Среда, 02 Март 2016   
Битола бил еден од најразвиените градови во 19 век

Македонска нација

Во 19 век, Битола бил еден од најразвиените културни и стопански градови на Балканот после Солун. Тоа може да се види од следните податоци. Ако градот Битола тогаш наизменично осцилирал од 33 до 60 илјади жители во Скопје живееле 10 илјади жители, во Ниш 10 илјади, а во Белград 30 илјади.

Bitola old

Во периодот од 1835 до 1875 година карактеристични се стопанските и урбанистичките движења во Битола. Во овој период градот стопански се развива и се појавуваат првите никулци на индустријата. Во тоа време градот преставувал  широк стпански регион кој бил способен да произведува и снабдува со стоки од широка потрошувачка население од еден милион жители со производство на жито, домашна преработка, занаетчиски производи и увезена стока од своите консигнациони складишта.

Се до Првата балканска војна во 1912 година Битола бил консигнационо складиште за широкото подрачје на Македонија од сите врсти на европска стока од Солун кој бил во тоа време стпански многу развиен.  Треба да се напомене дека Битола во овој период за Солун поради Егејското Море бил економски хинтерланд, преставувал значаен стопански канал за промет со разни видови индустриска стока. Овој стопански полет на градот бил потенциран во 1894 година со отворањето на пругата Солун Битола, чија градба траела три години.

Покрај стоковниот промет, занаетчиството во градот било една од основните економски категории кое најмногу придонело за економскиот и општествениот развиток. Занатчиите организирани по струките во еснафи биле носители на културно просветниот, општествениот и социјалниот развиток на градот. За економскиот развој на градот во тоа време во извесна мера придонеле Евреите и Власите. Според историските податоци Евреите во Битола се доселиле во 15 век од Шпанија, а Власите во 18 век, односно после разорнувањето на Москополе од башибозуците во 1787 година.

Од занаетите најмногу биле развиени шивачкиот и златарскиот занает. Нивните еснафи биле нешто поголеми од останатите. Покрај нив биле развиени којунџискиот, чевларскиот и папуџискиот занает. Постоеле сарачи, ножари, столари, калдрмаџии, телали, ахтари, алваџии, бозаџии, ковачи, кожувари, опинчари, собаџии леблебиџии, рогузинари, гајдаџии и т.н. Со овие занаети претежно се занимавале Македонци, Турци, Власи и др.

Битолската чаршија, се вели во хроничарските записи, била исто толку голема како и секоја друга чаршија од „Јадранско до Црно Море и од Дунав до Егејско Море“. Работното време на занаетчиите и останатите било неограничено. Почнувале од раните утрински часови до касно во ноќта. Во претпразничните денови пред Велигден, Божик и други верски празници се работело до границите на физичките можности.

Обновувањето на занаетите се вршело преку чираци и калфи. Чираците и калфите биле надвор од секаква законска заштита. За добивање на занает преку чирачење покрај бесплатното работење се спогодувале со родителите на чиракот за плаќање на одреден број златници. Чиракот служел за вршање на секакви приватни работи. Во зимбилот носел од чаршија храна до домот на мајсторот. И помагал на жената на мајсторот во вршење на домашните работи.

Во овој период Битола стопански се развива и се појавуваат првите никулци на индустријата како што е на пример производството на ткаенини во село Дихово. Се сметало дека за квалитетот на ткаенините производени во селото Дихово во многу допринесувал хемискиот состав на водата. Во 1880 година во Битола во блиското село Дихово била основана првата работилница – „фабрика“ за штофови, килими и сиџадиња.  

Покрај производите на почетната цеховска волнена индустрија, во продавниците на битолската чаршија биле изложени на продажба, најубавата француска и кинеска свила, персиски килими, француски штофови и друго. Во тогашната Влашка чаршија која биле една од најглавните во градот, изложени биле на продажба производи со нивни карактеристични особености на атрактивни кроеви и ткаенини, волнени влашки гуни, волнени бечви и фанели, многу убави јамболии, како и готова за тогаш, современа облека. Телалските дуќани кои продавале поубава стока биле сопственост исклучиво на Турците. Со телалска работа се занимавале и Евреите, но со нешто послаб квалитет на конфекција.

