Среда, 03 Март 2010   
МАТКА - Вековно сведоштво и жива историја
Убавините на Матка
(Убавините на Матка низ вековите - Институт информатичко општество)


Матка

Реката Треска својот сто триесет и осум киометри долг пат низ планинските краишта на Кичевија и Порече го завршува со кањонот кај Матка. Тоа е еден од највеличествените предели во Македонија. Страните на клисурата се вертикални карпи, што се креваат стотици метри нагоре. Врз тие карпи, на тешко достапни височини, се кријат древни антички храмови и мали средновековни црквички и манастири. Веројатно имало голема причина што луѓето токму тука ги граделе. Матка претставува влез во загадочен и скриен свет. Свет на пропасти и таинствени пештери, во кои наоѓале спас многу родови и семејства во кризни времиња. Свет на лековири води и билки од кои заздравуваат глувонемите и други болни. Свет кој одвреме навреме зема и човечки жртви. Свет на неповторливи импресии од составот меѓу небото и земјата, за секој посетител.

Старините на овие простори можеме генераллно да ги групираме во три значајни временски периоди: Антика, Среден и Доцнасредовековен период. Првиот период, од 1-6 век век од н.е. претставува време кое се забежани повеќе населени пунктови, тврдини како и култни места. Во вториот период има помалку населби, но благодарение на патот во пределот егзистираат моќни тврдини, а освен тоа, под закрилата на оваа заштита во пределот на Матка се создадени повеќе селски цркви и неколку манастирски компекси.

Веќе во третиот период, во време на турското владеење и арбанашките упади од запад, патот е несигурен, а населението од мака егзистира во неколкуте доцнасредновековни села со надеж и верба во Светиот Спас од страна на христијанските манастири во пределот. Од нив денес останале само селишта, тоа се местата каде што пред неколку столетија македонските родови, собрани околу домашното огниште, и во грч го преживувале турското ропство.


АНТИКА

Регионот на Матка во римскиот период. Регионот во Скопје во раниот римски период, адмонистративно влегол во рамките на провинцијата Горна Мезија, чиј управно-административен центар, по се изгледа, бил античкиот град Скупи.

Веќе во првиот век по Хр. е забележан зголемен интерес за воено-административниот апарат за да ги колонизира плодните почви на скопско. Во пределите, особено блиску до градот Скупи, некогаш дедуцираните војници добивале земја и ги граделе своите живеалишта. Според археолошките ископувања, тие тука биле закопувани во гробови или гробници над кои честопати се издигани спомен обележја во вид на стели(надгробни спомен плочи со релјефни претстави на покојниците и оодветен епитаф) или ари со пинии(надгробни спомен-постаменти за вечно зелените борови пинии).

“Пашаркоец” Долна Матка

Покрај речниот брег, исто како и повисоко во планината, староседалците на Матка граделе скормни куќи за живеење.

Веројатно најрепрезентативниот станбен комплекс од раноримскиот период се наоѓал во пределот на Долна Матка, на правецот “Пашаркоец-Рупиње”. На ова место е откриена некропола од раноримскиот период. Приота, биле раскопани неколку гробови со кремирани остатоци од луѓе. Во едниот од нив биле регистрирани особено репрезентативни прилози: керамичка црвено фирнисана чаша што претставувала пергамски импорт. На дното било втиснато SOFRON(IUS).

Потоа, дел од голема лачна фибула, железни клинци и листови од злато, веројатно од некое венче за коса на починато девојче. Вакви златни венчиња се откривани и во некрополите на античко Скупи. Остатоците и трагите од југо-западната периферија и денес можат да се забележат. Притоа, сосема е возможно надгробата стела на извесната робинка-ослободеничка Катинија, вградена во северната фасада на црквата Света Богородица во блискиот манастир Матка, да потекнува од оваа некропола. На стелата е запишано:Тука лежи ослободеничката Катинија Катини феста, која живееше 29(или 40) години.

Марко Катиниј Крисп, ослободеник и сопруг на најпочитуваната се погрижи да го направи. Тие биле робови на Катиниј, ослободени и во текот на 2-от век се населиле на ова место. Во горниот дел на стелата е релјефно прикажана едикула во која се две розети и во центарот е кошница со две вретена. Очигледна е љубовта и почитувањето на Марко Крисп кон саканата сопруга Катинија.

Манастир, Света Богородица, Матка

Остатоци од римскиот период


Овој прочуен манастир се наоѓа во клисурата на Треска југо-западно од центарот на селото Матка. Во ѕидовите на црквата биле вградени повеќе камени елементи што со сигурност потекнуваат од староримскиот период. Дел од архитав, од бел мермер, е вѕидан во северната фасада на црквата. Се гледа неговата долна (некогашна плафонска) страна. Таа е декорирана со лисје и попречен балтеус. Коринтски капитал десно од него. Освен тоа, во еден агол на јужната страна на конаците е вѕидана мермерна глава на овен. Стилот упатува на преодот од 2-3 век, а претставува дел од саркофаг или жртвена ара.

