Среда, 10 Февруари 2021   
Голи Оток - Хрватски остров во Јадранско Море

goli-otok

Има површина од околу 4,7 км² и е лоциран источно од полуостровот Истра во Велебитскиот канал, помеѓу островите Раб, Св. Гргур и Првиќ. Островот не е погоден за живот и сè до најново време не бил ненаселен.

Голи оток е познат по концентрациониот логор што југословенските комунисти го изградиле во летото 9 Јули1949 година по судирот со Сталин и Информбирото. Таму во прв ред биле затворани лица кои во судирот помеѓу Тито и Сталин застанале зад Сталин, но покрај нив на Голи оток биле затворани и малцинства од различни националности и луѓе со демократски погледи. Заедничкото за нив било тоа што тогашните властодршци ги сметале за опасни за својот режим.

Последниот политички затвореник од Голи оток е отпуштен во 1956 година, а како затвор престанал да функционира во 1988 година.

Како најзаслужни за формирање на голи оток се хрватскиот вајар Августин Августинчич шеф на удба за Хрватска, генера лот Стево Крајачич И титовата десна рака Едвард Кардељ, тие сметале дека петтата колона брои многу Сталинисти И ке И зададела голем удар на партиата, према нивната замисла на тогашниот врв на југославиа Голи Оток требало да биде друштвено поправен затвор каде затворениците брзо ке се поправат И ке И се вратат во прегратките на партиата, на голи оток затворениците доаѓале со брод кој го викале ПУНТО

На голи оток се наоѓа злогласниот логор на југословенските политички затвореници таму беа сместени И брутално измачувани титовите не послушници, на голи отокот кој уште по полуларно бил наречен југословенски алкатрас или титови хаваи, затворениците ги извршувале најтешките физички работи се работело во рудници на летна температуре И од 35 па до 40 степени целзиусови, а во зимо завеани со јака бура голи оток бил страшилиштен а духовите каде се губело секакво достоинство но се губел И животот, задачата на управата на логорот била не само физички туку И духовно убивања на не послушните на титовиот режим, сите веке познати методи на мачење од сибирските па преку нацистичките логори за перење на мозокот биле користени на непослушните титовисти во голи оток, преку 90% од логорашите дошле на овај остров без никакво судско решение туку по партиско решение,

Помеѓу Македонците што биле затворени на Голи оток најпознати се: Панко Брашнаров, Венко Марковски, Петре Пирузе, Владимир Полежиноски и други.

Информбиро е една од кратенките за Комунистичкото Информациско Биро (познато и како Коминформ). Информбирото е формирано на 27 септември 1947 година и претставува прв официјален форум на меѓународно ниво на комунистичките партии по распуштањето на Коминтерната во 1943 година. Седиштето на Информбирото на почетокот е лоцирано во Белград, но по исклучувањето на Југославија од Информбирото, тоа е преместено во Букурешт. По 1948 година главната функција на Информбирото претставува агитацијата против комунистичкото раководство во Југославија, а е расформирано во 1956 година како резултат на нормализацијата на односите помеѓу СССР и Југославија.

Во Информбирото, за разлика од Коминтерната, не членуваа сите комунистички партии од светот, туку единствено:

•        партиите што дојдоа на власт во Источна Европа, со исклучок на Албанија: Бугарската комунистичка партија, Комунистичката партија на Чехословачка, Унгарската работничка партија, Полската обединета работничка партија, Романската работничка партија и Комунистичката партија на Југославија (до јуни 1948)

•        Сесојузната комунистичка партија (болшевици) и

•        двете највлијателни западно-европски комунистички партии, КП Франција и КП Италија.

