Среда, 13 Ноември 2019   
ПОТЕКЛОТО НА МАКЕДОНСКИОТ И ЈАЗИКОТ НА НАШИТЕ СОСЕДИ

facebook-prievewПОТЕКЛОТО НА МАКЕДОНСКИОТ И ЈАЗИКОТ НА НАШИТЕ СОСЕДИ

Најнапред да напоменеме дека овие напишани извадоци се од докажано историското изучување на лингвистиката на светскиот ономастикон (изучување на зборови и имиња), материјали и артефакти од многу научни трудови, од наши но и светски имиња.

Во самата држава Македонија имаме многу пронајдоци и откритија за нашата писменост овде но и во светските музеи, па затоа многу тешко можат да ја засенат нашата историја за писменоста и јазик кој датираат многу милениума наназад пр.н.е.

За Македонското писмо значителни напори има направено  г-дин Г.С.Гриневич кој во 1993 година се обиде убедливо да докаже дека натписите од Крит, Пил и други места со условно датирање од 1.700 до 1.400 год.пр.н.е. не се напишани на таканаречен старогрчки јазик, туку се напишани на прасловенски јазик и со тоа ги негира досегашните обиди за дешифрирање на кноските глинени плочки од страна на прочуениот англиски археолог Артур Еванс и особено ги оспорува резултатите од шеснаесетгодишната напорна работа на арх.Мајкл Вентрис и док. (Џон Чедуик) во врска со дешифрирањето на Гглинените Плочки од Крит напишани со таканареченото Линеарно А и Б писмо, односно со таканареченото “Минојско Писмо” со тоа што и јазикот на Пелазгите и “Минојското Писмо” г-дин Г.С.Гриневич ги третира како Прасловенски. Врз основа надосегашните палеографски и палеолингвистички испитувања, веќе можеме да тврдиме дека таканаречениот “Прасловенски јазик”т.е.таканаречениот “Егејски јазик”, односно “Минојски јазик” или јазик на Пелазгите и другите Македонски племиња (Пеонци, Бриги или Фриги, Пиерци, Венети или Енети и т.н.) фактички преставува многуфункционален, повеќефлексивен јазик на Древните Македонци, кој првите иновации ги доживува уште во праисториско време, а морфолошките релевантни диференцијални особенопсти и изогласите на разновидните фонетски и синтаксички особености одат по дијалектна граница на поголем простор од оној на Македонското говорно подрачје на денешниот ЕТНИЧКИ ПРОСТОР НА МАКЕДОНИЈА.

Во селото Чашка, кое се наоѓа во непосредна близина на градот Велес откриен е наод од огромно значење за историјата на старото Македонско писмо   пишани траги на глинен поклопец со старомакедонското писмо, кој преставува редок пример на артефакт испишан со името на божицата Веста, Знаците на глинениот поклопец стар 4000 години, кое претставува извор на таа праисториска писменост и јазик на македонското тло, неговото откривање е значајно за потврда на целокупниот културно-јазичен континуитет на овие простори.

Македонскиот има сличност на зборовите од античкиот македонски јазик, за тоа сведочи податокот на пронајдените над 160 надгробни плочи и на други споменици од праисториско време, на грниња, амфори, земјени садови за жито, вода и вино, пехари, бронзени табли, керамика, на каменот од розета, пронајдок наакадемик Томе Бошевски и проф. д-р Аристотел Тентов (за што МАНУ сè уште се нема официјално произнесено)дека е сочуван голем фонд древномакедонски зборови, нешто повеќе од 3000, од кои се гледа дека тие немаат никаков хеленски (грчки) фонетски белег и карактер. Голем број  глоси (зборови) постојат и во современиот македонски ономастикон, што зборува за јазикот и писменоста меѓу древните и современите Македонци кои  откриените 3000 зборови  и денес се изговараат во македонскиот јазики сè уште ги немаме изгубено од далечната антика до денес.

На Балканот уште пред да се населат Афричките племиња Маври (денешните Грци) во VII век пр.н.е. се зборувало и пишувало на јазикот и писмото „коине“ кое има сличности и денес со нашиот јазик и писмо. „Илијада и Одисеја“ од античкиот писател Хомер исто така била напишана на вулгарниот јазик и писмо кој бил неразбирлив за самите тогашни Хелени а било напишано со писмото на јазикот „коине“ кој го пишувале и зборувале древните Феникијци,Анти, Венети, Бриги, Пелазги и Пајонци, но за жал ние имаме писмени артефакти од овие еднородни народи, тие опстојувале и живееле на овие простори, но и оставиле и нивно поколение кое неможе никој и ден денес да го избриши овој белег на овие древни народи кои се во нашите гени, бидејќи овие племенски заедници биле присутни на целиот Балкан.

