Среда, 01 Јуни 2022   
Арбиновска битка
1bir1Арбиновска битка 
На само неколку месеци пред Илинденското востание, односно на 28 март 1903 се одвила Битката кај Арбиново. Иистиот ден Дејан Војвода бил во своето родно село Лактиње, потоа со четата заминал во село Врбјани, каде што издал наредба да се избрка од селото полјакот Турчин, а потоа ги учел врбјанци да ракуваат со оружје. Истото тоа го направил и во селото Годивје. Од Годивје тргнал за Арбиново, потоа кога влегол со четата во Арбиново полјакот Турчин ги забележал, селаните и тука му наредиле на Турчинот да си отиде. Тој заминал тогаш за Издеглавје, каде што имало 8 души аскер, и 20 души заптии. Тогаш мудуринот соопштил во блиското муслиманско село Песочани, и со ред по чифлиците каде имало Турци (Слатински Чифлик, Сошани, Оздолени), и се собрале до 100 души башибузук, и илјада души аскер и заптии и ноќта го опколиле селото Арбиново. Во селото Арбиново со Дејан Војвода во тој момент биле: Ташко Арсов, Ламбе Дојчинов, Сандре Џико сите од Охрид, Стојан Караџа од Годивје, Иван Савевски, Дабе Христов и Ѓурчин сите од Слатино, Кочо Иванов и Петре Лито од Арбиново, Крсте Димуш од Сливово, Наум Илиев од Издеглавје, и Бимбил и уште двајца браќа од Лактиње. Тие биле отседнати во три-четири куќи кај поистакнати рбинци (арбинци). Опсадата ја откриле во полноќните часови, и се разделиле во групи и се обиделе да се пробијат низ обрачот на аскерот, користејќи ја темнината, тогаш Дејан Војвода отворил оган на аскерот при што паднале неколку Турци, а во тоа време на помош на неговата чета почнале да доаѓаат селани од околните села, од Лактиње 20 души, од Годивје 16, од Врбјани 23, од Сливово 15, од Мраморец 30, од Турје 10. Од кај месноста Солишта собраните сили го нападнале аскерот од западната и северната страна. Од кај источната страна нападнале слатинци. Во меѓувреме и на опколените Турци им дошла помош од околу 200 души башибузук од кај селото Велмеј, борбата станувала неизвесна. И тогаш на македонските чети им пристигнал на помош кичевскиот војвода Арсо Мицков со 80 души од околните кичевски села (од Копачка), Турците биле тогаш разбиени и морале да се повлечат, по што победиле четите на ВМОРО. Но неколку дена по оваа битка Турците повторно се вратиле назад и ги запалиле сите села во Дебрца, и забрале 218 селани за Дијарбекир. По овој настан е сниман и филмот Најдолгиот Пат, како и настаната песната „Гори Балкан“.
 
За време на Илинденското востание селото било запалено, а Турците убиле неколку селани. За време на издеглавската афера или арбиновската битка од ова село во Дијарбакир биле однесени 14 селани. Тоа биле: Милош Иваноски, Филип Јолески Коњарошки, Миладин Јолески, Темелко Ѓорески, Јоанче Ѓорески, Анастос Анѓелески, Косто Јованоски, Миладин Јованоски, Ристе Трпески, Милош Трпески и Никола Шуканоски.
 
НЕПОСРЕДНО ПО АРБИНОВСКАТА БИТКА 1903 г. СЕ СЛУЧУВА ПРОТЕРУВАЊЕ ОДНОСНО ЗАТВРАЊЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ДЕБРЦА ВО ДИЈАР БЕКИР-МАЛА АЗИЈА. ЗА ТИЕ НАСТАНИ Е СНИМЕН ФИЛМОТ *НАЈДОЛГИОТ ПАТ*
 
по Арбиновската битка запалени се следниве села:
Белчишта запалени биле 112 куќи, 1 воденица, 1 црква и 1 училиште.
Брежани запалени биле 98 куќи, 6 воденици, 1 црква и 1 училиште.
Велмеј запалени биле 104 куќи, 27 кошари и плевни, 3 воденици, 2 црквци и 1 училиште.
Врбјани запалени биле 89 куќи, 215 кошари и плевни, 5 воденици, 1 црква и 1 училиште.
Годивје запалени биле 98 куќи, 160 кошари и плевни, 6 воденици, 2 цркви и 1 училиште.
Долно Средоречие запалени биле 6 куќи.
 
Злести запалени биле 77 куќи, 93 кошари и плевни, 1 воденица и 1 црква.
Лактиње запалени биле 95 куќи, 120 кошари и плевни, 6 воденици, 2 цркви и 1 училиште.
Лешани запалени биле 77 куќи, 3 воденици, 1 црква и 1 училиште.
Мраморец запалени биле 84 куќи, 228 кошари и плевни, 9 воденици, 1 црква и 1 училиште.
Оздолени запалени биле 25 куќи, 2 цркви и 1 училиште.
 