Незадоволен од самостојноста на југословенското комунистичко раководство на чело со Јосип Броз Тито, во првата половина на 1948 година Јосиф Сталин упатува остри забелешки до раководството на Комунистичката партија на Југославија. Откако југословенските комунисти одбиваат да се потчинат на советскиот диктат, на заседанието на Информбирото од 20 до 28 јуни 1948 година е донесена резолуцијата „За состојбата во КПЈ“, попозната како Резолуцијата на Информбирото, со која се осудува раководството на КПЈ и се повикуваат сите здрави елементи во Југославија што му се верни на марксизмот и ленинизмот да го сменат постојното раководство на КПЈ и да постават на негово место луѓе кои ќе ги прифатат ставовите на Информбирото.

Југословенското раководство ја отфрла Резолуцијата на Информбирото, по што следува изолација на Југославија од страна на останатите комунистички држави.

На почетокот Југословените се обидуваат да ги нормализираат односите, изразувајќи ја својата верност на марксизмот, ленинизмот и сталинизмот, но подоцна, откако се обвинети за троцкизам и фашизам, почнуваат да бараат по нови решенија на изградба на социјалистичкото општество, кои подоцна ќе значат и формулирање на теоријата за работничко самоуправување и воопшто на титоизмот како посебна комунистичка теорија.

Во насока на борбата против сталинизмот, југословенското комунистичко раководство по конечниот раскин со Сталин, почнува да ги гони и затвора поддржувачите на Резолуцијата на Информбирото. Меѓу позначајните жртви на оваа кампања се Сретен Жујовиќ и Андрија Хебранг, а во НР Македонија - Панко Брашнаров, Венко Марковски, Петре Пирузе, Владимир Полежиновски, Богоја Фотев и други. Голем дел од поддржувачите на Резолуцијата на Информбирото беа затворени во логорот на Голи Оток.

Преземено од мк.њикипедиа.орг/њики

Да направиме еден мал осврт И да ги проследиме имињата на Македонските борци кој поминаа дел од својот живот на голи оток

Венко Марковски е роден во Скопје на 15 март 1915 година. Гимназија завршил во Скопје, а филологија студирал во Софија. Бил член на Македонската литературна група основана во Скопје (1931) и на Македонскиот литературен кружок (1938-1941). Бил во затвор во Гонда Вода и Ениќој (1941-1942). Учесник во НОБ, член на Главниот штаб на НОВ и ПОЈ, член на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ и делегат на заседанието. Во периодот 1944-1945 активно учествува во работата на трите комисии за нострификација на македонскиот литературен јазик. Буквата "Ъ" (ер-голем), за која тој се бори да биде дел од македонската азбука не се одобрува од ЦК на КПЈ.

Во 1948 година ја поддржува Резолуцијата на Информбирото. Во конфликтот со Тито и е затворен во Идризово, а фамилијата му е интернирана во Кичево.

Во 1956 година, под името Вениамин Миланов Тошев, е осуден на петгодишна робија на Голи Оток за поемата „Сувремени парадокси“, а во 1965 година оди на лекување и останува во Бугарија. Во 1968 г. син му Миле Марковски и неговата фамилија се протерани од Македонија во Бугарија.

Во Бугарија Венко Марковски е примен за пратеник во Народното собрание, за член на Сојузот на бугарските писатели, за член на Акадамијата на науките. Има награди: "Херој на Бугарија", "Херој на социјалистичкиот труд", "Георги Димитров" и др.

Заради творештвото на бугарски јазик е прогласен од Титова Југославија за предавник на македонскиот народ. По 1975 г. е обезбедуван од бугарските тајни служби, бидејќи имало информација, дека му е загрозен животот од УДБ-а.

Во интервју за Бугарската Телевизија во 1986 г., Марковски изјави дека македонскиот народ не постои, дека не постои ни македонскиот јазик, што инаку тој го создал по директива на Бугарската комунистичка партија, која била под силно влијание на Коминтерната

На проколнатиот Голи Оток згасна животот на човекот што го отвори АСНОМ

Брашнаров го осудија Македонските предавници, го осуди македонската држава за која се бореше целиот негов живот живот

Политичкото самоуништување на Брашнаров настапило во часот на неговото изјаснување за Резолуцијата на Информбирото во 1948 година

Иако не беше коминтерновски комунист, тој стана парадигматична жртва на своите "интернационалистички" и "сепаратистички" уверувања...