Во куполниот тамбур, од југо-источна стрна, се вѕидани два меноа од ранохристијанска црква, а долу, на јужната фасада има дел д антички столб. Овие камени делови секако потекнуваат од ранохристијанска црква. Освен овие ранохристијански камени елементи на западната фасада на црквата, лево и десно од влезот, се вѕидани два дела од еден столб со правоаголен пресек и трет дел на уште еден столб. Орнаментот на првите два дела се состои од долг лентест ластер кој расте нагоре од една чаша со висока нога, формирајки 6 кружни полиња. Во четири од нив се гледа рамнокрак крст со проширени краеви, во едно шестолисна розета а во едно тролистен цвет сето тоа симболизирајки го дрвото на животот.

“Свети Спас, Петров Камен”

На зарамнетото плато од ридот кој се издига на левиот брег на реката Треска се наоѓаат две градби. Северната градба, издигната на највисока позиција, е малечката еднокорабна црквичка Свети Спас. Средновековната црквичка што датира можеби од доцниот 14-ти век била изградена врз контурите на постар и многу поголем култен објект. Месното население со оваа црква го поврзува мошне силниот култ кон Свети Спас.

Свети Тројца или Св.Архангел Михаил е јужната градба. Tоа е црква од 12-13 век, времето на византиските владеења. На овој простор се наоѓаат расфрлани или вградени во црквите повеќе камени архитектонски делови кои, според своите карактеристики, потекнуваат од раноримскиот и доцноантичкиот период. Тие припаѓале на две култни градби: храм и базилика.

Шишево

Остатоци од храм од рано-римскиот период

Постарите камени елементи чии што стилски и типолошки одлики упатуваат на рано-римскиот период најверојатно биле вградени во еден храм. (да се прикачи слика14,15 стр 27) Камените биле: два јонски капители од бел мермер во северната фасада, дел на ехинус-кима со познатиот јајчест декоративен мотив, откинат од еден јонски капител, база римски јонски тип од бел мермер, дел од платформска плоча со розета во квадратна рамка, и уште еден вид архитравен елемент со слечна профилација како примерите од Св.Спас, Матка. Меѓутоа тој има поинаква декоративна шема: гледаме пет профилирани лентести полиња, додека на средината, поширока лента се изгравирани триглифи, а во меѓупросторите розети.

Остатоци ранохристијанска базилика

Втората типолошко-стилска група декоративни камени елементи потекнува од една ранохристијанска базилика. Дел од травертинска колона, два двојни прозорски столба-прозорски менои од мермер, дел од импост за мено, украсен со крст со проширени краеви. Врз дел од малиот архитрав, веројатно од олтарната преграда на базиликата, има три декоративни елементи: четирилисна розета, тролисна палма и латински крст. Врз дел од парапет, од бел мермер се гледа седиштето на осмокрак христијански крст со проширени краеви и розети со тордирани листови.

“Марков Град”, Матка

Долгот и висок планински масив Осој ја ограничува клисурата на Треска пред Матка. На источната страна тој одеднаш се спушта преку еден тесен карпест рид-Аграчино(Машилонет) и вертикален срт Андрееви Карпи, надолу до реката. На една доминантна и тесна карпа на сртот, во античко време била изградена моќна тврдина. Местото е тешко пристапно, оддалеку речиси невидливо. Да се освојат некои делови од античката тврдина дури и денес, претставува алпинистички подвиг. Марковиот Град мошне тешко се забележува. Дури и кога ќе се пријде поблиску, поради бујната вегетација , без познавање на теренот тешко се воочуваат неговите делови.

Доцноантичкиот кастел се состоел од акропола и широко западно предградие. Археолошките истражувања во акрополата откриле изобилство делови и фрагменти на доцнаантичка градежна керамика. Тоа биле тули, полутули и покривни керамиди-тегули од коринтски тип со остри рабови. Најголем дел од нив биле вградени во средновековната црква Св. Недела во тврдината но се гледаат и како површински наоди. Од остатоците од животински коски и фрагменти од садова керамика, како и од пронаоѓањето на доцноантичката бронзена монета можеме да го заклучиме најраниот период на егзистенција на оваа тврдина кој датира од 4-ти или 5-тиот век.

Западно подградие

Западното подградие се наоѓа под акрополата, на една широка тераса со голем наклон кон север. Подградието било формирано во доцна антика. Тоа го потврдуваат остатоците од антички градежен матерјал, пред се, карактеристичните покривни покривни керамиди-тегули.

