Среда, 27 Април 2022   
Број на борби, атентати и убиени борци за време на Илинденскиот период

begalciПо бројот на борбите, Битолската околија — најголемата во вилаетот — го држи првото место. Од 20 јули до 10 октомври, во таа околија имаше најмногу борби — 70 и паднаа најмногу востаници — 378. Борбите се распределуваат меѓу реоните вака: Цапари — Ѓавато — Смилево 9, Битолско поле и Западно Мориово 6, Крушевско 19, Демир Хисарско 8, Ресенско (Г. Преспа и Д. Преспа) 31. Последната борба беше на 20 октомври од Костурските и Прилепските чети над с. Чаништа, во Западно Мориово.

Во Костурска околија од 20 јули до 18 септември имаше 17 борби: 8 во Пополето, 6 во Корештата, 1 во Кастанаријата и 3 во областа Колоња. Загинаа 83 востаници.

Во Леринската околија од 20 јули до 8 октомври имаше 22 борби — 12 во неретскиот реон и 10 во ниџенскиот. Паднаа 74 востаници. Некои од борбите во Леринско беа заеднички со костурски чети, а други — само оо костурски чети.

Во Охридската околија од 20 јули до 28 септември имаше 31 борба: 3 во Малесијата, 20 во Горна и Долна Дебарца, 7 во Ортакол и 1 во Дримкол. Загинаа 118 востаници. По загуби Охридската околија доаѓа по Битолската.

Во Кичевската околија од 20 јули до 27 август имаше 10 борби; 4 во Горна и Долна Копачка, 4 во Рабетин-кол и 2 во Долно Кичево. Загинаа 64 востаници.

Во целиот Битолски вилает во текот на Илинденското востание имаше 150 борби, во коишто загинаа 746 востаници. Најмногу борби имаше во јули (20—31) — 72, во август — 56, во септември 18 и во октомври 4.

Во Одринскиот вилает од 6 август до 28 октомври имаше 36 борби, во кои паднаа 46 востаници. Повеќето беа во првиот реон: Мало Трновско —Лозенградско— Бунар Хисарскиот. Распределени по месеци се: во август 29, септември 5 и октомври 2 борби.

Во Солунскиот вилает од 16 јули до 26 октомври имаше 38 борби, во кои паднаа 109 четници.

Во Скопскиот вилает од 1 август до 1 ноември имаше 15 борби, во кои паднаа 93 четници.

Динамитни атентати за време на востанието, од 20 јули до 10 октомври, во Европска Турција имаше 14, а преку целата 1903 г.— 21.

За време на целиот Илинденски период во Македонија и Одринско имаше 239 борби, во кои паднаа 994 востаници.

 

На прво место

News image

МАКЕДОНСКА ДИЈАСПОРА : НЕ ЗА ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА

Придонесот на  Македонците кои го напуштиле дедовскиот праг во етничка Македонија и поради ек...

Иселеници

News image

МАСЛИНОВАТА ГОРА И ЕРУСАЛИМ (9)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ИЗРАЕЛ И МАКЕДОНИЈА“ НА СЛАВЕ КАТИ...

Култура и туризам

News image

СИЛЈАН МИЦЕВСКИ - ИЗБРАН ЗА ПРВ ГРАДОНАЧАЛНИКНА БИТОЛА ВО 1996 ГОДИНА (10)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СИЛЈАН МИЦЕВСКИ“ ОД АВТОРИТЕ СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ - КАТИН И ЃОРЃИ ЛУМБУРОВС...

Фељтон

News image

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА И СУДБИНАТА НА МАКЕДОНСКОТО НАСЕЛЕНИЕ ВО ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА (4)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.