Среда, 16 Мај 2012   
Олимписките игри биле создавани во Македонија?

 

gordana_dimovska_copyГордана Димовска

Не е исклучена можноста Олимписките игри да биле создавани  во Македонија од македонскиот  крал Архелај и дека биле постари од грчките.

 

Во услови на најголема финансиска криза и пред можен банкрот,  ќе се прекине и митот на јужниот сосед  за замислениот грчки историски континуитет.

olimpijada

Според светските  аналитичари на економската криза во Грција, се доаѓа до заклучок дека Европа не е повеќе заинтересирана да и ги исплаќа финансиските долгови и дека Грција ќе мора да се навикне да живее без Европа. Во ЕУ која е составена од 27 земји членки, се почитуваат човековите права, демократијата, владеењето на правото и плурализмот. Тоа е демократски систем во кој како темелен принцип се смета меѓусебното почитување на луѓето без разлика на нивното политичко, културно, етничко или конфесионално потекло. А Грција, како една од тие членки го прави сосема спротивното, ги погазува сите начела на ЕУ, посебно кога станува збор за правата на малцинствата во нејзините рамки. И ден денес упорно се трудат да го попречат и влезот на Македонија во Евроатланските структури само затоа што го оспоруваат нашето име.

Интересни се податоците во книгите ‘Олимпија и Олимписките игри‘ од Вилијам Роуботам  и ‘Кратка историја на светот‘ од Херберт Џорџ Велс кои говорат за почетоците на олимписките игри.

Познато е дека античките атлетски игри се одржувале на четири годишен циклус, под името Олимпијада во кој спаѓале четири одделни антички спортски фестивали:

  1. Олимписките игри – кои се смета дека се најстари и се одржувале на четири години во близина на Елис, а во чест на Зевс. Наградата била маслинов венец.
  2. Питијски игри – се одржувале секоја четврта година во близина на Делфи, и тоа во чест на Аполон. Наградата на овие игри била ловоровиот венец.
  3. Немејски игри – секоја втора година во близина на Немеа во чест на Зевс а наградата била – целеров венец.
  4. Исмијски игри – секоја втора година во близина на Коринт во чест на Посејдон – наградата била боровиот венец.

За почетна година на Олимписките игри се зема 776 година п.н.е. сметано според најстариот запис сочуван од листата на победниците, додека пак археолозите сметале дека овие игри започнале многу порано.

Според Вилијам Роуботам, ‘Старите Грци писменоста ја добиле во осмиот век пред нашата ера и поради тоа имињата на претходните победници на Олимписките игри не се сочувани нити запишани.

Херберт Џ. Велс во својата книга Кратка Историја на светот (стр.113), од 1922 година запишал: Овие епови беа отприлика запишаи во 8-иот или 7-иот век п.н.е. кога Грците  ја научија азбуката од своите култивирани соседи.

Дејвид Јанг во книгата Кратка историја на Олимписките игри стр.12, запишал дека оние со чиста грчка национална свест за припадnост се незначително малцинство, додека преостанатото население се дели на три групи:

Првата – кај кои преовладува грчки сентимент, втората – кај кои преовладувал бугарски сентимент, и третата група го сочинувала мнозинскиот дел од целата популација и кои се декларирале како Македонци. Тие сочинувале меѓу една половина и три – четвртини од целата популација во дадено село, додека оние со бугарскиот сентимент изнесувала само од едно до пет семејства во рамките на дадено село. (Мinorities in Greece bu Richard Clogg, 2002, page 129)

Грците  со цел да ја маскираат вистината како за историјата така и за олимписките игри, му даваат грчки карактер на самиот настан како и на  учесниците од негрчко потекло.  На листата на победници во Олимписките игри биле запишани:

Тибериус ( во четвртиот век п.н.е), учествувал во Олимписките игри и победил во трката со четири коњи. Тој подоцна станал и Римски император,

Неро - во 67-та година од  н.е - Римски император –учествувал и победил во сите конкуренции на Олимписите игри, податок кој не е за верување.

Според овие податоци, се испоставува  дека старите Римјани биле грци???

Последен запишан победник бил Ерменскиот принц, Варастадес, кој подоцна станал и крал а на Олимписките игри победил во боксување.

За време на владеењето на Филип,  обичните Маке­дон­ци не учествувале на олимписките игри се до времето по Александар Велики.

Единствено учествувал Филип, кој однел неколку победи во коњски спортови во Олимпија и Делфи, двете најзначајни од сите хеленски светилишта во античка Грција во кои на не Грците не им било дозволено да се натпреваруваат. Па поради условот да учествуваат само Грци,  тие го користат како доказ дека  таткото на Александар Велики и неговите предци биле Хелени.

Филип Втори учествувал на грчките спортски игри дури откако воено ги поразил Грците, па тие и да сакале, не можеле даго спречат во тоа. Тој бил назначен да ги раководи  Питиските игри, не затоа што бил „Грк“, туку затоа што бил освојувач и воен окупатор на грчките територии, па таму можел да прави што сака! Зарем можел некој Грк да го спречи во тоа? Не само тогаш, туку  и подоцна, секој освојувач се однесувал како што ќе посака среде потчинетите територии и народи и за ова постојат безброј примери во историјата.-

(Античките  Македонци не биле Грци – Александар Донски)

Вистинското потекло на Олимписките игри е сокриено во својата мистериозност и многубројни  легенди. Факт е дека Грците отсекогаш ја  негирале засебноста на античките Македонци.

Но не е исклучена можноста да Олимписките игри биле создавани во Македонија од македонскиот крал Архелај и дека биле постари од грчките (според Д-р Словиковски). Па така олимписките игри не се само грчки.
 

На прво место

News image

БУГАРСКИТЕ ВЕСНИЦИ ОД 1905 ГОДИНА ЈА НАПАЃАЛЕ МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ДЕЈНОСТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Во нашата јавност е малку познато дека, за разлика од денес, бугарските весници од околу илинденск...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (72)

Македонскиот народ се соочува со огромни притисоци и со оваа марионетска власт предводена од лидер...

Иселеници

News image

БОГАТО МИНАТО И СЕГАШНОСТ НА ДРЕВНАТА МАКЕДОНСКА ЗЕМЈА (3)

Во 2020 година се навршија 55 години од осветувањето на ...

Култура и туризам

News image

МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ЈУГОСЛАВИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. КИРИЛ“ ВО РИМ ВО 1979 ГОДИНА - ДЕЛ I (23)

ЕДИНАЕСЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО ВЕЧНИОТ РИМ 

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (39)

  ХЕСПЕРИДИНИТЕ ГРАДИНИ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.