Потоа, делови од колемите ќупови (питос грч., долион лат.) за депонирање и чување на жито. Меѓутоа со сигурност не може да се одкрие дали ова подградие било користено и во средниот век. Можеби потврда за ова би бил средновековниот сад откриен како површински наод на овој простор. Како и да е со голема сигурност може да се претпостави дека големиот западен ѕид во средниот век имал улога на заштитен предѕид.

Тврдината била снабдена со вода од изворот Горна Ковачница. Тој е на околу 500 мерти западно и на повисока позиција. Водата од овој извор била кантирана и спроведувана со керамички цевки-тубули речиси под самата тврдина.

“Кале”, Барово

Западниот дел на планината Водно заедно со Велја Глава доминира над завршетокот на клисурата на Теска. На самиот врв се наоѓаат остатоците на еден цврсто утврден доцноантички кастел во тријаголна форма. Одбрамбениот ѕид е граден од кршен варовнички камен сврзуван со цврст варовен матерјал.

Внатрешноста е исполнета со остатоци и контури на урнати градби. Воениот карактер на ова место го потврдуваат низа мали правоаголни простории потпрени одвнатре на источниот одбрамбен ѕид. Еден мошне ситен керамички фрагмент потекнува од мала црвенофигурно украсена ваза. Тој датира од предримскиот период (4 век пред Хр.) и е единствен досега што навестува дека ова место било населено уште во предримскиот период. Доцноантичките наоди сепак се најмаркантни и најинтензивни. Според повеќе наоди на монети, може да се заклучи дека животот на ова место траел од 4-тиот до 5-тиот век.

Освен монетите што ни го посведочуваат времето кога тврдината била активна, се откриени и железни врвови од стрели потоа, железни доцноантички фибули меѓу кои се издвојува примерокот со подвиткана нога карактеристичен за 6-тиот век.

Околината нема рудни лежишта ниту пак кастелот е поставен непосредно на некоја патна траса. Очигледно е дека скромните потенцијали за екстензивно сточарење на околниот терен не биле причина овој доминантен пункт, да биде утврден со цврст одбрамбен ѕид и голем број мали простории потпрени одвнатре. Во овие униформни соби секако, престојувале војници на крајот на античкиот период. Тие имале задача да вршат, пред се, визуелна контрола со сигнализација на трите западни влезови со скопската котлина

- клисурата на Треска кај Матка
- долината на Вардар од Полог преку Радуша кон Свиларе
- долината на рекичката Фуш, од Полог преку Рогле кон Скопско


СРЕДЕН ВEК

Словенските напливи особено се интензивирале во втората половина на 6-тиот век, а конечниот бран доаѓа и се запира на Балканскиот полуостров на почетокот на 7-от век.

Тоа што ги привлекло Словените во пределот на Матка било истото што ги привлекло и староседалците во раниот римски период. Мистичноста на Матка, тесниот таинствен карпест процеп од кој блика силна ВОДЕН МАТИЦА што им нуди живот на плодородните полиња но, и на луѓето. Зад карпестиот матичен “животен извор” се многубројните влажни пештери и пропасти околу Козарево во чија внатрешност тече или се цеди водата формирајки ги пештерските сталактити и сталагмити, меѓу народот познати како “боски” т.е. дојки, вимиња, женски симболи на Мајката Земја дарителка на влагата, на водата, на плодноста и на животот.

Тука се препознава старословенското женско божество Мохос кое, исто така, е поврзано со земната плодност и со влагата. Од оваа, во карпите природно оформена матка, веројатно се издигал женскиот култ на еден вид “Богородица Матушна Владичица” или “мајка на влажната земја”. Токму нејзиниот култ бил востановен над т.н. Мечкина Дупка, односно во манастирот Света Богородица, Матка.

Пределот Матка навистина изобилува со места што ни го потврдуваат, пред се, женскиот карактер на раните пагански и подоцна словенско-христијански култови. Почнувајки со малата пештера Мечкина Дупка и со култот кон Богородица во манастирот веднаш над пештерата, преку култот кон артемида на Петров Камен, до карпите во кои е Света Недела, претставувана како “Огнена Марија”, ќерка на небесната царица Вида(Света Петка). Секако не е сучајно наречен Петкоица долот под Света Недела. Според тоа, не се случајни но топонимите на местата Горица и Загорица што се наоѓаат во реонот на Висок Рид, јужно од Марков Град и Света Недела и одспротива пештерскиот регион на Козарево. Постои верување дека во овој живописен планинско-шумски предел пресројува Горската односно Шумската Мајка, женска митолошка појава кај старите Словени, многу блиска според карактеристиките на Мајката хранителка.

“Марков Град”, Матка
Средновековен град Матка


Повторно се враќаме на “Марков Град”. Во средниот век тврдината била помала, но остатоците од неа се порепрезентативни. Главниот град е изграден во рамките на доцноантичката акропола. Оваа тврдина има форма на неправилен триаголник. Во централнииот дел се издига мало карпесто плато кое било доѕидувано од северната и источната страна за да се создаде потребната хоризнотална површина за фундирање на централниот средновековен станбен објект.