На луѓето кои го слушале говорот на Панко Брашнаров, на отворањето на Првото заседание на АСНОМ во ?Прохор Пчињски", и денес, по многу години, им одѕвонува неговиот трогателен глас. Се уште не ги заборавиле вдахновените зборови кажани на најстариот советник на денот кога е создадена македонската држава: ?Во овој момент, во ова историско место ?Св. Отец Прохор Пчињски" и на тој историски ден - ИЛИНДЕН - ,тој го отворил АСНОМ со зборовите кога објавувам да е отворено Првото Антифашистичко собрание на народно ослободување на Македонија, душата ми е преполна со радост и пред премрежените очи гледам како се раздвижиле сите реки од Пчиња и Вардар до места и Бистрица, заплускујат е целата македонска земја, сакајќи да измијат од македонскиот народ десетвековниот ропски срам од пропаста на Самуиловата држава, за да се роди денеска нова, светла и слободна македонска држава", ќе им се обрати на присутните со треперлив глас велешкиот учител.

Но Панко Брашнар нема многу да и се радува на таа слобода за која цел живот се бореше, зашто таа иста македонска држава по четири години ќе го испрати на озлогласениот Голи Оток каде што летото, на утрешен ден, во 1951 година ќе заврши неговиот живот.

"Катарзата е АСНОМ 1944 година. Драмата почна во фаталната 1948 година. Епилогот е Голи Оток и смболот на бројките: 13 часот, 13 јули, кои како да ја носат во себе пораката: ?Од мене нема да умре се", ќе рече д-р Вера Весковиќ - Вангели на промоцијата на книгата за Панко Брашнар од неговиот сограѓанин и познајник Перо Коробар. Д-р Вангели смета дека вистината за животот на скромниот учител и сензибилен револуционер останала замаглена до денешни дни. ?Останаа неразврзани неговите дамарни јазли, плими и осеки, љубовта и сомнежот, неразрешените конфликти со Комунистичката партија на која и веруваше и и припаѓаше со целото свое битие. Во времето што е зад него партискиот ?критичен филтер" не им дозволи на фактите да ја обезбедат светлината на денот", ќе забележи таа. Според неа, таквото однесување кон Брашнаров било под присок на еднаш изречената квалификација во декемвриските денови од 1950 година - предавник на партијата/татковината, што отоврило можност за натамошна дисквалификација и молк околу него. ?И така се создаде мистерија, но и митологија околу Панко Брашнаров. Тие ја потврдуваа или отфрлаа до целосно игнорирање на неговата упорност на страстен борец за решавање на македонското национално прашање и неможеа да го најдат спојот со неговата идеолошка определеност кон комунистичкото движење.", ќе рече Вангели.

Политичкото самоуништување на Брашнаров, всушност настапило во часот на неговото изјаснување за Резолуцијата на Информбирото во 1948 година, во екот на антиибеовската и антисоветска кампања во ФНРЈ и обратно. ?Последната фаза од животот на Брашнаров ја носи сигнатурата -информбировец. Во момемнтот на експлозијата на Информбирото, од владејачката КПМ/КПЈ  од македонските изроди Лазар Колишески И Крсте Црвенкоски Брашнаров е жигосан како идеолошки еретик И опасен елемент . Иако не беше коминтерновски комунист, тој стана парадигматична жртва на своите ?интернационалистички" и ?сепаратистички" уверувања... Така се случи големиот борец за националнни права на македонскиот народ и еден од втемелувачите на македонската државност, во студените декемвриски денови на 1950 година, официјално да биде прогласен за ?државен непријател". Неговата харизматична личност и авторитет не беа во хармонија со партиската доктрина и авторитет и беа под ударот на латентната недоверба на младата држава кон старите револуционери, особено кон учесниците во ВМРО(Обединета). Тој уште од 1948 година се изјасни за резолуцијата на ИБ, за да стане жител на Голи Оток", констатира д-р Вангели.

