|
|
| Стратис Миривилис и неговото сведоштво за македонската самосвест |
|
Стратис Миривилис (1890–1969) бил грчки писател и поет, кој во Првата светска војна учествувал на Македонскиот фронт, наречен и Солунски фронт. Овој фронт бил формиран од Антантските сили за да се борат против Централните сили на Балканот. На фронтот служеле и бројни грчки војници, а Миривилис бил еден од нив. За време на војната, Миривилис бил ранет и поради тоа бил сместен во куќата на едно македонско семејство додека закрепнувал. Таму имал можност да ја набљудува нивната секојдневница, разговорите, јазикот и чувството на припадност. Подоцна, во својата книга „Живот во Гроб“ (1924), Миривилис ги запишал овие искуства и сведоштвата што ги слушнал од Македонците. Тој нагласува дека луѓето што ги запознал јасно рекле дека не се Срби, Бугари или Грци, туку дека се православни Македонци со свој јазик. Ова сведоштво е историски значајно поради неколку причини:
„Ние не сме ни Срби, ни Бугари, ни Грци – ние сме Македонци“ Во време кога македонскиот идентитет сѐ уште се става под прашалник, кога ни се негира јазикот, историјата и самото право на постоење, вреди да се потсетиме на едноставна, но моќна вистина: Македонците самите знаеле кои се – многу пред некој друг да се обиде да им каже што се. Ова не е романтична приказна, ниту политички памфлет. Ова е сведоштво запишано од грчки писател и војник – Стратис Миривилис. Човек кој немал никаква потреба, ниту интерес, да ја брани македонската посебност. Напротив – тој доаѓа од држава што со децении ја негира. За време на Првата светска војна, ранет на Македонскиот фронт, Миривилис бил сместен во домот на едно македонско семејство. Таму, далеку од фронтовите, од пропагандите и од картите што големите сили ги цртаа со крв, го чул најчистиот одговор: „Ние не сме ни Срби, ни Бугари, ни Грци. Ние сме православни Македонци и си имаме свој јазик.“ Ова не го кажале политичари. Не го напишале академици. Ова го рекле обични луѓе, селани, домаќини, народ кој со векови преживувал под туѓи власти, но никогаш не се откажал од себе. Миривилис тоа го запишал во книгата „Живот во гроб“ уште во 1924 година. Пред 1944. Пред Југославија. Пред „конструкции“, како што сакаат да кажат денешните негирачи. Значи – пред сите алиби-објаснувања што денес се сервираат како „вистина“. Колку вакви сведоштва уште треба? Македонскиот идентитет не е создаден на маса, не е напишан во кабинет, не е договорен во туѓи престолнини. Тој е создаван во селата, во јазикот, во верата, во отпорот и во болката. И затоа е толку тврдоглав. И затоа не може да се избрише. Денес, кога повторно ни велат што сме, а што не сме, треба гласно да кажеме: Ние не бараме дозвола да постоиме, Ние постоиме! И ако некој се сомнева, нека го чита Миривилис. Не како Грк. Не како Македонец. Туку како човек што бил таму и што ја запишал вистината онака како што ја слушнал. Затоа што вистината има навика да преживее и во гроб. МН |

