По доаѓањето и пропаѓањето на македонското царство во 168 г.пр.н.е. можеби малку знаеме за нашето макотрпно и мачно одвивање на овие простори во тоа време, кои своето писмо јазик сме немале право да го зборуваме да ја спомнуваме и изучуваме нашата историја, да го изучуваме нашето писмо и зборуваме нашиот јазик.

Не сите народи ја имале историската среќа нивниот јазик да се манифестира, поготово под власта на Византија.

Византискиот цар Михаил III (842-867) ги испратил браќата Кирил и Методи на една првославна мисија во Големоморафското Царство на кнезот Растислав. Од 863 год.тие делуваат оттаму. Царот Михаил им рекол на браќата: “Вие двајцата сте луѓе од Солун, а луѓето од Солун зборуваат слово-македонски јазик но немаат писменост“(бидејќи не можеа и под власта на Византија да го искоренат писмото и јазикот Македонски решија), браќата Кирил и Методи од писмото на античките Македонци  „Коине“ ја напишале со измени и дополнувања, Азбуката Кирилицата и Глаголицата која и ден денес ја пишуваме и зборуваме.

Ние имаме со што да го докажеме истото за својот јазик, но дали имаат нашите соседи и колку?.

ГРЧКИ ЈАЗИК

Европската наука која не ја познава античката македонска историја и нејзиното митолошко значење, кои датираат длабоко во митската и античка историја, ги потврдуваат следните научни факти. Науката вели дека грчкиот јазик е најстариот европски културен јазик, што го докажуваат имињата како Хомер (според преданијата Хомер бил овде на овие простори III века пред доселувањето на Афричките племиња Маври денешни Грци, тој исто е и слеп, и различни јонски градови се сметаат за негово родно место - но не и грчки – инаку неговата биографија е празна), Платон (род. во 427 пр.н.е.-347 год.пр.н.е. во Агин-Агис, исклучително влијателен класичен филозоф, ученик на Сократ, учител на Аристотел) и Аристотел (роден во 384 год. пр.н.е. во Страгира на полуостровот Халкидик, тогашна Македонија). Дали е можно овие луѓе да се одрекуваат себеси од својот јазик, идентитет и своето етничко потекло? Тие немаат ништо хеленско, ахајско, најмалку пак грчко, доколку за овие тврдења не е направен најголемиот историско-антички фалсификат од страна на Грците.

По поробувањето на Македонија од страна на Римското царство, Грците веднаш стапиле во сојуз со Римјаните и ја толкувале и пишувале историјата по своја волја?!

Во стара Грција распространетиот разговорен јазик и писмо „коине“ делумно бил сметан за вулгарен јазик, поради тоа што со доселувањето на Афричките племиња Маври подоцна Ахајци-Хелени па Грци, и со мешањето на двата јазика се создава класичен антички јазик, а доселениците кои го учеле и пишувале јазикот коине подоцна го сметале за вулгарен јазик - „тоа што го сакаат, потоа го плукаат“. Мала доза на свест за реалноста на секое прекумерно хуманистичко воодушевување му дава следниот цитат во посвежата историја за време на Османлиите: „Вистинските Грци, оние кои се фатија за оружје и кои на Пелопонез против Османлиите се бореа за она што подоцна ќе произлезе дека е формирање на нова и независна национална држава, збореа исто толку малку старогрчки колку што Италијаните говорат латински“. По ослободување на Грција од Турците, јазичното прашање останало неразрешено. Два јазика си конкурирале еден на друг: литературниот (писмен) јазик катаревуса и говорниот (народен) јазик демотике. Со текот на времето јазот помеѓу јазикот на народот и јазикот на учените толку се проширил, што за да се разбере јазичното прашање

неопходно било високо образование, кое пак им било достапно само на високите класи во Грција. Бидејќи употребата на едниот или на другиот јазик зависела од позицијата во општеството, јазикот станал статусен симбол. Ова довело до јазична анархија. Во 1850 година (по Христа) Адемантиос Кориас извел нов јазик за настава, кој станал и официјален државен јазик. Во 1911 година јазикот катаревуса бил прогласен за официјален јазик. Дури во 1917 година Венизелос го доведе демотике-грчкиот во основните училишта. Во 1964 година Централната партија и двата јазика ги сметала за рамноправни. Во времето на воената хунта, во 1967 година, катаревуса повторно бил прогласен за службен јазик, а демотике бил ограничен на првите четири години во основното

училиште. Овој јазичен дуализам дури во 1976 година бил тргнат настрана. Демотике станал официјален јазик во образованието и службите, но катаревуса уште долго време бил јазикот на судовите, црквата и армијата. Тие немаат никаква блискост, ниту збор со античкиот јазик, на македонските владетели.