Академик Иван Катарџиев вели дека Брашнаров е стамена личност, со личен интегритет, свои принципи како по прашањето за ослободителната борба на македонскиот народ, така и кон комунизмот како интернационално движење. ?Панко Брашнаров е комунист, идеалист, но и македонски патриот. Неговиот опис на образот на Македонија во говорот при отворањето на Првото заседание на АСНОМ во манастирот ?Прохот Пчињски" 1944 година е антологиски. Токму неговиот македонски патриотизам е причина за да дојде до судир со ЦК КПЈ, со БКФ и лично со Георги Димитров". истакна на промоцијата академик Катаџиев, подвлекувајќи притоа дека периодот помеѓу 1920 и 1930 година е звезден период во неговиот живот, посветен на македонското национално ослободително движење, а неговото вклучување во НОВ и учеството во заседанието на АСНОМ е логичен епилог на Револуцијата да си ги прибере во своите редови ветераните што им останаа верни на народните идеали.

"Таа верност се покажа и како зла коб за судбината на стариот револуционер. Тој 1948 година се изјасни за Резолуциојата на Информбирото, верувајќи дека на таков начин верно им служи на интернационалните идеали на работничката класа и на пролетерската револуција кои одмана беа претворени во служба на империјалистичките цели на Сталиновата држава" ќе заклучи Катарџиев, додавајќи дека Панковото изјаснување било лично, идејно. Дека тоа никого не го загрозувало и со него ничии интереси не биле засегнати, што подоцна било констатирано од истрагата на Јавното обвинителство на Македонија кое заклучило дека личните убедувања не можат да бидат основа за кривично гонење. ?Тој целиот живот работеше како комунист и македонски револуционер. Каков парадокс. Умре токму поради своето учество во национално-ослободително двиеже за својата македонска држава, на чие создавање и го посветил целиот живот, без остаток", ќе заклучи академик Катарџиев.

Перо Коробар, кој лично го познавал големиот велешанец и за чија револуционерна врвица и животна драма неодамна подготви книга, го објавува и исказот што пред истражните органи го дал Брашнаров во врска Информбирото, во кој отворено ја напаѓа бирократијата и на тогашниот Советски сојуз и на бивша Југославија. Во дилемата за кого да се определи - за Тито или пак за Сталин, се решава за вториот, од едноставна причина што смета дека Југославија се приближува кон Американците и кон империјализмот, а тој како убеден интернационалист смета дека за пролетаријатот и за сиромашните луѓе подобро е да ги прифати ставовите на ИБ. По апсењето на 13 декември 1950 година, јавниот обвинител донел одлука дека постои основано сомневање дека Панко ?извршил кривично дело против народот и државата, за ден потоа да се донесе решение во кое се вели дека кривичното дело што го направил е помалку опасно и затоа треба да биде испратен на општествено корисна работа. Подоцна против Брашнаров запрена е кривичната постапка, Меѓутоа, Комисијата за прекршоци на Народниот одбор на Скопје на 29 јуни 1951 година, четириесет и осум дена по ослободување од кривична одговорност, го обвинува за измислување и ширење на лажни вести со кои го нарушувал спокојството на граѓаните. Власта, сакајќи да го ?превоспита", го упатува на општествена полезна работа на Голи Оток во траење од 24 месеци.

