Среда, 31 Јануари 2018   
Најглавната работа је Македониа да се помакедончит

Писмо на Темко Попов до Деспот Баџовиќ

temko-popov

Драги Деспоте,

Во предговороф на ова писмо ќје ти предизвестам, оти ја кје се помачам да ти пишам, колку је можно, на наше наречие замствајки оние речи, кои ја и незнам, со блгарски. Шчо да се чинит инака, Деспоте! Нашето наречие кога можело да диктира на другите славјански наречиа, останале наисиромашко и, како питач, соружит рака било на блгарското, било на српското и дури на Руското! Не отричам ја оти своите славјански наречиа, се сходни помегу си и оти природно је да се взаемеет едното от другото, а не до вакво дередже (дже - не знам како се пишит) до кое е дошло нашето кутро наречие, шчо да не можит чоек да си искажит мислите, без да употребит блгарски речи, ако тој имат живено у блгарско, српско - ако у српско. Вистина, нашево наречие, како најсходнос о српското требит од него да црпит оние речи, кои ги немат у речникот си, но каде ни је нашиот речник, каде се нашите филолози, кои да может да се завземеет со овај важен вопрос т.ј. да ни составеет граматика и други најнужни учебници, барем за основните училишча? Немајки наши филолози, каде се српските, кои да знает нашево наречие и да сочинеет овие елементарни необходни книги со такво научно безпристрастие штото тамо само да употребеет српски, вместо дополнителни, каде неможеет да најдеет Македонски речи, а и да се водеет от слеп патриотизам и, вместо да составеет македонски учебници, да сочинеет чисто српски.

Да не се лажиме, Деспоте, националниот дух у Македониа до такво дередже денеска је стигнал, штото и сам Исус Христос ако слезит от небоно неможит да го уверит Македонеца, оти је блгарин или србин, освен оние Македонци у кои веке пропагандата блгарска се имат вкоренено. За да се увериш ти во ова нешчо требит да земеш блгаризма пред очи. Блгарската пропаганда ево веке се чинеет 20 години, каде работат у Македонија, во најслепите времина, кога грцизмот - сосвем чужда нациа, беше зафатил да се фкоренвит во срцето Македонско; и Македонците кога видоа зрак от славјанизам, фрлиа се, као слепи во пазуите му, без да пулеет на разликата му. Стигаше за ними шчо се откинаа от грцизмот. Но шчо да чинат сега т.ј. после двадесет години блгарски маки, акимлаци и немилосни парични жертви?

Се чинит она, Драги ми Деспоте, шчо е природно, но за блгарите неочекувано т.ј. сега секој македонец признава, оти тој не је блгарин и гласно исповеда својата нациа, ако и да се ползувеет ушче от блгарски срества, немајки, разуме се, свои.

После, от како вигаме ние оти блгаризмот пропадат вака ужасно, можно ни је да се вервит, на некаков успех за распространенјето на друг, какоф и да је тој, славјански јазик? Ја не вервам, а таа исто не вервам и ти да вервиш. Зато ние, Драги ми Деспоте, бефме зафатиле ушче од лани и дори от олим-лани да препорачааме да се отвореет македонски училишча со ова наречие, штото колку је можно да се искоренвеет блгаризмите, кои се имеет пикнато от отворанјето на блгарските училишча во Македониа, и да се замествеет со поприродните т.ј. српските. Мене никој не може да ме разубеди оти по инакоф начин можеат да се збратимосеет овие два братски народа и јазика. Најглавната работа је Македониа да се помакедончит.

Ваш пријателј

Т. Попов

Извор: Народна библиотека Белград, - фонд - Јован Хаџи Васиљевиќ, П 413/III,

 

Темко Попов бил македонски национален деец, македонист, член на Тајниот македонски комитет и публицист кој смета дека „најглавната работа е Македонија да се помакедончи“.

Заедно со уште тројца членови на ТМК (Н. Евро, К. Групче и В. Карајовов) учествува во тајните преговори со српската влада за соработка по македонското прашање што се водат во Белград кон крајот на август 1886 година. Според привремената програма на Тајниот македонски комитет и врз основа на меѓусебните отстапки, Србија требало да оствари влијание во Македонија, а за возврат да ја поддржи реализацијата на следниве барања:

- назначување на 12 учители во македонските училишта во учебната 1887/88 кои ќе предаваат на македонски јазик;

- издавање на брошура на македонски јазик во којашто ќе биде претставена реалната положба во Македонија, по формирањето на бугарската Егзархија и ќе биде актуелизирана заложбата за обнова на Охридската архиепископија;

- отоворање на македонско читалиште во Солун;излегување на неделен весник во Цариград под името „Македонски лист“.