СРПСКИ ЈАЗИК

Со населувањето на Српската група племиња на Балканот во 626 година јазикот бил неразбирлив, но со подигањето на дигнитетот на црковниот т.н. словенски (старомакедонски), кој бил црковен јазик на браќата Кирил и Методиј, и по наредба на византискиот цар овој јазик се проповедал во сите цркви, а со тоа и се учел. Подоцна старосрпскиот јазик бил потиснат и од навлезениот руски црковнословенски јазик, со што се создала нова јазична мешавина наречена „славеносрпски јазик“. Престижот и употребата на овој вештачки мешан јазик била на ниско ниво. Дури во почетокот на ХIХ век, на реформаторот на јазикот Вук Караџиќ му пошло од рака народниот јазик да го издигне на ниво на писмен јазик. На Виенскиот јазичен собир во 1850 год., Србија и Хрватска се одлучиле

дијалектот од источна Херцеговина да биде заеднички српско-хрватски писмен јазик, но неговото спроведување одело бавно. На договорот во Нови Сад во 1954 год. се говорело за бицентристички стандарден јазик. Имено, Белград и Загреб дури по пресвртот, откако Хрватска тргнала по сопствен пат, со новиот устав на СР Југославија за службен јазик се прогласил српскиот јазик. Притоа двата јазика имаат многу сличности.

БУГАРСКИ ЈАЗИК

Најнапред да потсетиме дека периодот на најзначајната дејност на светите браќа Кирил и Методиј бил некаде од 863 година (Великоморавската мисија) и тоа е општопознато. Неупатените приврзаници на хипотезата за бугарското потекло на македонската нација, кои манипулираат со овој период, веројатно многу ќе се изненадат поради ноторниот факт дека во времето кога се зачнати почетоците на словенската писменост повеќето етнички Бугари сè уште не знаеле ни да зборуваат (а камоли да пишуваат) на т.н. словенски јазик (старомакедонски).

Прв позначаен етнички Бугарин, кој заедно со своето семејство почнал да го учи словенскиот јазик (старомакедонскиот) бил Бугаринот хан (кнез) Борис. Тој почнал да го учи словенскиот јазик (старомакедонскиот) дури откако го примил христијанството во 865-866 година, значи најмалку цели три години по Великоморавската мисија на светите браќа, т.е. по времето кога бил веќе создаден т.н. словенски книжевен јазик. Но поради фактот што овој јазик (како книжевен) го прифатиле и други народи, во светот сè уште се практикува терминот старословенски јазик. Значи, секаде каде што во оригиналните документи или цитати се спомнува старословенскиот јазик, тоа „де факто“ се однесува за старомакедонскот јазик, т.е. јазикот на кој тогаш зборувале нашите предци околу Солун и целата Македонија. По покрстувањето на бугарскиот кнез Борис (иако со тешкотии) почнало масовно покрстување на Бугарите. Бугарите паралелно со своето покрстување го учеле и словенскиот јазик (старомакедонскиот). Словенскиот јазик (старо македонскиот) го учело и семејството на синот на Борис, последниот цар Симеон. Симеон за да го забрза прифаќањето на словенскиот (старомакедонскиот) јазик од страна на Бугарите, во 893 година на Соборот во Преслав го прогласил овој јазик за официјален јазик во Бугарија речиси цели 30 години по неговото создавање на Македонија. Бугарите тогаш си имале официјален јазик во својата држава. Прв официјален јазик во Првото бугарско ханство бил турко-бугарскиот јазик. Самите факти кажуваат дека бугарскиот јазик немал никаква допирна точка со т.н. словенски јазик (старомакедонскиот), сè до покрстувањето на бугарскиот хан (кнез) Борис, учењето на црковниот старословенски јазик и одржувањето на литургиите во самите цркви. По добивањето на автономија во 1878-1880 година, бугарскиот јазик бил кодифициран.

АЛБАНСКИ ЈАЗИК

Истражувањето на албанскиот јазик е многу тешко бидејќи не може да се поврзе со ниту еден постар културен јазик. Во овој контекст често споменуваниот илирски јазик не нуди сигурна основа, со оглед на тоа што не е на широко познат, и во секој случај е културен јазик во потесна смисла. Настанокот на албанскиот јазик од илирскиот во никој случај не може да биде докажан со сигурност и надвор од Албанија често се става под знак прашање, така што раното присуство на Албанците во југоисточна Европа, поради недостигот од сигурни извори, не може директно да се докаже.

Но и Албанците како Грците и Бугарите си ја склопуваат историјата според своите желби и престави.

Албанците основале своја азбука и била признаена дури пред 101 во Битола каде и ќе биде одбележана на 22.11.2009 г. 101-година на современото албанско писмо. Во битолската меморијална зграда, каде што 1908 година бил одржан конгресот на албанските патриоти.

Јонче Манојлов

 

На прво место

News image

Имаме премиер кој стана фабрика за лажни вести

ФБ објава на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски Уште 4 месеци до крајот на оваа влада...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (33)

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (33)

Култура и туризам

News image

ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (ПРЕЧИСТА) 4. XII/21 XI

ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (ПРЕЧИСТА) 4. XII/21 XI

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (38)

ОЛИМПИСКИОТ ПАНТЕОН ВО ПАНОНИЈА -II ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.