоци од сите гробови, меѓу кои и остатоците од Марко Бошнаков, биле пренесени во црквата ‘Св. Константин и Елена‘, која потоа станала еден вид костурница. Во периодот околу 1960 година сите остатоци биле погребени во источното двориште на црквата „Св. Константин и Елена“ во Охрид. Од негрижа, оваа заедничка гробница нема обележје, како да не постои“.Во црквата денес нема никој, а таа стои заклучена. Се наоѓа на педесетина метри од црквата „Св. Богородица Перивлепта“, под патчето што води до училиштето „Св. Климент Охридски“. Во дворот на црквата, токму на нејзината источна страна, има една надгробна плоча на која некогаш било напишано име, ама сега не се распознава. Под нозете, во обраснатата со трева земја се наоѓаат коските на сите починати од гробиштата на „Св. Богородица“ чиј мир бил нарушен меѓу двете војни. Меѓу нив би требало да е и главата на Бошнаков.

Благојче Андонов

Македонска искра

 

На прво место

News image

Источен Петок – Балаклија: Празник на водата, верата и надежта

Источниот Петок, познат меѓу народот како Балаклија, е еден од најзначајните празници што се одбел...

Иселеници

Култура и туризам

News image

Источен Петок – Балаклија

Првиот петок по Велигден се вика Источен Петок Балаклија. Тој спаѓа во Светлата недела поради што не...

Фељтон

News image

УНГАРИЈА - ВТОРАТА ТАТКОВИНА НА ЛЕФТЕР МАНЧЕ (11)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.