Така човекот кој беше другар и сооученик на велешките гемиџии, сведокот на двата Илиндена бил качен на воз и заедно со други Македонци обвинети дека се за Сталин, а не за Тито, е испратен на Голи Оток. Брашнаров за време на патувањето се разболува и по пристигнувањето на определеното место директно е однесен во болница каде по два дена умира. Тој е погребан на проколнатиот остров, а Коробар за последниот чин од животот на својот сограѓанин ќе напише: ?Го спуштија во каменетата земја мртвото тело на човекот со осведочена човечност и убавина. Се погребуваше човек без натпис, човек што беше неразделен дел од историјата, од историјата на Македонија, човек кој до крај веруваше во победата на социјализмот, во идното праведно општество во кое човекот ќе биде најголема вредност."

Велес, родниот град на Панко Брашнаров, сака да си ги прибере посмртните останки на својот голем сограѓанин, меѓутоа точно не се знае каде се наоѓа неговиот гроб на голооточката каменеста почва.

Петре Пирузе - Мајски (Охрид, 5 мај 1907 – Охрид, 12 јануари 1980) е еден од најистакнатите воено-политички раководители на современата македонска држава во годините на нејзиното создавање. По професија бил правник и адвокат. Активно ја поддржувал идејата за обединување на Македонија како независна држава. За ваквите негови идеи бил често прогонуван, за на крајот да биде испратен на голи оток титовиот хаваи, југословенскиот алкатрас

Студирајќи на Правниот факултет во Белград, активно се вклучил во студентското и комунистичкото движење. Во 1941 година е член на КПЈ и секретар на Месниот комитет во Охрид. На судскиот процес во Охрид на 27 ноември 1941 г., од страна на бугарскиот воен суд е осуден на смрт со бесење, заедно со Лазар Колишевски, но потоа е помилуван.

Формирал партиски ќелии во Дебарца и најнепосредно бил ангажиран во подготовките за создавање партизански единици. Бил командант на Втората оперативна зона и раководител на Народноослободителната и антифашистичката борба во западниот дел на Македонија. Член на Генералштабот на НОВ и ПОМ, избран за делегат на Второто заседание на АВНОЈ. Член на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ, негов делегат и член на неговиот Президиум. Прв повереник (министер) за правосудство на Народна Република Македонија.

За време на судирот со Информбирото, прифаќајќи ја неговата Резолуција, доаѓа во судир со официјалната партиска и државна политика, поради што е осуден и испратен на издржување на казната на Голи Оток, каде што останал заточен до февруари 1954 година. Рехабилитиран е во 1966 година (му била вратена "Партизанската споменица 1941" која претходно му била бесправно одземена), иако неговата рехабилитација никогаш не била целосна.

Во организација на Институтот за национална историја и на Собранието на Општина Охрид во 1993 година се одржува научен собир "Петре Пирузе - Мајски, време, живот и дело", а во 1997 година е објавен зборникот на трудови од овој собир.

Владимир (Владо) Полежиноски - Полежина (Кичево, 30 мај 1913 година - Кичево, 16 јуни 1980 година) е учесник во НОБ и член на АСНОМ.

Роден е во семејството на Јонче и Стефанка Полежиноски. Основно образование завршил во Кичево, а гимназија во Битола во 1932 година. По завршување на гимназијата, во есента 1932 година се запишал на Правниот факултет во Париз, каде што со успех ги завршил студиите, а потоа одбранил и докторат на универзитетот Сорбона во март 1939 година на тема „Фондови за изедначување на девизните курсеви". За време на студиите во Париз активно се вклучил во студентското демократско движење, а во 1937 година станал и секретар на студентското друштво во Париз.

Полежиноски бил повикан на отслужување на воениот рок во стара Југославија и служел во Требиње, каде што го затекнала и капитулацијата на стара Југославија. Тој се вратил во родното Кичево, каде што токму тогаш Кузман Јосифовски - Питу го формирал Месниот комитет на КПЈ во Кичево во октомври 1941 година. Во почетокот Кузман не се сложил Полежина да влезе како член на МК, бидејќи сметал дека партијата е на работничката класа, а интелектуалците каков што бил Полежина, не може да бидат членови. Сите кичевски првоборци се залагале за Полежина да биде член. Кузман Јосифовски-Питу сфатил дека Владо како убеден демократ и антифашист треба да биде член на КПЈ.