Од јужната страна теренот е подигнат за околу еден метар и претставува релативно рамен простор на кој е изградена црквата Света Недела. Јужно од неа се издига стрмна карпеста вертикала.

Набљудивајки ги одбрамбените линии околу акрополата ко забележуваме западниот одбрамбен ѕид кој се протега од контутите на кулата(бр.5) до карпестатавертикала на југ. Неговата конструкција потсетува на други објекти од тоа време кои се наоѓаат во околината на Скопје, како на пример средновековниот град Кожле. Имено, и тука постои заштитен одбрамбен градобран.

Во јужноит дел била изградена вовлечена порта. Изворите кажуваат дека свиреп мухамедански Арбанас ги откорнал, особено забележливите врати и ги однел во својот дом и таму повикал цигани-ковачи кои му исковале рало и секири. По извесно време, сиот неговдом се истребил и денес е пуст.

Во одбрамбениот дел биле и создадени и т.н “пушкарници”, стеснати отвори во ѕидот наменети за одбрана. Истовремено пред овој ѕид, бил изграден уште еден, како предѕид(протеихисма) со што биле засилени одбрамбените можности на главниот влез во тврдината.

“Марков Град”, црква Света Недела

Црквата Света Недела е мала, еднокорабна, куполна. Има правилна ориентација исток-запад. Ѕидовите и биле градени од кршен и делкан локален камен-варовник со користење керамичен матерјал (тули и тегули) од античка провинција. Горните партии на сводот и куполата биле конструирани од бигорести камени блокови. Апсидата однатре е полукружна, а однадвор е тристрана. Северно и јужно од неа има две мали полукружни ниши.

Одозгора, тие се покриении со мали полукалоти. Куполата и тамбурот не се сочувани, но се гледаат двата источни пандантифа што се потпрени врз пиластри. Кубето било потпрено врз попречните арки, од кои е сочувана само источната. Црквата имала влез од запад. Анализата направена на фреските и самата архитектура потврдуваат дека црквата датира од периодот помеѓу 1350-та и 1360-тата година.

“Ветер воденица, Маркова ветерница”
Одбрамбена кула


Од јужната страна, над подградието и акрополата, се издига вертикален карпест масив. На околу 20 метри над црквата тој се претпора во тесен карпест гребен кој стрмно се издига на југ. На едно место има мало проширување и можат да се видат траги од мала просторија всечена во карпите. Во близината на централното плато, во правец на западниот одбрамбен ѕид, гребенот е прекинат со тесна доминантна точка, позната кај месното население како Ветер воденица или Маркова ветерница. Карпестиот гребен тука е природно пресечен. Но, веднаш тој продолжува да се издига кон југо-запад. На Маркова ветерница леќат остатоци од една одбрамбена кула. Имено освојувачите можеле многу лесно да ја освојат тврдината доаѓајки преку гребенот од југозапад. Токму затоа, оваа точка била инзвонредно витална за жителите на тврдината. Овој утврден купест врв одлично ја покривал и штител тврдината.

Интензивно, црниот културен слој од земја и пепел укажуваат дека кулата не успеала да се спротивстави на некој голем атак во минатото и била изгорена и урната. Површински наоди од ова место се: дел од црепна, железни клинови и многу животински коски. Тие сведочат дека овој пункт бил деноноќно одржуван.

Кој бил сопственикот на “Марков Град”, Матка

Врз основа на досегашните сознанија за ова место, на ова прашање денес е мошне тешко да се одговори со сигурност. Постојат две можности:

- “Марков Град” во средниот век претставувал утврден манастирски комплекс со црква и конаци.

- “Марков Град”, во истото време, претставувал реудална тврдина со благородничка црква. Тука живеел благородникот Бојко, господарот на Матка.

(продолжува)
 

На прво место

News image

Никаде во Европа, ниту во светот е забележано полициски сили да опседнуваат седиште на опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Политичкиот прогон врз Груевски се користи и за хајка и притисок против ВМРО-ДПМНЕ...

Историја

News image

Германски историчар објаснува како е фалсификувана грчката историја

Германскиот историчар вели дека историјата е сосема поразлична од онаа што сме ја учеле во училиште,...

Иселеници

News image

Нашинец во Америка ја бојосал фасадата од куќата во боите на македонското знаме

Нашинец во Америка ја бојосал фасадата од куќата во ...

Култура и туризам

News image

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (16)

Со вие  зборови   за   гревот  човечки,   на   арх...

Фељтон

News image

Александар Македонски (57)

Околу мај неговите дипломатски претставници се вратија од оазата во Сивах и извест...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.