Среда, 03 Јуни 2015   
Ѕверствата на окупаторските власти - Тиквешкото востание

kavadarci

„Башибозукот со помош на српските комити за време на Втората балканска војна ги изгореа селата: Хурија, Бања, Будур Чифлик, Дрен, Барово, Џидимирци, Калањево, Патрик и градот Неготино. Во Неготино убија повеќе од 500 граѓани, а во селата Прждево 17, во Долна Драчевица 8, Бања 22, Будур Чифлик 8, Дрен 7. Копришница 6, Бохула 2, Вешје 4, Долни Дисан 12 и Курија 15 души." -  пишува тиквешкиот свештеник Димитар Георгиев во својот дневник за масакрот извршен од српските власти по задушувањето на Тиквешкото востание.

Тиквешкото востание е прв организиран отпор против српската власт која што ја окупира Македонија по Првата балканска војна. Насилствата кои ги вршат српските власти врз македонското население при обидот за негова асимилација ќе предизвикаат спонтан масовен одговор на Македонците. На востанието му претходеле протерување на учители и свештеници, потоа убиствата на Наца Пинџурова и едно момче Александар Видов кој изјавил дека не се чуствува како Србин, како и силувањето на младата невеста Марија Тодорова од Ваташа, но и убиството на цела турска фамилија од педесетина члена, меѓу кои и деца.

Односот на српските окупациони власти предизвикуваат револт кај населението, а Тиквешките војводи на почетокот на јуни во село Бегниште свикуваат Собрание, на кое 60 делегати од речиси сите места во Тиквешијата, ќе донесат одлука за кревање на востание. Формиран бил востанички штаб во кој влагуваат: Михаил Шкатров, Лазар Бањански, Христо Михов, Коце Сеизов, Атанас Мурџев, Тодор Камчев, Пано Измирлиев, Мело Јанев, Тодор Мицев, Глигор Линин, Евтим Монев, Дончо Лазаров, Васил Саздов, Димитар Пинџуров, Атанас Бошков, Трајчо Трушијата, Гошо Голев, Јованчо Шошев, Милан Атанасов и Милан Ацев. Бројот на востаниците изнесувал 1.000, од кои околу 200 биле обични граѓани кои зеле оружје во рака.

Предводени од месните дејци, револуционери и војводи на Организацијата и потпомогнато од чети на ВМРО, востаниците ден пред почетокот на Втората балканска војна (29 јуни 1913 година), ги започнуваат своите акции по што ги ослободуваат Неготино, Кавадарци, Ваташа, како и други педесетина села. Четите на Дончо Лазаров и Михаил Шкатров ги протеруваат српските војски од Неготино, а потоа и српските власти од Кавадарци.  Српската Врховна воена команда за да го спречи востанието испраќа уште војници, но тие се разбиени и се повлекуваат кон Велес. Вистаниците на општинската зграда во Кавадарци го истакнаа тиквешкото револуционерно знаме, а наредниот ден, на свечаното Собрание била избрана градска управа составена од 12 видни кавадарчани. Но, слободата траела само седум дена.

Србите испраќаат околу 30.000 војска на чело со Василије Трбиќ, Јован Бабунски и Јован Долгач. На помош на српската војска им се придружува и башибузукот на Јаја ага со 250 вооружени лица, кои започнуваат масовно да ги горат македонските села. Востаниците кои се поткрепени со четите Христо Чернопеев, Петар Чаулев и Васил Чакаларов водат жестоки битки на висолината кај Паликура и од реката Црна до реката Луда Мара. Оставени без поддршка, востаниците пред многубројниот непријател организирано се повлекуваат, а српските војски влегуваат во Кавадарци. Во градот преку цела ноќ се воделе борби, а утрото македонските чети и милицијата се повлекуваат кон Бегниште.  Целото населението и другите бегалци го напуштаат Кавадарци и бегаат кон планините. Градот е разграбен и опожарен. 60 куќи и дуќани се изгорени, а 24 лица кои биле фатени биле застрелани на самото место. Сепак најмногу настрада Неготино, каде биле изгорени повеќе објекти.