За жал, програмата на ТМК, освен по втората точка, не била прифатена од српската влада со оглед на судирот на српските националистички интереси со македонските интереси на ТМК. Сепак, како драгоцено сведоштво за одржаните преговори и за обидот на ТМК да реализира крупни придобивки за македонскиот народ останува во ракописот на Попов „Кој е крив“, напишана на убав македонски јазик и стил во 1887 година. Оваа брошура освен што е своевиден документ за општествено-политичките и националните процеси во Македонија во втората половина на XIX век, претставува и значаен обид и придонес за нормирање на македонскиот јазик во сферата на публицистиката и литературата и се вклучува во Македонското јазично прашање во 19 век. Во ова свое дело, Попов, ја има запишано и суштинската реченица за македонската национална посебност и самобитност:

И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти е Блгарин ил’и Србин.

- Дополнување на податоци (од неговите потомци) за Темко (Темистокли)Попов, татко Стефанија Попов, мајка од фамилија Танчевци од Охрид, сестра Анета Попова Кацкова, брат Мита-Димитрије и Коста. Сопруга на Темко е Евангели од Солун. Стефанија Попов и Александар Попов се синови на грчкиот владика Калиник, кој во Охрид дошол кон крајот на XIX век, од грчкиот остров Тасос. (1862-1885) Основно (грчко)училиште завршил во Охрид, во Атина завршил шести клас гимназија на грчки јазик. Во Атина работел во разни православни агенции, како и во редакциите на некои весници. Одлично ги познавал грчкиот и бугарскиот јазик (пишување и зборување), а турскиот јазик само го зборувал. Во Едрене предавал во Прогимназијата, а истовремено бил писар во Духовната семинарија. Во тоа време бил и економ во Битолската (егзархиска) гимназија. Во 1886 е еден од оснивачите на "Тајниот македонски комитет" од Софија составен од Темко Попов, Наум Евро, Коста Групче и Васил Карајовов, во таа година присуствува на конференцијата на истакнати општествени работници на Кралството СХС, во Белград. Во 1887 работи како економ во Бугарската (Егзархиска) гимназија. Од 1 јануари 1887 до 31 декември 1913 Темко Попов бил во служба на Кралството СХС, во Солун, Цариград и Атина, како сенатор, драгомани национален работник вкупно 27 години. (Податоците се од документ издаден на 8 мај 1921 година од Министерството за надворешни работи на Кралството СХС, во Белград). На 23 мај Темко во Белград бара од Сава Грујиќ претседател на министерскиот совет во министерството за надворешни работи, да биде поставен за официјален службеник во српскиот конзулат, за да може да го ужива истиот авторитет кај луѓето со кои соработувал на полето на српската пропаганда во Солун. На 21 јуни Попов ја доставил ПРОГРАМАТА на Сепаратистите до српската влада, што содржеле четири точки, кои се однесувале на школството во Македонија, и обновувањето на Охридската епископија. Во јануари 1888 година, во егзархиската гимназија во Солун 18 ученици Македонци, протестирале кај управата барајќи наставата да се одвива на македонски јазик. Официјален водач бил Панта Кондовиќ од Прилеп, а идејниот лидер бил Темко Попов. Припадниите на оваа група биле исклучени од гимназијата, а во македонската историја се познати под името "Македонисти". Темко добил отказ на работното место во бугарската гимназија во Солун. Потоа доаѓа во Белград каде друштвото "Св. Сава" го помага материјално се до новото негово назначување на работа. Во 1889 завршен е текстот за брошурата за политичката положба во Македонија од Темко Попов, под наслов "Кој е крив". Кратко време работи и како повереник на српското министерство за надворешни работи. На 22 февруари доаѓа во Солун во Генералниот конзулат на Кнежевина Србија. Во 1903 роден е неговиот син Милоје (Емил Лукас?!), родена е неговата ќерка Ленкица која починала на 14 годишна возраст. Во периодот од 1908-1909 живее во Цариград, каде е сопственик на весникот "Цариградски гласник" (кој излегувал на српски јазик во периодот од 14 јануари 1809 до 19 јануари 1909). Во 1921 година е назначен за инспектор од прва класа во аграрното поверенство во Битола и Охрид од страна на министерството за аграрна реформа на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците.

 

На прво место

News image

Македонија да ја направиме повторно Горда

  Претседателот на Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Мане Јаковлески на средба кај Мет...

Историја

News image

Титовите слуги измислуваат македонски национализам

На 18 јули о. г. сите дневни весници од Југославија донесоа подолги извештаи од заседанието на Секре...

Култура и туризам

News image

Верувања од Разлошко

Градба на куќа Кога се започнува да се копа темел за градење нова куќа, обично, се почнува со работ...

Фељтон

News image

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – (ДЕЛ II) (28)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.