Среда, 20 Август 2014   
Од патувањата низ Србија (1)

slave-katin
СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ-КАТИН

ДЕЛ ОД КНИГАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА”

НА КАЛЕМЕГДАН ВО БЕЛГРАД

Често се вели дека Белград е крстосница на Балканскиот Полуостров и пошироко, меѓународна комуникациска метропола, чии патишта водат на сите страни во светот и од светот, како по сувоземен, така и по воден и по воздушен пат. Тоа се должи на неговата местоположба, природните услови, територијалниот развиток и други карактеристики. Самата местоположба на Белград му дава вонредно и стратегиско значење. Неговата историја најубаво се гледа во имињата што ги носел, а тоа е историја на една значајна гранична тврдина, место за војување и помирување, место за кое се бореле и Авари и Словени и Австро-Унгарци и Турци и Бугари, Византијци, Унгарци, Германи...

Една од впечатливите посети беше онаа на Калемегдан, симболот на целата историја на Белград. Овој споменик на културата кој крие многу тајни го разгледавме во попладневните часови кога сонцето ја осветлуваше Статуата на победникот од Иван Мештровиќ, што се извишува над Калемегдан. Калемегдан се издига над устието каде реката Сава се влива во Дунав, заземајќи положба на едно од најубавите места во Европа. Но, тоа е погодно место и за војни и за крвопролевања, место за одбрана, граничен појас, а денес, пак, место – парк за одмор и рекреација, за вистинските љубовни изливи,место за медитирање, за запознавање со бројните културно-историски споменици...

Белградската тврдина Калемегдан е симбол на Белград, негово првобитно јадро, сложен спомен комплекс и дел од целокупната историја. Минатото на Белград и на српскиот народ може да се прочита од историските траги на разурнатините на оние кои уривале и оние кои повторно ја граделе тврдината. А таа била едно од важните одбранбени упоришта на Римската Империја. Многу траги се уништени. Така, средниот век ги покрил оние од римскиот период, а многу негови остатоци се покриени со австро-унгарско-турски градби.

Средновековниот Горни Град, изграден на калемегданското плато, е значајно место на Белград. Според еден запис од XVII век, градот бил опкружен со висок ѕид, со кули покриени со олово, полукружни бастиони и со суви ровови. Во рамките на ѕидовите биле стиснати 200 куќи надвишени од џамијата на Сулејман I и Сулејман II. Тука се наоѓала моќна тврдина од кули одделени со длабок шанец преку кој минувал подвижен мост. По Горниот Град, пак, од подножјето на калемегданскиот брег до реките Сава и Дунав, во облик на кружен исечок, се простирал Долниот Град, од сите страни опкружен со бедеми и кули.

Меѓу значајните траги зачувани од минатото во Горни Град се Деспотовата капија и Деспотовата кула подигнати во почетокот на XV век во времето на Стефан Лазаревиќ. Денес кулата е пренаменета во опсервација. Тука е и Ѕиданата капија со кулите, Сахат капијата и Јакшиќевата кула.

При нашата посета, заедно со министерката Илинка Митрева и проф. д-р Владимир Цветковски бевме информирани дека Белград за време на турското владеење се развил во град со многу жители како административен и воен трговски центар со интензивен промет. Тоа го кажуваат и зборовите на патеписецот Евлија Челебија кој вели дека поради тоа што градот е жив и прометен, илјадници луѓе од други места се населувале таму. Така и во минатото во Белград доаѓале и се населувале различни народи и нации, меѓу кои и Македонци, чиј број се менува од година во година.

Помеѓу Белградската тврдина и стариот дел на Белград се наоѓа паркот Калемегдан. На турски „кале” значи град, тврдина, а „мегдан” значи поле. Затоа може да се протолкува дека Калемегдан бил градско поле, празен простор пред тврдината неопходен за одбрана од копнената страна. Сличен или идентичен пример со охридското Самоилово кале, кое градот го штитело од копнениот дел, додека Охридското Езеро бил чуварот од страната каде заплискувале брановите.

Високиот брег на Сава, кој денес е познат како Савско шеталиште, Турците го нарекле „Фиќир-баир” што во превод значи „Брег на река за размислување”. Во висините, него го заплискуваат разни струења на ветрови, а со километри го покрива видикот кон запад. Тој е погоден за размислување, за тешки одлуки или лесни љубовни врски, за дружење или за самотија, за многу внатрешни чувства...

Нашата прошетка ја искористивме да ги посетиме ископините од дворецот на Митрополијата, каде се најдени остатоци од мермерниот портал на митрополитската црква „Успение на света Богородица” со ктиторски натпис на деспотот Стефан Лазаревиќ. На самата падина се откриени делови на репрезентативна зграда од XV век со готски портал и други архитектонски елементи, за кои се претпоставува дека припаѓале на Митрополијата. Таму на рамниот дел, пак, кон Сава е Гробницата на народните херои од Втората светска војна, меѓу кои, неколкумина се од Македонија. Исто така, таму се сместени и Вечниот и Природонаучниот музеј. А, токму таму водичот на нашата група – убавата Србинка, во поетски стил ни рече дека дрворедот до цветната алеја, од ресторанската бавча со поглед на целиот Срем до римскиот бунар, и од детското игралиште до црквата „Света Петка”, ни овозможува разгледувањето на Калемегдан да го доживееме како празник за умот, душата и телото.

kalemegdan1
Калемегдан

kalemegdan2
Поглед на Белград од Калемегдан

 

На прво место

News image

Сајкоски: Вчера докажавме дека Македонија не толерира некој да ја тероризира– граѓаните во нас препознаа луѓе кои ќе дон

Вчера докажавме дека само заеднички, единствени како никогаш досега можеме да успееме. Можеме да усп...

Историја

News image

Репортажа: По врвиците на Александар Македонски-Македонците од Киргистан

Оваа приказна за денешниве Македонски белези во Средна Азија почнува во 2003 година на бреговите на ...

Култура и туризам

Фељтон

News image

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – (ДЕЛ III) (29)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.