Слатино запалени биле 140 куќи, 13 воденици, 2 цркви и 1 училиште.
Сливово запалени биле 70 куќи, 93 кошари и плевни, 1 воденица, 1 црква и 1 училиште.
Турје запалени биле 64 куќи, 57 кошари и плевни, 1 воденица, 1 црква и 1 училиште.
Црвена Вода запалени биле 52 куќи, 38 кошари и плевни, 3 воденици, 1 црква и 1 училиште.Запалени биле и селата Сошани,Ботун и Арбиново, но не е познато што се е запалено, и колку куќи.
 
За време на востанието од Дебрца убиени се следните жители од различни села во Дебрца
Од Белчишта се убиени следните жители: Јаќим Христов, Хр. Митрев, Стојан Павлев, Нејко Наумов, Вељан Сиљанов, Карафил Костев, Целе Шакирев, Миле Петрев, Тане Митрев, Триф. Танев и Андон Ѓеоргиев.
 
Од Ботун се убиени следните жители: Сп. Волканов, Стојан Богданов, Хр. Петрев, Христана Петрева, Косте Апостолов, Цв. Јончев, Наум Нацев, Пет. Митрев, Ленка Костова, Ст. Костов, Спаса Паункова и Андон Стефанов.
Од Издеглавје се убиени следните жители: Миле Смилев, Спиро Блажев, Лазар Сотиров и Крсте Шулев.
 
Од Мраморец се убиени следните жители: Спасе Василев, Хр. Матев, Трајче Димитров, Голаб Максимов, Ст. Тасев, Гркинка Сотирова, Крстаница Стојчева, Кофил Павлев, Јанаќија Николова, Стојан Иванов, Здраве Христов, Настов, Стојан Матев и Серафим Крстев.
Од Турје се убиени следните жители: Јанко Ѓорев, Крстина Милошова и Алеко Петрев.
Од Годивје се убиени следните жители: Димо Аврамов-Попаѓоски, Угрин Филипов, Саве Шоков, Угриница Филипова, Јонче Андрев, Сим. Петров, Ѓурчин Кузманов, Стана Стојкова и Наум Савев.
Од Лактиње се убиени следните жители: Вељан Камберов, Андре Митрев и Стојан Тодоров.
Од Велмеј се убиени следните жители: Ст. Корунов, Ст. Ѓоргиев, Сиљан Котев, Мито Иловски, Петре Илевски, Чаче Трајчев, Саве Србинов, Митре Андрев, Насто Глигоров, Иван Славковски, Срб. Ангелев, Хр. Крстанов, Јон Церанин, Јон Караблажев и Пера Илова.
Од Лешани се убиени следните жители: Цв. Џепинков, В. Ангелица, Наум Шокаров, Кр. Стефанов, Хр. Трајков, Свештеник Васил. п .Ангелов, Коте Мучов и Милуш Николов.
Од Злести се убиени следните жители: Сиљана Андрева, Косте Цоков, Јончо Јосифов, Јордан Тасев, Јосиф Јончев, Ил. Марков, Насте Рамаевски, Кузман Локовски, Томе Кузманов и Трена Јонова.
 
Од Брежани се убиени следните жители: Илија Миленков, Војдан Крстанов, Стојан Крстев и Наум Радев.
 
Од Грко Поле е убиен: Јончо Лукачовски.
Од Сливово е убиен: Андре Стефанов.
Од Оздолени е убиена: Трифуница Миовска
Од Сошани е убиен: Димо Влавчев
Од Арбиново се убиени следните жители: Анѓелица, Јанкула Стамболџијата, Неде, Ристе Андрев Тошески и Стојна Тошеска.
Од Врбјани се убиени следните жители: Наум Сиљанов, Митре Марков, Кр. Смилев, Најденица и Илинка Стефова
Од Црвена Вода се убиени следните жители: Хр. Трајчев, Китанов, Беле Цветков, Арсе Божинов и Јане Марков.
Од Слатино се убиени следните жители: Неде Христов, Јон Петрев, Огнен Мојсов, Ѓурѓа Секулова, Дамјан Стојков Кита Димитрова, Вељан Котев, Стојан Томев, Темелко Јанкулов, Димо Угринов, Јон Томев, Дабе Христов, Ѓорги Трпчев, Крстан Божинов и Спаса Илиова.
 

На прво место

News image

Поразите и понижувањата се секојдневие со власта на СДСМ

Поразите и понижувањата се секојдневие со власта на СДСМ. СДСМ потпиша договор со Бугарија во 2017...

Историја

News image

По список составен од Лазар Колишевски

7 јануари 1945 година, првиот ден на Божиќ, по список составен од Лазар Колишевски во Вардарска Маке...

Иселеници

News image

КОЈ БЕШЕ БЛЕР СКОТЛАНД – СОПРУГОТ НА ДАНАСКЕНДОВА? (12)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЕЌАВАЊА“ НА ДАНА СКЕНДОВА – ...

Култура и туризам

News image

ДЕЛОТО РАСКАЗИ „ЈАНА“ НА ЃОРЃИ ЛАЗАРЕВСКИ – СВЕДОШТВО ЗА МАКЕДОНСКАТА ВИСТИНА

Делото раскази „Јана“ на познатиот  публицист, раскажувач, писател, голем вљубеник во својата...

Фељтон

News image

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ИСТОЧНО - ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ – ДЕЛ II (11)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.