Среда, 20 Февруари 2019   
Аристотел избркан од Атина зошто бил пријател на нивниот непријател Александар Македонски

aristotelАристотел избркан од Атина зошто бил пријател на нивниот непријател Александар Македонски

Аристотел едне од највлијателните филозофи и мислители на античката и светската филозофија, како и еден од наистакнатите старомакедонски дејци во историјата, Атињаните го напаѓаат како пријател на Александар и судски го прогонуваат за безбожност, по што тој ја напушта Атина во 323 година пр.н.е.  

Аристотел, еден од најголемите ученици на Платон, бил роден во 384 година пр.н.е. во лекарско семејство во Стагира, на Халкидики. Татко Никомах му бил личен лекар на македонскиот крал Аминта III, што ќе му овозможи рано образование од областа на медицината и природните науки. Учењето на Демокрит од Абдера на почетокот ќе има големо влијание врз филозофските проучувања на Аристотел.  

Во 367 година пр.н.е. Аристотел оди во Атина каде поминува речиси дваесет години. Иако бил верен следбеник на учењето на Платон, Аристотел подпаднал и под влијание на Исократ. По смрта на Платон во 347 г. пр.н.е., Аристотел заминал за Мала Азија и подоцна за Митилена. 

Неколку години потоа, во 343/2 г.пр.н.е. Аристотел бил именуван за воспитувач и учител на младиот Александар Македонски. Во почетокот на летото 342 година. пр.н.е. Аристотел доаѓа во Пела, а потоа оди во гимназиумот во малото место Миеза како старател на Александар. Таму се школувала младата македонска аристократија, а времето поминато таму ќе ги зближи Александар и Аристотел. Под будното око на четириесетгодишниот Аристотел, Александар се стекнува со познавање од: поезија, реторика, астронимија, геометрија и др.

Кога Александар Македонски во 335/4 година пр.н.е. ја завзема Атина, Аристотел се преселува таму заедно со својот пријател Теофраст и отвора свое училиште во вежбалиштето Ликеј. Аристотеловите ученици биле нарекувани перипатетици бидејќи нивниот учител имал обичај да предава додека шетаат по патеките. Во него предавал повеќе од дванаесет години, односно се додека Александар бил жив.

Во овој период Аристотел создал бројни дела. Всушност делата кои се сочувани се концепти од предавања или пак белешки и верзии кои ги сочиниле неговите ученици. Во овие дела биле опфатени речиси сите области од филозофијата, потоа логика, психологија и др, со што станува творец на нови научни дисциплини. Се смета дека зад Аристотел останале 146 дела во 400 книги.  Некои говорат за 1.000 книги. Позначајни дела на Аристотел им ги дал на светот се: „Органон“, „Физика“, „Метафизика“, „Механика“, „Метеорологија“, „Реторика“, „Политика“, „Никомахова етика“, „Поетика“ и др. 

Потпомогнат со голема библиотека, неговото знаење било огромно и може да се рече енциклопедиско. Неговата научна љубопитност го терала да зна се и истражувал се што било во рамките на тогашното човеково знаење. Аристотел бил запознат со филозовските учења на сите тогашни училишта, што со право може да се нарече и прв историчар на  филозофијата. Сознанијата кои ќе ги стекне во текот на животот ќе го натераат Аристотел во новата школа формално го напушти учењето на Платон, притоа  велејќи: „Платон ми е драг, но вистината подрага“.

Меѓутоа, смрта на Александар во летото 323 година пр.н.е., ја израдува Атина. Сакајќи да се ослободат од своите непријатели Македонците, го нападнаа Аристотел како пријател на Александар и судски почнаа да го прогонуваат за безбожност. Немајќи друг избор Аристотел го предал управувањето на училиштето на својот пријател Теофраст и кон крајот на истата година заминува од Атина. Набргу потоа, Аристотел умира на 7 март 322 г. пр.н.е. во Халкида.      

Ако за Аристотел вистината била подрага, за Атина вистината била болна, како тогаш така и денес. После скоро два и пол милениума, тие продолжуваат да ја кријат вистината. Тие сакаат да скријат дека Филип, Александар и Аристотел ги чуствувале како туѓинци, варвари од Македонија кои ги потчиниле и ја уништеле нивната традиција на гусарење долж Средоземието.

Обидите овие македонски историски личности денес да бидат прикажени како Грци е надвор од сите историски докази. Но, за Атина ваквата постапка за континуирано манипулирање со јавноста не е ништо ново, како што не е ново дека вистината секогаш излегува на виделина.

 

На прво место

News image

САМО ЗДРУЖЕН МАКЕДОНСКИ НАРОД ,СО СИЛНА ВЕРБА И ЦВРСТ ДУХ ЌЕ ЈА ВРАТИ ДРЖАВАТА ВО СВОЕ ВЛАДЕНИЕ

САМО ЗДРУЖЕН МАКЕДОНСКИ НАРОД ,СО СИЛНА ВЕРБА И ЦВРСТ ДУХ, ЌЕ ЈА ВРАТИ ДРЖАВАТА ВО СВОЕ ВЛАДЕНИЕ. ...

Историја

News image

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ НА БУГАРИТЕ ИМ ПРЕЧИ ТОА ШТО СМЕ МАКЕДОНЦИ

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ НА БУГАРИТЕ ИМ ПРЕЧИ ТОА ШТО СМЕ МАКЕДОНЦИ

Иселеници

News image

Зоран Ќосески-мировен судија во окружниот суд на западна Австралија

Зоран Ќосески-мировен судија во окружниот суд на зап...

Култура и туризам

News image

ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА (24)

ПРОСЛАВИ НА ГОЛЕМИТЕ ЈУБИЛЕИ НА ЕСМА И АНСАМБЛОТ „ТЕОДОСИЕВСКИ“

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (10)

БРИГИТЕ И ТРАКИЈЦИТЕ – ПОПУЛАЦИИ НА ЦЕНТРАЛЕН БАЛКАН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.