Среда, 05 Октомври 2011   
Чест и почит - Крсто Јанчев Димитров (7)

Специјална чест и почит, за починатите лидери на иселеништвото, во прославата на 20 годишнината на суверена Република Македонија

Вечна слава, помен и лесна земја, на покојни, видни лидери на Македонското движење, во дијаспората, што работеа за денешната слобода и осамостојувањето на суверена Република Македонија.

janko-tomov
Пишува: Јанко ТОМОВ

По повод 20 годишнината од осамостојување на Република Македонија, редно е да им се одаде признание и почит на досега покојните Македонски патриоти, а посебно на раководствата и специјално на лидерите кои во македонската емиграција, во западната хемисвера, го дадоа својот дагоцен придонес, за денес да имаме слободна демократска држава Република Македонија.

Нивната пожртвувана патриотска активност, за стварање на демокраски политички Македонски организации и партии во дијаспората, организирајки ја и информирајќи ја целосно Македонската емиграција, го донесе својот резултат, а тоа е донесувањето на плурарниот демократски систем на владеењето во Република Македонија, од новите втори татковини, на иселениците, од демократскиот западен свет.

Крсто Јанчев Димитров 1912 - 2003

Крсто Јанчев Димитров, анархист-социјалист, роден 1912 година,  во село Лехово, Серско, Пиринска Македонија,  починал на 20 Март 2004 година,во Сиднеј, Австралија.

Крсто Димитров се населува во Сиднеј, Австралија во 1952 година.

Крсто е инвалид со двете нозе и раце и последните години на животот ги поминал во количка. Тој  го помагал ДООМ и до 1977 година бил на сите конференции, што се одржувале во ДООМ и се до одделувањето на ДООМ и НМРО од Сиднеј. Тој е голем противник на “задкарпатниот словенизам на македонците од 5-6 век”. Крсто бил еден од редакторите на “Глас на Македонците” и на “Народна Воља”, како  и еден од оснивачите на Народна Македонска Револуционерна Организација  (НМРО),  од Сиднеј, Австралија, во првата половина на 80-те години од миналиот век.

Крсто Димитров е против УДБ-а, за која вели дека ставила свои агенти во сите Централни Комитети на сите тогашни Македонски организации. Целта било на тоа за да работеле македонците еди против други, за да не се створи самостојна суверена држава Македонија. Инфонбировците-сталинистите, титовистите и тодорживковистите, ги сместува во една група.

Крсто е против Бугарија, Југославија, Грција и СССР-Русија и се што имало име Централен Комитет.Спопред тоа тој вели: “Да се најде  начин  револуционерниот  вооружен народ, да не дозволи да се зароди  нова централна власт и секој да даде клетва , дека нема да го предаде оружјењто…”.

Во врска со ДООМ, Крсто вели: “ Централниот Комитет на ДООМ, под раководство на  Т. Трајковски, Ристе Ристески и Михаил Шариновски-Солунски и уште некои скриени кобри, го уништиле ДООМ”. Крсто вели дека не било можно со тие луге да се соработувало.

Интересно е, кога Крсто вели за крајот на Втората Светска Војна, за тие партизани борци- Македонци, кои не сакале да одат на Унгарскиот-Маџарски Фронт, биле праќани од  бугарските сталинисти, како од Цола Драгојчева и Тодор Живков-македоно убиец,  во концентрациони логори  во Дупница, Бобов Дол, во Пиринска Македонија. Кои места ги претворил во  мачилишта и  уништување на македонците.

Крсто Димитров и Горги Чочков биле осудниу од бугарските комунисти, на долги години затвор, но избегале од Бугарија во западните земји.

Две писма се појавиле од “анархисти” , “раководени од УДБ-а и Бугараши” на име од  Солунски-Шариновски, за да се направила Конференција на ДООМ, (Стр, 258 во книгата на Миле Илиевски: “Документи за македонското национално движење во диаспората” од Шведска.

Крсто Димитров е за Илинденската кауза.  Тој  е против комунизмот, иако се чуствува за анархист-социјалист. Крсто вели: “ За нас Централен Комитет значи зло или Политбиро”. “Тоа во узурпираното списание “Македонска нација”, под  редакција на Солунски и Ристески,  додека Богдановки бил во затвор, кои пишувале за централен Комитет и за Полит- биро, но никаде да се имало евиденција на повеке членови , освен на имиња на функционери на ДООМ”.

Во истиот број 54 од 1986 година, на “Глас на македонците” се публикува напис: “Јавен одговор за “спогодба  за создавање на ВМНРО”,по неколку месеци од кога во весникот “Македонија”, на Панко Стамкоски, од Мелбурн, во 1986 година, се публикува статрија, под наслов:  “Спогодба за воведение на сите Македонски организации во Народно Ослободителен Фронт на Македонија (НОФМ)”. Крсто Димитров пишува за реакции (сите се исплашиле), во кое се предлага, на кои сметките не им биле чисти,  да сите Македонски организации се обединат во  Народен Ослободителен Фронт на Македонија (НОФМ). “Од членовите на НМРО-Австралија и со писма од членовите на ДООМ и НОФМ, се избра Комисија, на цело со Крсто Јанчев Димитров, за да даде одговор на цела ситуација”.

Анархистите на Австралија под водство на Крсто Димитров и Ѓорги Чочков, во тие неслоги со Шариновски и  Ристески, кои го воделе ДООМ, како претседател и потпретседател, додека Богдановски бил во затвор, во Идризово, Скопје, успеваат да ја земат печатницата и списанието “Македонска нација”, Од Михаил Шариновски-Солунски, при што почнале да го публикуваат во Австралија и тоа во  неколку броја.