Во овој период на развиток на градот се извезувале на други пазари производи на домашни ракотворби, производи од фабриката во селото Дихово, сирова волна и жито. Постоеле и 7 ахтарски (фармацеутски) продавници. Со ахтарство се занимавале, исклучиво како привилеговани ред на граѓани, Турците. Менувачките дуќани ги воделе Власите и Евреите.

За тогашниот менталитет за тргување со стока карактеристично било тоа што занаетчиите и трговците голем дел од стоката изложувале на тезги на тротоарите пред своите дуќани. Тие често пати во летните месеци спиеле ноќе на тротоарите покрај изложената стока, како не би биле принудени да ја пренесуваат и редат.

Битолските занаетчии здружени по грани на својот занает во еснафи, покрај редовните општествени активности, имале традиција еден ден во годината кога го прославувале својот патронен празник. На овој празник одредено лице од одборот на еснафот ги канело членовите и нивните пријатели со јаболко. На тој ден во посебно свечен амбиент и декор се собирале во одредени сали каде го прославувале во својот патронен празник. На прославата на својот празник занаетчиите меѓусебно со своите фамилии и пријатели долго време се веселеле и прикажувале за своето искуство. Се разбира, еснафите и нивните патрони празници на одреден начин биле користени за политичко и национално пропагандно влијание.

Меѓутоа, во овој периодот на стопански растеж во градот се склучуваат и три катастрофални пожари. Првиот поажар се случил во 1835 година кога во пламенот изгореле 2000 згради. Во 1862 година се појавил втор пожар во Ени амам или Горни дрвен пазар и се запрел кај Сточниот пазар или Ат пазар кога е уништена целата битолска чаршија. Во третиот пожар во 1897 година изгорел тогашниот житен пазар со две стотини дуќани и станбени згради.

После овој период на пожари, наместо ниски згради од слаб материјал градени од плитар и штици, наместо тесни, криви и нечисти улици, во Битола се граделе еднокатни и повеќекатни згради и дуќани од чврст материјал. Се подигале магазини со железни врати и ќепенци слични на цариградските и дубровачките. Улиците биле за тогашните разбирања, широки. Какви биле тие разбирања за широки улици се илустрира со називот „Шорок сокак“ на сегашната главна улица во центарот на стариот дел на градот.

Покрај пожари, во оовој период регистрирана е појава на организирани групи кои го ограбувале градот. Овие пожари и грабежи не само што му нанесле големи материјални штети, туку за исвесен период го оспориле неговиот стопански и општ развој. Тоа довело и до осцилации во бројот на жителите на градот.

Во овој определен степен на развиток на градот интересен бил за овој период и соодносот на бројот на жителите во него со другите градови во Македонија и на Балканот. Ако градот Битола тогаш наизменично осцилирал од 33 до 60 илјади жители во Скопје живееле 10 илјади жители, во Ниш 10 илјади, а во Белград 30 илјади. Од овие податоци произлегува дека Битола во времето од 17 до почетокот на 19 век спаѓал во културно најразвиените градови во Македонија и Србија после Солун. Бил еден од најразвиените градови стопански градови.

(извор: Д. Грданов „Битола и Хераклеа низ вековите“, Битола, 1969, стр. 20-25)

 

На прво место

News image

Никаде во Европа, ниту во светот е забележано полициски сили да опседнуваат седиште на опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Политичкиот прогон врз Груевски се користи и за хајка и притисок против ВМРО-ДПМНЕ...

Историја

News image

Германски историчар објаснува како е фалсификувана грчката историја

Германскиот историчар вели дека историјата е сосема поразлична од онаа што сме ја учеле во училиште,...

Иселеници

News image

Нашинец во Америка ја бојосал фасадата од куќата во боите на македонското знаме

Нашинец во Америка ја бојосал фасадата од куќата во ...

Култура и туризам

News image

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (16)

Со вие  зборови   за   гревот  човечки,   на   арх...

Фељтон

News image

Александар Македонски (57)

Околу мај неговите дипломатски претставници се вратија од оазата во Сивах и извест...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.