Среда, 29 Јуни 2022   
МАСЛИНОВАТА ГОРА И ЕРУСАЛИМ (9)

1mas1

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ИЗРАЕЛ И МАКЕДОНИЈА“ НА СЛАВЕ КАТИ

Со населувањето на Евреите во Македонија и прогоните против нив, довело до идеолошко раздвижување меѓу Евреи. Ваквата појава се јавило како нетрпеливост кон Римската Империја за еврејската религија која немала класни елементи.

Во еврејската религија во јудаизмот се појавиле три секти: седуксите, претставници на најбогатите слоеви кои барале отворена соработка со Римјаните, зелотите, кои потекнуваат од најсиромашните слоеви и проповедале доаѓање на Божји пратеник - месија кој го замислувале како војнички и народен водач и во таа смисла започнале востание кое трагично завршило за нив, и трети биле есените, од најсиромашните плебејски маси.

Тие уште повеќе го нагласиле моралниот елемент во јудаизмот, тенденција кон општествена правда и единственост, а својот месија го замислувале како морален спасител. Тие проповедале целосна општествена еднаквост, живееле во примитивен комунизам и аскетизам, но не во благосостојба туку во сиромаштија.

Со своите проповеди постепено прераснале во посебна секта и биле предвесници на христијанството. Така есените од секта на јудаизмот преминале во религија, а потоа и во државна религија - христијанство. Крупен чекор од секта кон религија направил апостол Павле кој се смета за идеолог и основач на христијанството.

Ерусалим е распослан на неколку суви, вжештени и безводни ридишта со што доминира над сета околина. Многубројните цркви, други верски објекти и модерни градби му нудат контрастна слика на восхитениот посетител. Месностите Маслиновата Гора, Голготата и Гетсиманската Градина, како и цвеќињата во дворовите на богатите ерусалимци му даваат посебна убавина и привлечност, за што и странецот за овој град добива впечаток дека тој е создаден само за филмско платно или за прекрасна разгледница

На старохебрејски јазик „Ерусалим“ значи „град на мирот“. Арапите го викаат Ал–Кудс што значи „свет град“. Евреите, христијаните и муслиманите веруваат дека Господ е еден и единствен. А да веруваш во Господ значи да посакуваш мир за себе и за другите. Маслиновата гранка е симбол на мирот. Во близината на Светиот град се наоѓа Маслиновата Гора во која Исус ја оплакувал судбината на Ерусалим.

Навистина, историјата на Ерусалим е вечна борба меѓу маслиновата гранка и мечот. Светиот град и местото каде што се преплетуваат трите големи монотеистички религии, со векови е сведок на највозвишените чувства и најниските страсти, особено, кога псалмите ќе станат дел од политичките говори.

Прогласувањето на императорот Константин за цар во 313 година значи пресвртница во историјата на Црквата. Константин, не само што се покрстил, туку христијанството го издигнал на ниво на државна религија, пред сè, зашто во него гледал обединувачка сила за своето поделено царство. Со тоа христијанството станало официјална религија во Ерусалим. Во тој период почнале да се градат манастири и цркви, а стариот дел бил обновен и претворен во модерен трговски центар, кој претставувал вистинска туристичка атракција.

Подоцна, во 634 година, калифот Омар го освоил Ерусалим и го вовел Коранот, а градот го нарекол Град на храмови. На ридот на храмовите никнале нови храмови а се градел и познатиот Храм на молитвата. Но, како што се граделе новите храмови, така се уривале и старите. Така, во 1012 година агресивниот калиф Ал–Хаким ги разурнал синагогите и црквите, по што Ерусалим станал мал град со едвај 30 илјади жители.

Со Ерусалим Арапите владееле 450 години, сè до доаѓањето на крстоносците во 1099 година, кога тие Ерусалим го претвориле во свет град. Тогаш тие ги масакрирале муслиманите и Евреите, а градот останал центар на крстоносците, добивајќи ново име Ерусалимско Царство. Во тој период крстоносците ги обновиле и познатите христијански места.

Меѓутоа, во 1250 година градот го освоил Мамелук, а Ерусалим станал мал неважен град далеку од светот со само околу 10 илјади жители. Се вратил исламот и започнале да се градат исламски свети места. Турската власт, пак, се зацврстила за времето на Селим Први кој го освоил во 1517 година. Дури пет векови подоцна, Ерусалим почнал да се менува и да јакнат европските интереси за Блискиот Исток.

За време на Првата светска војна овде навлегла британската војска и воспоставила британски мандат и власт. Подоцна, на 29 ноември 1947 година, со одлука на Обединетите нации градот станал интернационален и поделен на два дела. Така, во Стариот град живееле муслиманите, а во Новиот град живееле Евреите.

Вака поделениот град останал сè до војната во 1967 година, кога по израелската поделба двата дела се споени во единствена целина на денешниот Ерусалим, кој со изградбата на новите населби многу брзо се ширел по издигнатите ритчести предели. Оттука и се вели дека по површината што ја зафаќа, тој е најголем град во Израел и е најблиску до Јудејската Пустина.

Сепак, со тоа спојување и со масовното ширење на градот, речиси ништо не е изменето, затоа што тој и понатаму останува поделен како што бил порано на стар и нов дел. Стариот град и денес го сочинуваат четири дела: еврејски, ерменски, христијански и муслимански, кои се обиколени со ѕидишта од сите страни. Секоја страна е долга по околу еден километар, а целата ѕидна обиколка е од ерусалимски камен.

На места има блокови тешки и по 400 тони. Тука се и осумте порти, од кои секоја за себе има своја историја, свое значење, своја судбина и свое свето име. Тоа се Портата на Давид, Златната порта, Портата на свети Стефан, Јафа портата, Портата Дамаск итн.

Во текот на нашиот престој во Ерусалим бевме информирани дека Маслиновата Гора во Ерусалим е поврзана со преданијата за Спасителот  Исус Христос, кој „ќе се врати и ќе дојде овде да ги воскресне мртвите“. Според преданијата, тие што се најблизу до местото од каде што ќе доаѓа Спасителот, ќе воскреснат најбрзо. Затоа за да се купи место овде, за малата парцела за урната со посмртните останки се плаќаат по 5.000 долари. Странските државјани, пак, од кои во последно време сè почесто се изразува желбата „да почиваат во вечниот мир на Маслиновата Гора“, нудат многу повеќе.

Продолжува 

1slav kat Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

 

 

 

 

 

 

 

На прво место

News image

Поразите и понижувањата се секојдневие со власта на СДСМ

Поразите и понижувањата се секојдневие со власта на СДСМ. СДСМ потпиша договор со Бугарија во 2017...

Историја

News image

По список составен од Лазар Колишевски

7 јануари 1945 година, првиот ден на Божиќ, по список составен од Лазар Колишевски во Вардарска Маке...

Иселеници

News image

КОЈ БЕШЕ БЛЕР СКОТЛАНД – СОПРУГОТ НА ДАНАСКЕНДОВА? (12)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЕЌАВАЊА“ НА ДАНА СКЕНДОВА – ...

Култура и туризам

News image

ДЕЛОТО РАСКАЗИ „ЈАНА“ НА ЃОРЃИ ЛАЗАРЕВСКИ – СВЕДОШТВО ЗА МАКЕДОНСКАТА ВИСТИНА

Делото раскази „Јана“ на познатиот  публицист, раскажувач, писател, голем вљубеник во својата...

Фељтон

News image

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ИСТОЧНО - ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ – ДЕЛ II (11)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.