Шариновси-Солунски вели, дека анархистите од НМРО  и “Глас на македоците”,  испратиле писма во кои закажуваат Конференција на која ги повикале и него и Ристески и Манев, за да присаствуваат на неа, а тие тоа го негирале и не присаствувале на конференцијата (се мисли на конференцијата во Мелбурн во 1981 година).

Чочков на конференцијата во Мелбурн, во 1981 година, се залагал за  воведување на нови форми на антивност и нови идеи за во  ДООМ. Тој категорички барал да се отфрлиле централистичкиот систем на организацијата  на ДООМ, зашто тоа била застарена форма на активност.

Чочков, на конференцијата барал да се оди по пат на прогресивните социјалистички идеи, со што би се добила поткрепа од надвор. Посебно истакнал дека не требало да се заборави Васил Главинов, првиот социјалист во Илинденскиот период!

Во 1984 година, Македонското културно просветно Дружество, од Сиднеј, Австралија, Крсто Димитров, како главен и одговорен уредник, заедно со Една Турвеу и Ангело Вретоски,како редактори, публикуваат, на англијски јазик, книга: “Македонија”. Во оваа книга е опфаната македонската историја од преисторијата, античката историја, стедновековната и дел од современата историја на Македонија. За таа цел биле користени 22 историјски литератури од Западни автори, на 32 страници.

Пред самото починување,  на Крсто Димитров, кога бев во посета на патриоти во Сиднеј, во 2003 година, во Информативниот центар, со Стево Тирицовскии со останалите патриоти, немавме време да го посетиме Крсто Димитров, во неговиот стан,туку Стево ми го даде бројот на неговиот телефон. Истиот ден со Димитров си направивме подолг разговор, за партиотските работи во движењето, за кое Крсто ми беше мошне благодарен. Тој ми рече, покрај останалото,  дека неговите соработници слабо го посетувале и дека тој  е болен, но со добар дух за Македонија. Крстовиот глас беше многу тенок, како да зборува дете, бидејки не можел доволно да голта храна.

Покасно ја чув жалната вест, за загубата на овој голем Македонец и тоа наредната година кога пак ги посетив и имав состанок, со партиотите, како Миле Андоновски, Стево Тирицовски, браката Ристевски и други. Бидејки бевме опфанати со повеке средби и состаноци, околу црковните проблеми, каде го подржувавме владиката Петар, Метрополитан на МП Епархија на Австралија и НЗ. Ангело  Вретовски и тие од групата на НМРО и поранешнното списание  “Глас на македонците”, беа веке неактивни и со нив не се сретнав, иако имав желба.Во тоа време имав интервју во македонското  радио, на  македонскиот Информативен центар. Така да скоро сите  знаеја за мојата посета на Сиднеј,  но не се сретнавме и немавме  прилика да ги посетиме вечните живеалишта,  на Крсто Димитров и Ѓорги Чочков во Сиднејските гробишта и да им полозиме свежи цвекиња и да им оддадеме потребна патриотска почит.

Вечна им  слава и лесна  им земја

Има и други починети Македонски лидери,  на национално политички организации во диаспората, како што беа: Стојан Србинов од Мелбурн,потпретседател на Централен Организационен Комитет за Македонски Човекови Права, за Австралија и Џим Антон, претрседател на истата организација. Исто така и поедини лидери на  Македонски – Канадска Организација за Човекови Права, “Обединети Македонци” од Канада и други лидери од диаспората. За сите тие спомнати лидери не поседувам доволно податоци.

На крајот да речам, дека моето видување за македонското движење во диаспората, во кое сум активен, скоро четири децении, е за соработка со сите Македонски патриоти, на национален Македонски план. Без разлика дали патриотите беа или се демократи, како мене, комунисти, анархисти или социјалисти, како што беа прикажани покојните лидери, во статиите на предходните седум броја, во  “Македонска нација”. Јас настојував да бидам јасен и реален, во изнесувањето на податоците на нивните активности,  за тие времиња, каде  условите и потребите, за македонското дело, не зближија да заеднички работиме за да го организираме македонското иселеништво. Посебно  за нас беше патриотска активност за одбрана и просперитет на нашиот Македонски идентитет,  од окупаторските анти-македонски пропаганди, пред се. Таа насока не окупира, во нашата активност,  да се активираме повеке во  проучување на   современиот демократски систем на владеењето, на западните демократски земји, со цел да го внесеме тој ситем во нашата родна татковина Македонија. Потоа  и да створиме самостојна суверена држава Македонија.

Благодарејки на поменатите покојни лидери и на безброј починети и живи членови на раководства и активни членови, на тие македонски субјекти,  во диаспората, кој го дадоа и сеуште го даваа својот драгоцен допринос, денес имаме демократска власт во самостојна суверена држава Република Македонија.

Почит и слава на починатите патриоти и здравје и просперитет на живите Македонци,  во демократските држави – во македонската диаспора, во етничките делови на Македонија и во Република Македонија.
 

На прво место

News image

Источен Петок – Балаклија: Празник на водата, верата и надежта

Источниот Петок, познат меѓу народот како Балаклија, е еден од најзначајните празници што се одбел...

Иселеници

Култура и туризам

News image

Источен Петок – Балаклија

Првиот петок по Велигден се вика Источен Петок Балаклија. Тој спаѓа во Светлата недела поради што не...

Фељтон

News image

УНГАРИЈА - ВТОРАТА ТАТКОВИНА НА ЛЕФТЕР МАНЧЕ (11)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.