|
|
| Соопштение до јавноста - грешка на Сител ТВ |
|
На 6ти септември Сител ТВ направи интервју со Ицо Најдовски кој се претставил како претставник на Обединетата Македонска Дијаспора во написот Австралија со нова влада и стари позиции кон Македонија. Написот може да се виде на http://sitel.com.mk/dnevnik/svet/avstralija-ochekuva-utre-da-bide-sostavena-nova-vlada ОМД известува до сите медиуми во Македнија дека г-динот Ицо Најдовски не е член ниту претставник на Обединета Македонска Дијаспора. Ордан Андреевски е ОМД Директор за Австралиски Работи и е единствен претставник на ОМД во Австралија кој е овластен да дава изјави и коментари за медиумите. Список на претставници на ОМД може да се симне од следниот линк - http://umdiaspora.org/content/view/31/67/ ОМД потенцира до сите медиуми во Македонија дека ОМД е регистрирана како невладина и непрофитна организација во Австралија, Америка, и Канада. И според законите на овии три држави ОМД несме да поддржува политички партии или политички кандидати. ОМД бара итно корегирање и извинување на Сител ТВ за оваа грешка. |

