Тиквешкото востание траело од 29 јуни до 7 јули 1913 година (нов стил). По повлекувањето на четите од Тиквешијата, на 7 јули 1913 година почнала српската реокупација на оваа област. Во Кавадарци се вратил началникот Душан Николиќ, а со него и другите чиновннци од српската управа низ целата област. Тој бил основачот на четата од 250 башибозук, предводена од Јаја - ага и кои извршиле најголеми злодела во Тиквешијата. Највеќе настрадале македонските христијански села. Четата на Јаја - ага, како составен дел на "Вардарскиот" четнички одред на Василие Трбиќ, почнувајќи од 7 јули, извршила блокада и многубројни убиства и палење на имотите и куќите. Паралелно со дејствата на Јаја - ага дејствувале и четите на Јован Бабунски и Јован Долгачот, сите под команда на Василе Трбиќ. Тие извршиле слични злосторства врз македонските и муслиманските села во јужните пределеи на Тиквешијата и во Бошавијата.

Под команда на Јаја-ага настанало палењето на Неготино и страдањето на голем дел од невиното население. Со канти масло и гас биле попрскани и запалени сите дуќани од чаршијата, куќите за живеење, безистенот, плевните и други објекти. Додека огнот го претварал Неготино во пепелиште, башибозукот на Јаја - ага со пушките и камите подготвени варделе и секој од Македонците што се обидувал да избега од огнената стихија, го враќале назад во огнот. Многумина Македонци живи изгореле во своите домови и дуќани. Иако нема доволно точни статистички податоци, се говори дека при тоа загинале околу 170 луѓе, а биле запалени преку 300 куќи, магацини, плевни итн

Еден од ретките сведоци што оставил податоци, е тиквешкиот свештеник Димитар Георгиев, кој во својот дневник забележал: "Башибозукот со помош на српските комити за време на Втората балканска војна ги изгореа селата: Хурија, Бања, Будур Чифлик, Дрен, Барово, Џидимирци, Калањево, Патрик и градот Неготино. Во Неготино убија повеќе од 500 граѓани, а во селата Прждево 17, во Долна Драчевица 8, Бања 22, Будур Чифлик 8, Дрен 7. Копришница 6, Бохула 2, Вешје 4, Долни Дисан 12 и Курија 15 души"

Во Тиквешијата бнла повторно воведена српската окупаторска власт. Воено-полициските власти биле во рацете на командантот Петровиќ и началникот Душан Николиќ. Српскиот командант на Кавадарци преку свештеникот Григор Хаџијорданов му го гарантира на населението животот и имотот, а Штабот на востаниците одлучува невооружените луѓе да се вратат во своите домови. Сепак и покрај гаранциите почнуваат масовни насилстав. Во Моклиште се убиени 18 лица, Корешница 19, Рибарци 16. Во Кавадарци 150 лица биле врзани на колови, чувани 30 часа без вода и потоа убиени и оставени непогребани. 2700 лица биле уапсени, мачени и затворени. Според податоците на Карнегиевата комисија бројот на жртвите на Тиквешкото востание било над 1000 лица.  

Но тоа нема да го поколеба македонскиот народ во борбата за ослободување на Македонија. Веќе во септември истата година против српските окупаторски власти се крева Охридско- Дебарското востание.

 

На прво место

Историја

News image

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПСКО

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПС...

Култура и туризам

News image

ВРЕМЕ Е

Чедомир Б.Шопкиќ

Фељтон

News image

Александар Македонски (62)

ИЗГРАДБА НА БРОЈНИ ЗНАЧАЈНИ ХРАМОВИ ПОСВЕТЕНИ НА АНТИЧКОТО ВРЕМЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.