Владо станал политички секретар во кичевската организација. Работејќи на подготовките во Кичево, заедно со повеќе свои другари бил затворен од италијанските окупаторски власти. Во мај 1943 година бил пренесен во концентрациониот затвор Порто Романо во Албанија. Во затворот останал сè до капитулацијата на фашистичка Италија на 8 септември 1943 година. По враќањето во Кичево, активно се вклучил во Народноослободителното движење во првоослободениот град Кичево во НОВ. Благодарејќи на неговата активна работа и резултати како и потребите бил повлечен да работи во Главниот штаб на Македонија на терен во Дебарца.

По Преспанското советување, Кузман Јосифовски-Питу требало да замине во Скопје за да се извршат подготовки за свикување на АСНОМ. Главниот штаб на НОВ и ПОМ се нашол во Врановци на слободната територија. Командантот Михајло Апостолски предлагал да се организира заседанието во манастирот "Свети Прохор Пчињски" бидејќи сметал дека е безбедно место и дека единиците на НОВ ќе го обезбедуваат собранието. Тука биле Методија Андонов - Ченто, Полежина, Киро Глигоров, Апостолски, како и Светозар Вукмановиќ - Темпо и многу други раководители и членови на ГШ. Според сеќавањата на Киро Глигоров: Сите работевме, но се разбира Полежина имаше големо познавање и даде голем придонес во создавањето на актите на АСНОМ.

Иако Полежина целосно се вклучил во создавањето на македонската држава во власта и секако бил потребен во Македонија, веќе во март 1945 година бил кооптиран во воена мисија на ФНРЈ во Франција, а од декември 1945 година во воена мисија на Југославија во Германија. Полежина бил шеф на воената мисија на Југославија при контролното собрание за Германија, при главниот штаб на англо-американските сили во Франкфурт на Мајна. Тој тогаш бил унапреден во чин потполковник во југословенската војска.

Полежина како шеф на воената делегација во периодот од ноември 1947 година па до резолуцијата на Информбирото во 1948 година, активно работел во Франкфурт. Во август 1948 година бил повикан на разговор кај шефот на руската воена мисија и оттогаш почнала голготата на Полежина. Набргу тој бил повлечен од Германија и демобилизиран од војската. Паднал во голема немилост, принуден сам да се снаоѓа за да преживее со семејството.

Во јануари 1951 година без судски процес бил лишен од слобода и протеран на Голи Оток на "Мермер", каде што останал сè до април 1954 година.

По затворот се вратил во Белград и се вработил во Народната банка, а по кусо време и во Институтот за економски работи. Поради семејни причини во 1965/1966 година дошол во Скопје и се вработил во Економскиот институт. Работел во иста канцеларија со академик Никола Кљусев.

Неговите соборци од Кичево, Борис Грујоски, Борис Алексоски - Карче, Пецо Чингоски, Драгољуб Прјоски, Илија Топалоски - Аврам сторија многу тој да ја добие Партизанска споменица 1941.

МАК ФМ

 

На прво место

News image

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните избори

  Муцунски: Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните...

Историја

News image

Гоце Делчев неприкосновен лидер на македонската револуционерна борба

Општонародниот водач на македонската ослободителна борба Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 годи...

Иселеници

News image

НАЈГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА АНСАМБЛОТ „Томов“ И ЗА ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ (19)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Велигденски пост

Првичната цел на предвелигденскиот пост била насочена кон огласените, кои се припремале да бидат крс...

Фељтон

News image

АКТИВНОСТИ НА ФОНДАЦИЈАТА ПО СМРТТА НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ – (ДЕЛ II) (25)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.