Среда, 20 Април 2022   
ЕГЗАРХИЈАТА НЕ ИМ ДАВА СЛУЖБА НА СПОСОБНИТЕ МАКЕДОНЦИ КОИ МОЖАТ ДА БИДАТ НАЈПОЛЕЗНИ ЗА МАКЕДОНИЈА

ПЕТАР ПОП АРСОВ,  “ПИСМО ОД СОЛУН”: ЕГЗАРХИЈАТА НЕ ИМ ДАВА СЛУЖБА НА СПОСОБНИТЕ МАКЕДОНЦИ КОИ МОЖАТ ДА БИДАТ НАЈПОЛЕЗНИ ЗА МАКЕДОНИЈА

Petar Pop Arsov

“Особено од некое време наваму тие (егзархиските чиновници, н.б.) не прават ништо друго освен да им ја налагаат својата власт на Бугарите и на тој начин да го раскинуваат населе-нието. Претставете си дека каде што ќе отиде егзархиски човек, претседател, директор, инспектор и сл., тој бездруго ќе почне да распоредува по свое, ќе го раздели народот на две, ќе обра-зува партии што ќе гледаат да си ги извадат очите и така ќе ги разбрка работите што раководителот наместо да го обединува на-родот, тој го прави спротивното. Тие примери ни се пред очите секогаш.

Истото го прават и директорите, воспитувачите на македонската интелигенција. Дошле за да образуваат, да го подигаат духот на Македонците! Истото го прави и г. Сарафов. Дошол да го воведува својот монархизам во Солун и, како што е познато, тој се обиде да тури се што е бугарско под своја зависност, мислејќи дека Македонците ‘ не се способни” да му го попречат тоа! Што се однесува за во училиштатата, тој успева; таму се станува по негово самоволие. Во самата гимназија нема друго освен робови и слуги на С.(арафов). Овие несовесни, начело со лисицата Н.(аследников), не се интересираат за друго, освен да се шпионираат еден со друг и да му се вмолкнуваат под кожата на С...

Колку зелена тиква бил оној што толку претходно го фалеше во еден весник. Колку знаел какви квалитети треба да има македонскииот деец! Слично прават и скоро сите директори во Македонија.

Кога ги имам пред очите овие примери, нешто ме тера да заклучам дека овие луѓе ја немаат благородната цел за Македонија, дека тие не ги знаат вистинските потреби на нашиот народ и неговите интереси. Забележливо е дека Егзархијата ни натрапува се такви луѓе. Таа ги пади и не им дава служба на способните Македонци, коишто најдобро ги познаваат потребите и положбата на свооите браќа и ко можат да бидат најполезни за Македонија. Таа ги мрази Македонците. Дури и во самата Ег-зархија има едн поп што ништо не работи и којшто не сака пред очите да види Македонец, дури и најпростиот.

Има уште многу да трпиме ако не се заземеме самостојно и ако ги оставиме толку лесно да ни натрапуваат такви раководители, туѓи на нашите народни интереси и потреби и од кои не можеме да очекуваме никаква полза, зашто за да ги за-познаеме вистинските потреби на еден народ, треба да му влеземе во положбата, а овие не го прават тоа.
        .
„Глас Македонски”, II, 5, 23. XII 1894, стр. 2- 3“

 

На прво место

News image

МАКЕДОНСКА ДИЈАСПОРА : НЕ ЗА ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА

Придонесот на  Македонците кои го напуштиле дедовскиот праг во етничка Македонија и поради ек...

Иселеници

News image

МАСЛИНОВАТА ГОРА И ЕРУСАЛИМ (9)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ИЗРАЕЛ И МАКЕДОНИЈА“ НА СЛАВЕ КАТИ...

Култура и туризам

News image

СИЛЈАН МИЦЕВСКИ - ИЗБРАН ЗА ПРВ ГРАДОНАЧАЛНИКНА БИТОЛА ВО 1996 ГОДИНА (10)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СИЛЈАН МИЦЕВСКИ“ ОД АВТОРИТЕ СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ - КАТИН И ЃОРЃИ ЛУМБУРОВС...

Фељтон

News image

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА И СУДБИНАТА НА МАКЕДОНСКОТО НАСЕЛЕНИЕ ВО ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА (4)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.